Пристигнале 149 патници од Авганистан…вест на годината. Македонија е инаку ако не сте знаеле црвен крст земја.
Денеска од личност која не ми е толку блиска слушнав "што си успеала ти во животот, само едно дете што си родила". Се скршив.
Колку е само во право Божо -------------------------------------------------- Прваче на времето: - Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот... - Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал - Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си - Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е - Толку! Прваче не толку порано: - Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час - Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери - Албум на Фејсбук “ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ❤ ❤ ❤” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо - Нема само туркање вода... Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон Корона прваче: - Цел ден гледа “Пепа пиг” и “Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција. Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше “Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”. - Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот - Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето -------------------------------------------------- Максиминимилијан Лео
Нов ден, нов месец, нов почеток.... Со лесно нека е. Со убаво изненадување почна. Ако според утрото денот се познава ова ќе биде одличен ден.
1 Септември е доволно убав и адекватен ден за да го исфрлите сето непотребно ѓубре од животот. Не ви треба.
Има ли поносталгичен ден од 1 Септември? Кога веќе не го слушаш првото ѕвонче, знаеш дека си подостарел Ехх безгрижни времиња .. кај сте сега?
По социјалниве мрежи гледам еуфорични луѓе ги испраќаат првачињата на првиот училишен ден, кратки видеа по интернетов и вести за некои настани/активности, во продавнициве куп тетратки, пенкала, разни ранци, возбудени деца и нема многу, со оглед на ситуацијата. А мене ми буди само стари спомени кога се тресев од трема пред секој нов училишен ден оти не знаев што ме чека, основно ми беше мал пекол кон крајот поради булингот. И ниту еден друг убав ден, убава училишна приредба или петка нема да го засени ова, едноставно никако не бледее. Вчера имав таков чуден флеш бек кога случајно вртејќи се назад во продавницата го видов училишниот прибор. А секако верувам и дека не сум единствена со вакви мисли. Чудна работа како овие негативни искуства се памтат со толку свежи, интензивни емоции за разлика од другите. Кога бев дете немаше некоја голема фешта кога тргнав на училиште, но секако дека постарите беа возбудени. Каде без туркање чаша вода на прагот и благослов од баба. Секој со своето во врска со фештиве, океј, ова навестува голем почеток и промена во животот на едно дете, но ќе ми беше мило ако малку повеќе се обрнеше внимание и на булингот в училиште наместо само да се турка под тепих овој вечен проблем и да си замолчуван дури и од страна на наставниот кадар. Барем во мое време беше вака, а не дека и сега гледам било какви нешта да се преземаат за да се подигне свест за ова. Сепак, ќе имам надеж во помлади е генерации и се надевам дека колку-толку ќе се искорени ова, иако не може во целост.
Ах, првиот училишен ден, се сеќавам кога тргнав прваче пред добри 17 години. Знам дека бев возбудена иако отприлика знаев што ме чека бидејќи претходно одевме една година забавиште. Немаше фешти и кај мене, знам само дека ме слика татко ми заедно со мајка ми за рака пред да тргнам, со оние апарати со кои треба филм да развиеш за да ја видиш сликата. Косата исшишана ко печурка и нови алишта. Немам убави спомени од прво одделение бидејќи ме седнаа до дете кое ми вршеше булинг, и физички и психички. Бегав од нашколо и моите едвај сфатија за каков проблем се работи оти не кажував. Па ме преместија со друг ученик. Убаво беше сѐ до седмо и осмо одделение кога истиов ученик со уште еден друг пак ми вршеа булинг, ама сеа само психички. А, и во меѓувреме едно дете од погорните одделенија ме натепа (just because he could), тоа го памтам како некни да беше. Средно ми беше подобро, релативно мирно, немаше од никого такви испади како во основно. За тој период осеќам повеќе носталгија, иако се разидовме по различни патишта со тогашните пријатели. Покрај сѐ сепак ме фаќа носталгија за први септември. Посакувам да ги имам тие обврски со одење на училиште и учење повторно. Посакувам да учам различни предмети пак, бидејќи ден денес не пронајдов само едно нешто што ме интересира, развлечена сум на различни страни. Среќен почеток на оние кои почнуваат со школо денес, уживајте и направете спомени на кои со насмевка ќе се сеќавате. И никако да не премолчувате булинг, ни врз вас ни врз некој друг. Последиците се трајни, trust me. Инаку, видов на фејсбук слики од една школска од основно како нејзиното дете веќе тргнува како прваче. Нека му е со среќа ама ептен стара се почувствував.
Колку и да не ја сакам есента, сепак го сакам септември затоа што секогаш ме потсетува на нов почеток. И е идеално време за остварување на соништата П.С. Малку се шокирав кога сфатив дека мојот прв училишен ден беше пред цели... 22 години
И повторно откачувам на муабети од типот.. ' и ти ќе бидеш мајка, и ти ќе бидеш виновна за се', да си знаеш уште отсега ' во една фамилија Жената крепи, мажот носи, а жената е таа која што треба да среди, зготви и сл' ' Прифати ги фактите или ќе страдаш' ' Детето е лошо на мајката' ДОБРО КОЈ ВЕК СМЕ? АЛООО, зошто жената не стапне на нозе цврсто и каже НЕ на ваквите тврдења од 10 век. Боже, малди мајки со какви размислувања
Се ме боли, ах таа проклета болест, заради неа се вакцинирав и сега трпи, е па трпи... Кога ли чумава ќе ја наречам минато?!
Толку само ми е досаден животот, ми изгледа како халуцинација. Едноставно се осеќам изгубено и испаничено, толку многу хобија, работа, школо и зафатеност, и сепак се осеќам како да не постојам. Колку само мразам што пораснав изолирана, сега комуникациските способности и самодовербата ми се сведени на нула. Единствено што навистина ме загрижува е како ќе го поминам остатокот на животот, како што сум вака социјално закржлавена. А да се соочувам со лажни фаци повторно, не доаѓа у предвид. Е*aте и пластичните лица и срца - такозвани другари.
Први септември,за едни радост,за други убави спомени,а за трети кошмари. Јас сум од третиве.Ми беше неподносливо и во основно и во средно. Ми требаше време да закрепнам. Сега сум посилна и знам кој и што вреди повеќе за мене. #неимдозволувајтедавескршат
Почна омилениот период од годината за мене, есен те чекам! Менување на работно место од утре... Малце ми е трема, уште од вчера пред спиење си ги раскажувам воведните зборови со учениците. Не знам кој ќе биде повеќе уплашен јас или они Ајде нека ми е со среќа, возбудена сум како јас да почнувам со учење И уште нешто... Малце сфатив дека немам многу проблеми. значи кога ќе се случи нешто полошо си викаш ќути добро било.
@Indiegurl и јас сметам за себе дека пораснав социјално изолирана...не дека не се дружев со деца ама се соочив со bullying, лицемерие, завист, се по ред уште рано во детството. Точно е дека ова остави трага врз мене. Но, сакам да ти дадам надеж и утеха дека со работа на себе и кога ќе отидеш на работа кај што има ок луѓе, ќе си развиеш вештини за комуникација, ќе оставиш убав впечаток и ќе ти расте самодовербата. Ќе бидеш во ситуации каде што за да постигнеш нешто ќе бидеш принудена да комуницираш, да контактираш луѓе кои што можеби и не те знаат ама сепак ќе ти завршат работа, или ќе ти помогнат во заедничкото работење. Ова ни најмалку не е лесно, ама после секоја ваква мала победа самодовербата ќе ти расте, верувај ми за ова. Од лично искуство знам дека сум многу поразлична и многу напреднав отколку пред неколку години кога ги имав истите мисли дека нема да можам да го направам тоа. На крај испадна дека не сите луѓе се такви како тие што сум ги запознала рано во детството. За секоја ваква случка запишувај си како листа на мали победи во животот, убави нешта што ќе ти ги каже некој и ќе те пофали, и кога ти се вртат вакви мисли прочитај си ги пошто сигурна сум дека ќе имаш многу убави моменти наспроти малку ама неубави. И поради тоа што мозокот ќе се фокусира на таа една критика што ни ја упатил некој, прочитај си ги сите убави што ти ги кажале. Се надевам за некое време кога ќе погледнеш назад ќе видиш дека многу си напреднала. Има и книги за комуникациски вештини кои би можела да ги разгледаш...ќе наидеш и на луѓе со кои ќе се спријателите тогаш кога најмалку очекуваш. Прочитав и дека имаш многу обврски што сигурно ти прави стрес и моментално сум во истата ситуација. Се надевам дека со рутина, добар сон, но и одмор и правење на работите кои што ги сакаме ќе се снајдеме во овој хаос...