Ама нејќеме сите исто- јас нејќам торта. Чекај- дали само јас нејќам торта? What is wrong with me? Ќерка ми нејќела мир Во право си за технологијата, секако. Кој го изгледа документарецот и зошто не?
Па ставам да ама не тврдам ко тебе дека треба грижа на совест да имам поради некој шо нема пари.Ти ем збориш за осет ем си најредовна со слики
Зошто би му сметало на било кого, ако некој сака да си направи торта или да си порача торта за своето дете за било која пригода? Ниту ќе ве тера некој да му ја правите тортата, ниту пак ќе ве тера да му ја платите. Во вакво време на пандемија во кое сите поминуваме низ пекол од различен поглед, замислете само како им е на децата кои тргнуваат во училиште. На нив најголема штета ќе им остави сето ова што се случува, бидејќи тие се во сензитивен период од животот. Ако детето се радува на торта, родителот ако сака може да го изненади. И онака мала радост во вакво време, може само малку да го намали ефектот на сето она кое им нанесува штета во нормалниот развој. Глупаво е да му пречат некому вакви несуштински работи.
Кога животот е ставен на тапет, треба да се носите и со критика. Во глобала, освен вашите најблиски, никој не го заболе што правите, што имате, што сакате, а и никој не го заболе вашето дневно споделување на слики од било кој сегмент од вашиот живот. Всушност, за кого споделувате секојдневно слики и моменти? Јас ќе одговорам, за оние што сакаат да јадат бабури. Така да, или гасете социјални мрежи и уживајте во интимата на вашето семејство, или не коментирајте, за другите кои коментираат, затоа што пак ќе коментираат, а со тоа и вие ќе коментирате. Или кратко кажано, коментираат кога даваш дозвола. А даваш дозвола кога го креираш својот акаунт. Ако сакате мир, спокој и тишина, интернетот не е место за вас.
Поентата е дека нема врска и е пишано на мајтап ( моето). Ни имање торта, оти не беше тренд за прваче, не не напрај поарни, ни пак ќе ги испусти следните генерации. Знам дека ќе сакам прваче кога ќе имам да обележам некако, али торта не е нешто шо сакам. Ама забава со другарчињата и да му делам тетратки - bet on that. Оти е важен момент за понатамошниот живот на детето. So let people be people и нека прат harmless работи за забава. Се за забава шо не штети прајме на дневно ниво. Така и ова.
Што измрчев јас конкретно? Т.е мрчев, затоа што се буните за оние што мрчат, а давате повод за мрчење преку социјални мрежи. И ако толку те заболе за тие што мрчат, што мрчиш ти на темава?
Оти уствари само глуми дека не ја интересира што мислат другите Стварно да не им е гајле, немаше да се тригернуваат тука на мислења на форум небитни
епа ај ке мрчиме сеа и за твојот лахмаџун у фемина инстаграм.Никој не го заболе за него али ипак си го стаила да го видиме.Ко така шо вас ве заболе за туѓа торта и дете @Celltica ти си стаи ли слика профилна на фб дека си вакцинирана
Зошто да ми го мрчиш лахмаџунот, ако не те заболе? Што всушност имаш против мојот лахмаџун, јеботе? На форум сум инаку. И пред да ми пишуваш за деца и торти, прочитај поубаво што имам напишано.
До моментот ништо да не објавуваш да не се најде некој засегнат и навреден, до моментот да сфатиш па ако не објавуваш што мајка бараш на таа соц.мрежа, па се деактивираш, па до моментот ама кога ќе излезеш ќе бидеш видена од накоја која може да ја повредиш со своето витко тело/ тело со убави облини/ бујна коса/ милениче во рака/ диплома од дента на доделување во онаа тутурутката во рака може да ги навреди тие кои не можеле од х причини да се стекнат со неа итн. итн. па да иде момент да сфатиш и те убедат бурка само врз тебе и така натаму со апокалиптичново сценарио За тортата не искоментирав и пред некој ден кога ги видов дискусиите зошто не ме тригерна ни тоа дека некоја спремала торта и бтв сликнала 263940766 слики од неа и објавила кај стигне исто така не ме тригерна ни тоа дека некоја спремила торта и не објавила и си ја изеле дома и не ме ни тригерна некоја која не спремила и мисли нема потреба од тоа. Секој има право да напише што си мисли и да си преречат луѓе меѓу себе нема ништо опасно доколу е на ниво на конструктивна дискусија. И нема правило што е индивидуално исправно за почеток на прваче, дали да (не) се прави торта, прослава итн. И во ред ми се и споредби во наше време и сега, тоа не обележало нас како генереација и ни останало во спомените, овие сега друго ќе ги обележи како генерација и на наши години и тие вака ќе си кажат за идната генерација и така оди тоа. Една генерација си оди со свои нишани, какартеристики, навики, друга доаѓа. Работава е да успееме да ги научиме што било исправно во нашава генерација да го наследат и стекнат како знаење да бидат понапредни и посреќни од нас, макар и среќа носела една било каква торта на почеток за прваче или не @Biljarkata вика ноу торта, а не вика има и вегетаријанска и без глутенска и секаква според потреби и вкусови денес, јер 21век Кај спомнавте за торта ми се пријаде ќе си пукнам ај од утре некој ден ќе си купам парченце само да не претерам со сета наеднаш