Можеш се да ми згрешиш и да не ти фали влакно од главата ама пробај изеди ми нешто од фрижидер што сум наумила да го јадам .. особено во пмс
Го однесов лаптопот на преинсталирање и одма ми текна што филмови имам на листата за гледање, ми дојде инспирација да цртам во програмата, да си ги разгледам сликите од порано...
страшни работи се случуваат ова отиде во неповрат. Добро има ли некој лекар медицински персонал што знае да си ја работи работата и да ја извршува должноста? И мајка ми ја изгубив поради лекарска грешка. Се плашам некој ден да не лежам во затвор затшо ова не се трпи
Излегов како човек, се вратив како стока. Другар раскина шеснаесетгодишна врска. Се начука, ми направи инцидент. Ај океј тоа ќе поминеше некако, ама од друга страна ѕвони извесна X VIP персона, сакала документот во hard copy верзија три примерока до УТРЕ. Уредно платила она, била битна...Акцент на БИТНА. Со други зборови, ако не ми завршиш работа ќе ти направам лоша репутација за даље. Комплекс на виша вредност, ало се слушаме?! Налет. Некогаш ми доаѓа да фатам усвет и никогаш да не се вратам. Извинете за енергијава, ќе помине до утре. Ама дур помине вријам. Плус ПМС.
Ако морам да издвојам едно проклето нешто што од такт ме вади кај балканскиве родители е немањето апсолутно никаква граница. Мора сѐ да знае, мора секаде да се смеша. Па ти ако сакаш и 5 и 55 години имај, ќе те третира до сам крај како неспособен и како да не знаеш доволно сам за себе, па мора друг да ти дава памет. Ако си родител, не значи дека имаш право да диктираш нечиј живот и одлуки.
Парталите и самостојно живеење. Како ќе се меша ако се гледаш еднаш-два пати неделно на ручек и не знае што ти се дешава во животот?!
Отсекогаш наместо “глуп” викав “ненаспан” ама овој пат морам да кажам г л у п ! Претешко е односно невозможно да се разбере човек, значи до толку да не сфаќаш не ми е јасно, до толку да не можеш да сфатиш нешто, барем пробај напрај ко што викам и можеби ќе сфатиш ама не он глуп и не ја сфаќа поентата, просто се чуди што му викам да напраи! Крај краева не знам ни зошто се замарам кога и онака не ме засега мене ама кога веќе бараш моја помош навистина мислев да се потрудам да ти помогнам ама нема глуп си е глуп, не знам зошто се замарам јас. (не зборам за маж ми да знаете вие што ме знаете па пренесувате по комшии, за швалерот е ова)
Уште да можеше секој да се осамостои кај нас, божем ние Шведска сме каде државата ти дава стан по 18-та година за да живееш самостојно, а не држава каде во дом живеат по 3 генерации фамилии, каде уште родителите твои не се осамостоиле и едвај чекаат 1-ви за да земат старите пензија да го прогураат месецот, а не па младите да се осамостојуваат. И тие 90% што се осамостоени се со помош од тате кај нас, па се молат тате да не им се меша многу у живот зошто тој им купил стан, кола, и работат во негова фирма која ќе ја наследат по негова смрт, а обично им се меша затоа што цел живот пак тој ги финансира.
Теоретски може да се живее под кирија нели, па на тој начин веќе не зависиш од родителите и можеш да ги откачиш....се додека не ти се деси нешто или скраја да е загубиш работа. Тогаш молење за назад ќе треба, па побетер на глава ќе ти се качат. Е сега некои луѓе немаат среќа во лотарија, па им се паднале нарцисоидни забеготини, што не ги поддржуваат во ништо, па ако си отидеш нема враќање. За нив е тоа напуштање. Затоа е калкулација, го ставаш ризикот да останеш бездомник наспроти тоа колку срање можеш ментално да издржиш. Знам дека не се работи за екстреми тука, само размислувам на глас.
И ова е дискутабилно колку можеш во МК да си приуштиш да седиш под кирија, а да не делиш смештај со цимер/партнер. Сигурно продавачка во маркет со 18к плата не може да си приушти такво нешто. А знаејќи какви се платите кај нас, и тие со високо образование на старт имаат слична плата со оние во маркет, а многу од нив плафон им е просечна плата во МК. Интересна тема е ова за дискутирање, колку пример треба да имаш минимални примања за самостоен живот кај нас, посебно сега кога цените се до плафон и кг домати се 80 денари во лето.
Факт е дека ако немаш побогат роднина (најчесто од странство) кој по своја волја сака да финансира и да те поттурни ете, осамостојувањето е многу тешко во мкд. Сакаш нејќиш мораш да седиш со цимер/и за да ти остануваат малку пари настрана. Сменети се времињата, животот е скап. Порано ако можело само еден да работи во фамилијата и да има доволно пари за сите, дури и на одмор да одат еднаш годишно, сега ни за еден човек не стасува тоа. Дечко ми работи свој бизнис и тоа што го заработува само за него му стига. Јас уште барам работа (тешко оди), им помагам дома на моите со нивната и тие ме финансираат колку толку. Парите се најголемата причина што уште двајцата живееме со родителите, едноставно немаме доволно уште да се осамостоиме. Дури и кога ќе се собериме малку пак ќе мора кредит да се земи. Инаку кој не би сакал да е осамостоен, да е слободен и никој да не му се качува на глава? Особено постарите генерации што имаат комплетно поинаков мајндсет од младите.