Па додека зависиш од родителите ќе ти се мешаат, дури им бараш 100 ден за цигари ќе ти се мешаат, тоа викам. Да се осамосталиш е тешко, но не е невозможно, зависи кој колку е спремен да се вложи и на некој начин да си го купи мирот.
Лудост е да сакаш некој што те повредува, но уште полудо е да мислиш дека тој што те повредува те сака.
Must read-студија за социјални апки и нивен импакт врз психолошкото здравје. Инстаграм води. https://www.psychalive.org/worst-mental-health-instagram-facebook-youtube/#text=Instagram was found to have,anxiety, depression, and loneliness. Сдк, шо ни убава Фемина, вака без апка, без бреин-вош ефекти ...или јас дека кратковида, некој филтер имам
Нај(НЕ)зависни генерации 86-99. Нека ни е наздравје на сите со 18+ што заглавивме под ист кров со родители, баз шанса за солиден живот и самостојност. Cheers!
Сакам да кажам дека на жена успехот никогаш не и се простува, за жал. Вчера еден малецок лик успеа да ме потсети на сите борби, на сите идеи, контакти, учења и усовршувања, кога гледајќи ме на еден семинар ме нарече : "што бара таа кокошката таму", во миг додека јас стоев до телефонот на неговата соговорничка Фала му... Ми даде мотив уште повеќе да се засилам, а тој да ги брои само боите на моите пердуви кокошкести од далеку.....
Некои завршуваат факултет па се вработуваат по 6 години, некои стапуваат во брак на 20, па на 40 се разведуваат, некои пак на 35 год. стапуваат во брак зошто сметаат дека тогаш ја нашле вистинската личност..... Значи не е ниту прерано ниту прекасно и кај сите е различно
Срце или мозок, срце или мозок.... вечното прашање, што да се послуша. Посакувам да бев доволно храбра секогаш да си го слушам срцето. Ама мозочето секогаш ми се буни.
Што убав закон донеле за пластичните ќеси. На македонците само по џеб кога ќе му рокниш се менуваат во навиките.
Никогаш од досада и од очај бидејќи сте сами, не ги спуштајте своите критериуми! Не можите од СЛЕПЕЦ да направите ПРИНЦ. Запамтете: Секоја ефтина роба привлекува многу муштерии! А вие секако, не ги сакате туѓите отпадоци или нешто што секој го има, барем јас не.
Јас би ти рекла да не дозволиш некој да те направи сурова и полна со бес. Колку и да сакаш да му вратиш на некого со иста мера, никогаш не вреди да се изгубиш самата себе како личност. Нема поголема одмазда од тоа што ќе те изгуби, а ти ќе продолжиш среќна и задоволна.
Се согласувам ама па, од што сум многу фина со лошо ми се враќа. Е сеа веќе роговите почнаа да ме чешаат .
Доколку некој те повреди само повлечи се и не давај втора шанса нема подобрад омазда од тоа да изгуби личност која била искрена и со чиста душа .
Абе пустото, од еко френдли и кравите требало во вц да одат, не на земја да мочаат. Со кесите и кравите ќе се реши проблемот Spoiler: Во кравите е проблемот https://www.bbc.com/news/world-europe-58552651 Они во меѓувреме може и од чернобил отпад да увезуваат