А да не се случајно различни тие македонци? Ко демек македонец е електричен уред, па боже ме сачувај ова е фрижидер, не може да биде тостер.
Се будам околу 2.30 ми се пиеше вода. Секогаш имам шише вода до креветот. Како око моје никаде нема, една светлина,друга,трета и одеднаш кога загрме ау си помислив “Како ќе идам на работа”. И уште не е стишено,силно светка и грми. Овдека ниско светка, громот го допира тлото,а грмежот ги тресе прозорците. Тоа е,цела недела вака после ќе огрее сонце.
Убаво е чувството кога си физички активен, макар тоа да е гроздобер... После напорен работен ден следи пријатен умор и длабок сон.
Секогаш ми се појавуваат измешани чувства после ден поминат со омилените луѓе. Од една страна се чувствувам исполнето што сме поминале убаво и општо што ги имам, а од друга ми се појавува ко празнина и ми недостигаат, сѐ до следната средба.
Ептен ми се смешни со кампањиве како предизборно се силат дека ќе се потрудат младите да не си одат одовде. Дури и да не сакаш, некогаш принуден си да си одиш. Не е само до „неработниците“, „флегмите“, „паразитите“. Има многу вакви, знаеме сите. Ама секоја искра страст, амбиција и желба да напредуваш на секое поле, да постигнеш нешто и да направиш нешто од себе ти е изгасена и помножена со нула. Млад човек овде и да сака да полета, друг крила му сече.
Мхм, коа сум околу лицемери,а и по некој социопат и психопат ми доаѓа вака по некад слаб желудник по да праам
Пијаницо да цркнеш во најтешки маки, нека ми прости господ што колнам, ама се надевам гледа и ќе врати, ако воопшто постои некоја правда во овој живот
Мрш бре.... извинете на вулгарност . Како станаа луѓево толку бездушни.Еј, душата си ја дадоа на ѓаволот за пусти пари .
Треба да се забрани сменување на профилна слика на Фемина. Таман сум запамтила некои членови по слика, они ја сменуваат