Дали сте вие озбилни? Симит погача е закон,изгледа вака Spoiler: спојлер Лепче со парче празен бурек. Ме лажеле дека е Скопска направија, ко што може да се забележи од сликата во прилог. А може и не ме лажеле
Колку само станав алергична на пијавици од луѓе. Порано викав 'да' на секоја покана за излегување, поради тоа што мислев дека им годи моето друштво. Сега, кога сфатив дека излегувале со мене затоа што тогаш немале со кого, се тргнав, и кажувам НЕ на се и сешто, без разлика колку осамена се чувствувам. Со сите сили одбегнувам излегување со луѓе, запознавања затоа што знам дека кога се зближувам со одредена личност, на тоа после некој период ќе настапи слепа улица, е тука е крајот.. А интересното е тоа што никогаш не завршило поради моја иницијатива. Сакам да се преселам некаде далеку од тука, и никогаш веќе да не се вратам, сакам да ја избришам целата меморија од местово, ништо свето не остана. Убави спомени со грди луѓе..
@Billy Idol Според мене бурек е со урда, месо или урда и спанаќ. Бурек со нутела, омг ноу ноу . Босанците ми се посебни и смешни особено што имаат имиња за секоја варијација на едно јадење. Тука некаде се и Хрватите со нивните "про-хрватските" имиња. Во Македонската традиција која се разликува од село до село, бурек се прави со урда, спанаќ и урда или месо. Ако е со праз тогаш е зелник. Всушност филот варира по желба, а разликата е во начинот на подготовка на корите. Истотака морам да напоменам дека има разлика меѓу бурек и вртена пита (т.е. според баба ми - мазник) односно питата што изгледа како Wi-fi сигнал. Вака изгледа бурекот А ова е вртената пита (wi-fi, т.е мазник). Моето омилено месено јадење. Се јадат само они или во комбинација со јогурт, павлака или кисело млеко. Ако се домашни и овие продукти ефектот е јадење додека ми збира стомачето. Сок пијам само домашен свежо цеден од домашно овошје и зеленчук, купен не. Имам пробано но не ми се допаѓаат и не сум се напила газирани продукти 15 + години. И така, цела филозофија за бурек, вртената пита, зелници, и останати месени работи. Утре ќе ги засукаме ракавите бидејќи ме настрвивте . P.S. @Okica те чекаме со рецепт
Го паметам денешниот ден, јас облечена во бело, невеста, која со возбуда и со надеж застана до него, делејќи добро и лошо овие изминати 14 години. Денес е радосен ден, а утре.... Утре среќата претворена во тага, радоста во болка, безгрижноста во чемер и јад. Зар мораше Пресвета Богродица да ги земеш тие млади луѓе кај тебе? Толку млади, животот пред нив, а отидоа... Знам дека за се постои смисла, зашто вербата во Тебе не ме напушти никогаш, силата на молитвата се преточи во спасен живот. Благодарам, за неа, а нив чувај ги и дари им спокој и мир во душите...Мене ми остануваат само спомените, чуварите од вечниот заборав и убавото и трагично сеќавање на една свадба.
Незнам дали те лажеле ама во многу градови во Македонија не знаат што е симит погача, па од тука произлегува мислењето дека е Скопска направија . Инаку на Бит Пазар е најубавата верувај ми Рецепт,за жал треба да си "вешта жена" за да ја направиш дома. Ја купувам кај ќе стигнам и бирам симит погача на годината
А од кај знаеш дека го мијат спанаќот? Мене ми ствара одбивност тоа што не знам дали го мијат. Шубав светов, шаренила од луѓе.
Дечко ми цел ден се радува што му пуштиле прва плата, а уствари платата си ја пуштиле сами во фирмата што ја отворија со неколку колеги од факултет. Не го можам, и уште ми вика па брзо стигна платата за еден ден ни стигна (^.^)(^.^)
Хахахаха секако дека сум среќна, само смешен ми е што цел ден си се радува на платата, а сами си пуштиле плата.
Секоја чест што си отвориле своја фирма, да си се радуваат на првата плата и да си ја трошат за убаво.
Мене ми се поубави новите варијации на бурек, во ГТЦ има бурек со стек и кашкавал, во една пекара на рекорд има со ајвар и сирење, сум пробала во специјал бурек со зденка и маслинка, поубави ми се тие од стандардниот бурек со урда или месо.
Кога сме кај бурекот, јас го јадам со кисели краставички бидејќи не пијам јогурт. Пробајте..нема да згрешите.