Она кога облекуваш ripped фармерки, со дупки на колена и ногата, место во ногавицата, ти излегува низ дупката.
Настинав. Зедов боледување од вторникот. Едно трчање по доктори, па брз тест, па нз ти што. Се уморив веќе. Не е ковид. Ајде бактерија, демек. И чекам. Со шефот си пишувам на фб, и дај му велам број да се слушнеме. Ајде. 'Ама ај те молам еден меил до ејч ар. Ти, добра си? Зошто не ми кажа еден ден претходно?' Јас треба да знам дека вчера, ќе се разболам за утре. Е ај, молимте. Исто и денес треба да знам за во понеделник дали ќе одам на работа. Не можам да дишам, едвај зборам. Алоооо! Колеги, колешки не постојат, а заедно сме во автобус. Жими еден се јави. ОК. Tell me. I live in fantasy. Сакам дружељубиви луѓеее
Сакам да кажам дека сум премногу возбуден и сега пишувам од лаптоп што го купив пред неколку саати. Цело лето работев, заштедив доволно пари да купам скап лаптоп и конечно да се фокусирам на курсеви и да работам како Софтвер тестер. Премногу се радувам за себе си што постигнав олку, но тука не е крајот!!!
За да не сум поќе како престимулирано маче, си купив затки за уши. И ко ми требаа најмногу заборајв кај ги пикнав.
Пишувајќи во друга тема за факсот, сега се сетив дека последните две години воопшто не плаќав административна такса. На почетокот плаќав преку мобилен и ни стигаа кодови/шифри( појма немам како е сега) кои ги внесувавме во пријавите. Ги пишував истите неколку пати, за да после ми се смачи па почнав да си ги измислувам. И така заштедив некој денар од скромниот студенски буџет.
Порано, лоповите бираа кого да го ограбат. Денес, народот сам бира кој ќе го ограбува. Некои тоа го нарекуваат избори. ПРЕВЗЕМЕНО ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗАЕБАНЦИИ
Само мајка може да те утеши и смири кога се чувствуваш безпомошно, иако длабоко во себе знаеш дека нејзините зборови се премногу ентузијастички и нереални, можеби е до гласот, можеби е до мирисот на нејзината прегратка ….
Прееска, одам по пат со мајка ми, и гледам како другарка доаѓа во моја насока, од далеку ме виде, дури и ја одпоздравив со рака. Додека се зближувавме ја отвори ташната и разбаруваше нешто во неа, ми фрли поглед, па ја викнав по име, иако бевме оддалечени неколку прсти. Ме погледна пак па си продолжи по пат. Останав без зборови, а мајка ми беше у тотален шок. А само пред некој ден ми прати порака, се беше најнормално. Што се дешава?! Многу сум навредена од ова, не ми се верува..
@темјанушка Веќе не се плаќа административна такса на факултетите, од 2019та мислам дека се укинаа таксите. Зборам за на УКИМ ова.
Знаев, ама видов дека и они не се замараат со таксите. Не ме фатија. Уплаќав спортска пред испит со комбинациите на бројчињата. Дипломирав 2018.