Имав и у една др. тема пишано здрава самодоверба не е шала, се гради со години и секој ден. Нека иди да ми кажи некоја јас сум брутално искрена на неконструктивна основа очигледно тенденциозно да и се искезам во фаца Брутално искрена ма масакар очекувам и ќе го сфатам како конструктивна забелешка и прифатам, си имам од кои особи тоа, убаво погоре објаснија што е замката со ова. Епа одма на бајач да се јавиш, ќе те среди ни страв ни бутур ќе си, после и ти на сите брутално искрен без став и срам има се да си кажеш
Дајте ми кревет,перница и ќебе и изгасете го светлото ве молам. *пола саат го барам смајлито што спие За тишина не мора,сама ќе си ја створам.
Ок ти велам зависи како ти ќе си го прифатиш. Јас порано тантруми у себе имав кога ќе ми речеа пуничка си или колешка кога ми се избаци со муабет другава ми кажа за тебе секој ден јадеш тоа и тоа од таму, па арно што идеш со точак на раб. иначе ќе беше- описи под назив јас сум брутално искрена. Така да сега слободно нека ми рече било која дебела си, ма ова си она си, зар не е така, ќе земам и ќе плачам? Има и наменски тенденциозни бе еве како другарка и најдобра на членката погоре и тоа е, мене таа не би ми била најблиска у иднина. Има години, има фази, има ситуации кога се од секого не допира, неоспорно е тоа, ама колку ќе дозволуваме да не допира и од кого е наш личен избор.
Ова е како треба да постапиме кога некој те понижва, точно. То не значи дека овие другите се за оправдување шо е основата на то шо го напишав како почетно „сакам да кажам“. Поќе е како луѓе само да се потсетат шо значи фразата, за шо се користи и кога. За да можат да применат нешто поќе, дел шо, веќе го спомна. Да си ја земат силата назад. Ама изборот не е толку изи пизи оти неколку особи можат да го напрат. Многу не можат. И на тие другите им треба потсетник дека не се сами и потсетник шо е токсичен образец. Само оти икс особи надминале нешто, не значи дека е прелесно за надминвање и секој можи.
Па искрено не сум јас, еве јас сама се ставив за пример, за се способна, самоспособна да се изборев или изборам. И јас на тоа алудирам дека треба да си изградиме здрава самодоверба. Еве јас не кријам како ме потсетиле дека ја имам и да ја доградувам, на психолог. Јас немам зошто да кријам, за разлика од многу што ај ќе трпам, нели не можи секоја и ќе дозволувам и шуто и рогато да ме става во уста, онака за забава или од ним добро познати причини, не ме засега кои. Ама да бидеме реални идење на стручно лице, несогледување дека сама си ''слаба'' треба помош е покажување слабост и таму у канцеларија те чека Баба Рога. Муабетот не ми е да омаловажам никого особено ако еве некоја сама и лесно се справила, како демек сега таа поголеми ташаци има од некоја како мене што побарала помош или и двеве категории најташаклии сме од тие кои ќутат и трпат. Да се задржиме на темата, има начини, се се може ако се сака и се знае како соодветно да се побара помош ако е неопходна и на кој начин да е понудена. Тоа мене што ми помага, може тебе не и обратно.
Уште појаки ми се брутално искрените ама со акцент на 'јас многу ценам искреност', па кога ќе им дадеш a taste of their own medicine липтаат во себе и не можат да ти простат еден месец. Имам една таква во животот, еден месец сме супер, наредните три не се гледаме.
Потполно се согласувам и многу јасно ми е што ти беше првичната намера и со неа се согласувам, ама јас сум од типот што за мене лично побитно ми е да се ослонам на себе еве и во соработка со стручно лице отколку некоја да ми отвара очи. Зошто утре таа еве како во случајов погоре што спомна членката може исти финтици што и ги сервирале мене да ми ги сервира, па стварно да почнеш да се сомневаш во себеси. Нема везе нерелевантно е, а и влијаат многу шумовите у оваа комуникација, често на нив се ослонуваме и оде воз у кукуруз. Поентата ти е добра и сама знаеш.
Не знам дали е до мене, ама одредени луѓе тука, па не само тука, еве и во реалниот живот мислејќи дека рушат табуа за секс, прават уште понезгодно да се осеќаш да збориш за тоа. И не мислам на манијаци или некаков вид на навидум сексуално вознемирување. Ќе прочитам овде оти што знам, жена у принцип секогаш можела да сврши и едно 50 пути у еден ден, а маж многу помалку или слични факти и дека е никако поинаку и само ме тера да молчам дека такво нешто немало кај мене и почнувам да се прашувам дали е се во ред со мене, дали сум доволно "женско", уште повеќе ми е страв да прашам оти се плашам од коментари од типот - не си го познаваш телото, имаш проблем, не е нормално итн итн. И си ќутам наместо да кажам свое искуство зашто се осеќам дека отстапувам од тоа некое правило. Оти фактот дека "секое тело е различно" никако не доаѓа у предвид тука. Ќе прочитам оти е сосем нормално да си имала 10 партнери и повеќе и не е срамота тоа и треба да се изживееш и да не остануваш со првиот иначе си за жалење и оди кажи дека со еден и прв партнер си поминала 5 години без да осетиш анкзиозност што ќе бидат коментарите - дека си глупа, неизживеана, на еден кур ќе останеш. Или па ќе се осмелиш да споделиш скромно сексуално искуство и тука одредени чија првична намера била да рушат табуа те прашуваат до детали, па зошто, па како, па се каеш што воопшто си кажала. И ова од девојки што имале можеби за цел да те охрабрат да зборуваш за тоа. Не се рушат табуа со цврсто држење до одредени принципи кои се само спротивни на оние кои се сметале за срамни, па ајде ние да се покажеме слободоумни ќе одиме у сосем спротивни крајности и никако не прифаќаме различно. Можеш да рушиш табуа и со почитување на туѓиот избор без разлика што истиот се поклопува со некои општествени стандарди ако на личноста така и одговара и не ја повредува. И таа шо помалце свршувала од некоја друга, и таа со еден партнер и таа шо не споделува многу...не се секогаш затуцани, испрани, замолчени, или да не си го знаат телото.
Сакам да кажам дека и после толку учења на теорија никогаш во школо ниту средно ниту основно не не научиле на која страна се пишува на пликот испраќачот и примачот...еве уште барам и се думам дека ќе утнам нека ме просветли некој
Што им е толку тешко на онлајн страниве да напишат димензии за тоа кога ги прашуваш?Кај за се што те интересира мора посебно да им пишеш порака за цена, па не можеш ни да знаеш колкаво е нештото што сакаш да го купиш зашто не ти кажуваат.
Сакам да соберам храброст за да прекинам токсични врски сама. Обично оставам да стане толку токсично што они раскинуваат. Ич не е здраво, али немам храброст.
Баш вчера порачував дуксер и мораше посебно да ми праќаат димензии бидејќи не сакам да земам грешен број па да препраќам да ми сменат итн. Многу многу ретко да сретнам страна каде има пишано и цена и големини и димензии на тоа што го продаваат.
Секогаш сум била јака, јака за себе, јака за блиските. А блиски сите ми биле. И жената во куќата карши нас што живееше кога бев дете која беше напаѓана за 'чопорот' кучиња што ги хранеше, како мало прцалче се борев за тие кучиња. И тие блиски ми биле. Се сеќавам седев на маса, баба ми става ручек, јас земи скубни мевце и во џеб, додека ја местеа трпезата замина цела кокошка, заминав и јас кај комшиите. Па како сега ми се пред очи, во уста им ставам од месото и жалам што немам повеќе. Мене ми кркори желудникот, ама полна ми е душата. И така и пораснав. Никогаш ни сум се истакнувала, ни сум правела нешто за титула и престиж, онаму кај што сум осетила љубов, сум дала се од себе. За возврат, пред спиење само барав од некој горе се да ми е здраво и живо, сите блиски. А јас сите блиски ги осеќам. Не се променив со време. Напротив. Времињата станаа премногу тешки, запознав и уште многу блиски на кои им требав, а и ми беа потребни, најдов и фамилија, цел чопор блиски. И заедно се држевме. Кој колку може и има. Најмногу даруваше оној на кој ќе му заблескаа очите со солза благодарница за еден леб, од најефтините. Тешки времиња, ама заедно се може се. Со најефтиниот леб, ама со најскапото во душата. Со љубов и добрина. И некој пропатен ангел како што си ги викам јас тие чисти души што прелетале да помогнат некогаш баш кога ќе нема излез, како еден ангел од тука, кој кога мислевме дека нема, ни ја покажа светлината Но блиските почнаа да ми заминуваат, а јас веќе не можам сама да носам толкав терет. Теретот на нивниот спомен, теретот на непреспиени ноќи поради тага и неспокој. Полека, како сите да ми одлетаа. Ми кркори желудникот, но овој пат ми крвари и душата. Не можам повеќе, немам сила, неправедна е кармата, универзумот кај мене измешал нешто. Не е ова искушение, ова е срање, се откажувам, нема ништо посилно од нас, нема правда која ги стига сите, нема никој што ќе ти врати како си правел тоа да си добиеш, се е лага, измислица и толку, она хиперактивно, смело и насмеано девојче го снема, гледам дека го нема, само ќе се претопиме во масата на сите исти лица, ќе си кукаме за се и ќе се го чекаме судниот ден. Зошто повеќе воља за друго се нема.
Овоа хардкор вернициве се уствари најнеспокојни. Само ќе кажам: изгладни го егото и нахрани на душата со мирољубие.