Не девојче ти си таа што треба сериозно да ги согледа работите.Не знам кој ти го испрал мозокот па доаѓаш со сите овие небулози за вируси, за брисеви и за хронични болести во кои си длабоко убедена и мислиш дека револуционерно размислуваш, ама за твое добро врати се во реалноста.
Факт е дека денес треба да се храниме поздраво , опкружени сме со секакви глупости за јадење, па понекогаш и забораваме дека тоа ни штети. Веќе ни стана навика да јадеме глупости. Тука си во право. Ама не се согласувам со делот за докторите и дека се сѐ лечело со здрав начин на живот. Едноставно не може ти да излечиш некои болести без разлика колку здраво се храниш и си физички активна. Пак ќе мораш да бараш спас во хемијата, т.е лековите. А тоа за погрешно препишани лекови, затоа се следи состојбата на пациентот, се прават анализи, па ако нема подобрување одма се дава друга терапија. Ова зборувам за хроничните болести.
МРАЗАМ продавници што откако ќе ти продадат производ на кој му фали одреден дел, наредниот ден одбиваат да ти го заменат! Извини Славице што не ја отворив кутијата во продавницата истиот момент за да пребројам делови..
Има бре девојко, сведок сум била, само дали мислиш дека вреди човек на испрани мозоци кои веруваат на сзо да се кажува таква опширна инфо? Не се секирај знам дека намерно го пишуваш ова како тогаш што ме праша за ешерихија како сум ја излечила и напишав во темата имаш некој демант за тоа? Да не се мачам да пишувам за дијабетес узалудно.
Блазе и на државава .. саде експерти Баце батали тоа докторите сите со врски *врти инстант 194 кога и паѓа лошо на лето* Обично нутриционисти праат вакви муабети за да привлечат клиентела. И не дека не е така, исхраната има огромна улога ама немој ти се молам ќе испадне дека и сида лечиш со храна.
Oкеј, нека има. Прашав кој е лекот. Како тој лек ја оправа ендокрината функција на панкреасот? Теа678 - * гугла што е панкреас и каква блага веза има со дијабет
Човек оној Мирослав им е идол на неколку од членовиве со овие ставови, мислам еве не знам како сериозно да ги сфатам.
Живеам во реалноста, колку ти живееш во истата? Медицина сметаш сзо што ќе нареди? По мене сериозна медицина се знае што е ако не се согласуваш и не мораш, здрав човек денес нема, пред очи велат луѓе умираат од КОМПЛИКАЦИИ од корона и уште се чудиш? Патем кога некој ќе спомне природна медицина, многу е глупаво да бидеш толку ограничена на баба рада тревки и едно јаболко, осознај ја вистинската медицина а не мики маус медицина.
Самиот факт шо има тема на форумов за него и тоа насловена како „феноменот Мирослав“ збори многу. Да, феноменот.
Ај ве молам некој да ми каже што се подразбира под мики маус медицина? Некој новоизмислен термин е ова или што?
Па феномен е, исто како Милан Тарот што е феномен да му веруваат луѓе и јајца да кршат од глава пошо магијата така ќе се разбиела. Нешто му доаѓа како ај да видиме колку будали можам да соберам, а на Балканов има мнооооооогу будали верувај. Нешто како сциентологија ама по балкански му иде. Он може и психијатриски случај да е, ама бетер се овие што му веруваат.
Леле зашо така збориш за луѓето бе, има здрави шо си се сакаат такви и не слабеат, шо не ти е јасно на тебе не знам?И да е од болест не можеш да јадеш г. пошто не е убаво и болест е у прашање, не биди идиот. Татко ми така ослабе пак, обратно, па да му рече некој нешто такво ќе го убијам. Нема шо да се мешате. Ти се труеш со нешо опасно Позз
Се едно те исто верглаш и ништо не кажуваш, како расипана лента..кажи го лекот за дијабетис ајде. И како жити бога Пановски не е стручен, оти имал вишок кг, има и пополни луѓе што се сосема здрави. Вирусите, бактериите, паразитите ги има секаде, вода, воздух,почва,мраз, а не само во град...или по тебе во колкави градови над 10.000 жители???
Како не го знаеш Милан Тарот? Те молам најди го на јутјуб. Толку смеење никој нигде нема да ти пружи. Смеење дур не сфатиш дека не е наместено, туку дека реално вртат луѓе.
Мирослав не го знам ама Милан ти е пола здравје Другата половина е здрав живот на село, со органска исхрана. Ех, кога Слаџана Велков би била покреативна... Одам да видам кој е Мирослав.