Физичка неактивност, предолго седење. (I'd bet on this) Друга опција се абнормални нивоа на одредени минерали или витамини во телото. Земи си една лента B6.
Купив пудра, не ми ги покрива бубулициве. Ќе ја треснам низ прозор. Грда сум ко трактор на обиколница. За мене нема лек ни спас.
Знаеш, јас слушам метал и изгледам малце онака ""темно"" Арно ама, понекад ќе си пуштам и нешто поп. Епа, не знаев дека микрофонот ми е уклучен, а видов чисто ко солза дека ми е исклучен на почеток на часот. Јас фино лепо сум ја пуштила ариана гранде, а професорката и останатите си слушале. Сакав земјата да се отвори и да ме голтне кога професорката ми го спомна името. После час сите ми пишаа "абе од кога ти ја сакаш ариана?" Циркуз.
Ми се креира. Ми се ставаат прстите во глина, да ги брцкам во вода и да формирам нешто. Некоја шоља. Или вазна. И да ја исцртам целата како што јас сакам. Па да и' ставам светло виолетово есенче од дворот и да и' најдам место дома некаде. Ми се мешаат бои. Ми се шљапа со нив по платно, по керамика, по хартија, по стакло. Сакам ноктите да ми се прљави со акрил. Сакам да издизајнирам торба. Да одберам материјал со патерн по мој ќејф. И да ја сошијам сама. Ќе и' ставам и џепче. Би си направила и маичка. Или дукс. Сакам да издизајнирам принт на илустратор и да си го ставам на дукс со капуљача и да го носам цела зима. Може да напраам и беџ. И пин. И капче, онакво зимско, таман за сезонава. За сега ќе почнам со еден цртеж. Ќе и' нацртам нешто на ќерка ми, да и' го закачам на ѕид до креветчето.
Импала. Сдк2. Душа ме здоболе за јутуберката што се самоуби ради хејт коментари на 21г. Наводно Бака прасе бил првиот што ја хејтал, и ради него мали деца ја мачеле на улица кога ќе ја сретнат, и дофрлале зборови. И тоа траело добри 3г. Ради него се сменила целосно, али џабе. Жално. Има и еден коментар кој вика дека би ја.. и мртва. Бездушни! Идиоти! Неписмени! Малоумни!
Греота се.Два грама мозок немаат во тоа тимбите. На душ ќе ја носат сега.Ние Балканците сме такви гомна говедосани, абе куќа шо ќе ја одминеме ќе се позлати. Да си ги воспитаат СИТЕ дечиштата дека булингот НЕ Е ДОБАР.А Бака прасе мисли дека е курац ипол и дека е нешто вау, и на Фокс му се присераваше така па го стави другиов на место. Девојчево не знаев дека постои искрено, ама мноогу ми падна жал, лепотица била ептен, а и мноогу млада.Цел живот ѝ отиде..
Тотално неповикана сум ама мал совет: од импала може само и бетер да ти стане лицето. Од она што сум те читала, уште си тинејџер и нормално е да ти е кожата во таква состојба понекогаш, настрана и влијанието од циклусот. Постара сум од тебе, па сепак и јас уште имам проблеми со тоа, во зависност од сезона, стресни периоди итн. Подобро инвестирај во коректорче колку да покриеш црвенила и слично, доволно ти е и тоа. Аура ти е коректор со попристапна цена.
@edna_malecka Лореал инфелибл во стаклено се живо ми покрива на лицето. Кога имав акни спас ми беше. Нема да згрешиш. Плус не е тешка. Иначе јас заплакав прееска за девојчето. Ми беше мака затоа што ја пратев порано како помала. Штета. Преубаво девојче Можела едноставно да се повлече од јавниот живот ако не можела да се сноси со тој притисок. Криво ми е, а Бака прасе е идиот.
Страшно ме интересира оние луѓе што тврдат дека во секоја врска/брак има неверство, дали истите тие планираат некогаш да стапат во врска/брак? Се помируваат од старт дека ќе бидат изневерени? Или пак само нивната врска/брак би цутала до совршенство а во сите други неверство ќе има ?
На медиумска објава за самоубиството на девојката од Србија имаше коментари дека не била Курт Кобејн, ниту Честер од Линкин Парк за посмртно да добие слава. Мислам, шта речи а не заплакати. Во ред, наведениве музичари беа и сеуште се легенди, но зошто нејзиниот живот е побезвреден од нивниот? Животот е еден и ист за сите, без разлика дали си крал на светот или чистач во комунално. Кога малку би се замислиле за тоа како тоа што го изговараме/пишеме би влијаело доколку некој ни го упатил нас, светов ќе беше порадосно место за живеење. Затоа што, без разлика колку некој изгледа ладнокрвен и делува дека не го допира туѓо мислење, сигурно во себе носи тригери и внатрешна борба.
Колку пари фрлам за материјали за факс во семестар, слободно со нив можам плус уште една рата да уплатам.
Утринава ми стаса известување од инстаграм дека во подесувања имате опција да ги блокирате пораките со навредливи содржини и притоа тие да се избришат. Брзи биле сепак