Не знам дали само кај нас фразата:Не кажувај на никој,значи кажи на сите други од фамилија во рок од 2 дена. И кажи им да не кажуваат на никого.
Постов е потсетување и не е за мали деца . Spoiler На маж ми денес по пазарувањето на лекови во аптеката му тутнале кондом во рацете.Некоја презентација имало.И нели кога е гага широкоградо го прифатил. Ми текна кога го видов денес на една моја случка. Во почетокот на средното училиште исто така делеа кондоми,мислам дека беше ден против сидата, јас дотогаш никогаш не бев видела као изгледа кондом.Скришно го зедов,нели се плашев некој да не ме види .Се сеќавам дека пред тоа гледав некој филм во кино во кој се учеше како се навлекува кондом на краставица. Е јас немав краставица имав дезодоранс и си велам чекај да видам како се навлекува.Нели се смирува ситуацијата по дома,јас во својата соба,светло само од столна ламба демек никој да не ме види,и навалив на кондомот како луда.Влечев, тегнев и некако го навлеков за да увидам на крајот дека наопаку сум го навлекла.Се оправив и правилно го навлеков. Е тогаш почна да ме копка колку всушност може да се растегне.И бидејќи нели дезодорансот е мал,решив да го испробам на мојата нога.Е сега нели од преголема употреба лубрикантот се избриша па не влегуваше ногата ,јас со ногата во вис и навлекувај како чорапа се разбира внимавајки да не го скинам.Тегнам јас така и се прашувам уште колку ќе може кога на врата ете ја мајка ми. Гледа женава дезодоранс ,кондом,мојата нога во кондомот и ништо не и е јасно. Си пропаднав од срам а денес кога се сетам самата се смеам. Младост лудост
,,,,времето мислам работи да се реши спорот со Грците за името. Променлива Македонија. Мене па ова лето ми е многу посебно.Убаво кажа Nana 19 Погледнете малку околу себе.Чисти улици.Чист воздух без комарци.Зелени паркови и тревници. Чисти потоци и реки. На прашањето без што не може човекот,би одговорила Без вода. Spoiler Луничка јас мислев дека е балон , го најдов во фармерките на брат ми пред да ги исперам.Го надув, некако со сета сила и со го врзав со конче и оп оп оп низ собата со играв со него .Па кога дојде брат ми може да си претпоставите, што се случи .
Нема да се обидувам да напишам многу паметно мислење исполнето со мудри мисли од Махатма Ганди, Нелсон Мандела или Стив Џобс за тоа колку навистина можеме да го промениме светов. Само ќе кажам дека не сме свесни колку голема моќ во себе носиме и често заради тоа се откажуваме водејќи се од мислата дека светов и онака отишол по ѓаволите. Луѓе од целава Земја ја потпишуваат петицијата за спас на поларната мечка Артуро. И иако потребни беа само 10 секунди од денот за да се потпише, помалку од половина од фејсбук пријателите ја потпишаа. А ја споделив со сите. Пред извесно време, овде ја напишав приказната за измаченото куче шарпланинец. А пред некој ден и самата се уверив со сопствени уши за тоа што претрпува секојдневно. Можев да си речам: Е па сега... колку кучиња страдаат во светов, нека го носат на душа тие што го малтретираат. Ама таквите и немаат душа. Затоа јас денес го преземав вториот чекор од тоа да му ја променам судбината. Не можам сама, ама затоа има луѓе кои се тука да помогнат. Ако не ги барате, нема ни да ги најдете. А ако не се обидете да најдете решение и да издејствувате, ништо нема ни да промените.
Mи се шета... не ми се прибира дома. И после кога гледам во Нови мислења се чудам зошто темата „Феминкии помош“ ми се чита „Феминки пасош“... Феминкии пасоош ... му е мајката
Еве ме и мене .Aко приметивте,ме немаше активна и се тоа оти ми се расипа компјутерот.Да пишам ред два,ете опен фест кај нас почнува,а јас болна и лежам во кревет.Пусти крајници,а и јас неразбрана дека не ми годат газирани пијалоци и сладолед . Ама затоа сум оптимист ,и се надевам некој ден бар да искористам за море и да се опуштам,оти Бранко дојде,нема шала .Се отиде во неповрат,па и времето.Уште па и 300 болести се појавија! Ќе пишев уште многу,но денот ми се зацрни ,кога чув за убиство на мало девојче од само 15 години,срцето ме стегна.Почивај во мир Тијана
Очигледно за мене парфемите треба да се дизајнирани во "шишенце" со големина на плинска боца, и приклучени на прскалка, така да не се мачам по цел ден, туку само со едно прскање, така еден голем млаз и да кулирам цел ден. Или евенутално да идам на опреција да ми вградат некои цевчиња под носот што темпирани во денот неколку пати ќе испуштаат парфем ииили да вработам некој да ме прска
Глупаво е кога луѓето се караат за непотребни работи, а уште поглупаво е тоа што не ги оставаат нивните деца заедно да си играат. Скарани родители-скарани и децата. Епа децата не се виновни заради вашите постапки. Оставете ги на мир.
Некои нешта во животот не можат да се вратат, затоа човек треба да размисли дали вреди истите да ги има, пред да ги изгуби, не за друго, да не се обвинува себе си, поради загубата.
Да се самоубијам или не? Прашање на време. Или ќе се самоубијам или ќе побудалам, трето нема. Ме гуши животот. Јажето ми е ептен стиснато до вратот. Ми се плачи, солза не излегува од мене. Сакам да викам, да пиштам, да кажам што ме мачи. Не можам... Не сакам да се борам веќе.
Јас кога ќе видам лав/тигар ми иде да му речам Мац,мац... А на овие во дворот мачките што се ми иде да им кажам Аррррр
„Незавршените работи се лоша карма“. Така ми рече еднаш еден познаник. Одамна беше муабетов, често ми се врти низ глава, ама никако да го сфатам озбилно Не сум се пофалила, ама нацрт верзијата на проклетата магистерска ја завршив уште пред речиси 2 недели, баш кога најмногу искризирав. Две непроспани ноќи, и толку. Има уште напред - назад, ама главното е готово. И се осеќам страшно растеретено, а сепак и после тоа немам направено речиси ништо од долгите листи со планови за тоа што и како ќе правам кога немам да имам веќе обврски околу пишувањето. Дури ни куќата се уште не сум ја довела во совршен ред, иако има напредок, веќе не изгледа толку како да паднала бомба среде куќа. Нејсе, муабетот ми беше дека стварно не знам зошто толку одолговлекував. Немаше никаква потреба.
Дефинитивно верувам дека постои карма.. Зуе зуе цело време а јас место да го убијам,го бркав само. Многу убаво ми врати за добрината моја. Решето ме напрај. И пак малку му беше пак идеше да ме нападни, и ко сум го мавнала. Ете го на зидот залепен ко таксена марка. Има и крв. Мојата крв. Го гледам и си викам е маме твое. Ти ли ќе цицаш моја крв? Ги мразам комарциве. Spoiler Мајка ми ќе ме убие кога ќе го види ѕидов.
И бричот падна на колена пред зборот: Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв. сдк пуста уста личноста може да ја направи везир ( а и резил) ... Кој е за кафе повелете има за сите убав ден Него, чекај бре дур сум тука да ви кажам приш на јазик да не излезе. Малку шопинг, малку,фризерај, малку нокти, е па се за лепота истрпив Џумбус,џумбус него шта, има да будем најлепша Уште да не стура некој дожд дур се влечеме по градовиве со фустаните Одиме по невеста уште од денеска - не му се чека на младожењава и невестата :geek: Некоја нивна нова западна мода вечерва слободен во диско скачем, а од утре во тавче... - оф мори мајче