Од вчера само гледам аналогни фотки на инста. Опседната сум! Колку се поубави фотките на филм од новиве со милион пиксели и астронаутски леќи. Атмосферата е пореална, мекоста на филмот дава мила кинематографија. Поштувам и "модерна" фотографија, само да не биде претерано фотошопирана со нереалистична сатурација да ти отпаднат очи. Океј е малку едит, колку да ја заостриш или да стаиш вајб. Кога би била богата би имала 100 апарати и додатоци и своја соба за развивање. И сега наместо да баталувам социјални мрежи, јас само скролувам по инста, тамблр и фликр во потрага по добри фотки. Ми ја исполнуваат душата, ме инспирираат да фантазирам!
Секогаш сложувај се со вработените во студентска служба, немаш поим колку ќе ти требаат во даден момент..
Многу сакам да купувам поклони за најблиските па после да ги завиткам сама. Се што правам правам со голем мерак.
Ти се гадиш од П Р Д Е Њ Е? Да не сме влезени во некој паралелен универзум? Не ми се верува што прочитав.
Znaete ona koga ke ispiete mnogu alkohol, pa ke kazete ova e posleden pat? E pa mene "posledniot pat" mi bese vo sabotata, a sledniot pat duri posle dva dena
СДК ми се седи по пижами цел ден пред камин само да има доволно благо. Ајде сега да се вратам во реалноста и да сработам нешто.
Мислам дека сме заглавени во времето. Тв не гледам одамна, денес пуштив после не знам колку време и се осеќам како времето да застанало. Пак истите игри на среќа, пак Величествениот, пак серии исто како и пред 5 години. Сврти на една програма тоа, на друга исто, пар водители во покушај да бидат интересни. Не вреди веќе да се плаќа за тв канали, треба тие да ни плаќаат нас.
Да ги донесував јас законите и сабота неработна ќе ја направев,не само недела. А на некој ако му пречи нека засука ракавите и нека работи за викенд,не да си го/ја прчи. Не работам викенд, но знам како е да се работи кога сите се слободни.
93 теми за корона и сите cе OPEN. 1 имаше за Земјата дали е рамна плоча или тркалезна и CLOSE. Подобри дебати имаше од сите тие 93 теми. Отвори се земјо и голтај не прашувај од кај да почнеш.
Не знам за вас, ја купив поклони, завиткав. И сега раат. Да не му ја мислам, елката се збогати за неколку кутии доле. Е да имав мачка, само мачка замислете си сами ситуација.
А јас пак да ги донесував, недела неработен ден ќе беше и плус уште еден ден во неделата, ама затоа 90% од деновите кој не се работат затоа што се сметаат за државни празници ќе ги укинев..
Држи вода муабетот. Во нашава држава имаме 190 празници. Божиќ... Велигден.... 1 мај... Илинден.. Бајрам... Тоа е тоа се друго треба аут...
Само сум реален дека ова е лудило со празнициве во оваа држава. Споиле петок со понеделник. Споиле баба со дедо. Нормално дека ќе нема ефикасна држава ако 180 дена седиш.