Се научив да играм табла бе. Ептен нервозна игра. Барем за мене Се осеќам као шериф кога вртам тоа коцките.
Леле Трендо е закон „Женски исповеди: Кога нема да кренам телефон“ http://off.net.mk/zezalici/foto/zhenski ... am-telefon и морав да надополнам за уште една КРУША ПОД КРУША http://libertas.mk/%D0%B4%D0%B5%D1%86%D ... %B2%D0%BE/ „Децата на познатите-Славна мама,убаво моме“
Како стигнувате да завршите сè за 24 часа? Како успевате да сте домаќинки, мајки, тетки, другарки, да ги завршите работните обврски, да прочитате книга, да пиете коктелчиња, да одите во солариум и да им посветите внимание на сите флертувачи? Озбилно прашање е ова, не е реторичко. Читам како АнаКаренина меркала книга, а моите четири наслови, во три различни соби и на компјутер стојат некаде до половина, зашто нема за нив време да бидат завршени толку бргу колку што би сакал. Што попрво во она време кога не сум опседнат со она што го нарекувам обврски... книгата ли, фејсбукот ли, форумов ли, телевизорот ли? Се сеќава ли некој кога последен пат вистински седнал да слуша музика? Да, музиката е како книга, најубаво се доживува ако седнеш и пуштиш поглед некаде во далечина и слушаш што авторот на одредено музичко парче има да пренесе. Нема време за музика, има време само попатно, како што велеа Хладно Пиво „да нешто свира док пере или куха... да народу скрати оних осам сати...“ Да не зборам за заборавените пријатели, кои веќе не се ни јавуваат, само си праќаме абер по социјални мрежи. Немаме веќе време ни смс да напишеме, зашто толку стана брзо модерното време, што повеќе од 140 карактери се премногу потрошено време. Згора на тоа, може покана за пиво да падне, од куртоазија нели, па да нè стави во непријатна позиција двајцата и каначот и поканетиот. Не, подобро тука, анонимно и офлајн да си напишеме по нешто... И знаете која е најголемата трагедија на моменталната ситуација во која секој од нас посебно се наоѓа? Сигурно во иднина нема да има повеќе време, ќе има сè помалку и помалку, додека еден ден или мозокот не ни еволуира нагло во компјутер или не се распрне во собата и го ошљака мониторот со крв. Тогаш ќе дојде крим техника да слика, а некој од техничарите ќе направи селфи со крвавиот монитор и сликата ќе ја објави на својот профил со текст „How ironic“. Ставете уште едно кафе, денеска ќе спиеме само 4 часа, има да го дочитам тој Хемингвеј па мајка Јана да е.
Се молат ингорантните кучки да престанат да кукаат како фб е преплавен со негативни вести и да апелираат да не се споделуваат затоа што ги вознемирувале. Затоа што во минатото сите ние останати бевме сочувствителни со нивните невољи и ги разбиравме, додека сето тоа го правеа јавно на фб. На никого не му е сеедно да чита вест за убиство на девојче кое останало само само 7 минути. Ама ова е оној дебил од личност од основно кој го вознемируваше цел клас, а наставниците и педагозите, како и психолозите не сакаа да работат со него. Бум, се претвора во убиец подоцна во животот. Еден таков до моето одделение ја крши жена му од ќотек моментално. Кај и да е ќе ја убие. Општеството е вакво од игнорантни глупаци. Игнорантно население, игнорантни просветни работници, психолози и педагози, игнорантни родители, игнорантни соседи кои ќе зборуваат само што некој прави, а ако премине во насилство не реагираат и се така до бесконечност, игнорантни колеги. И така.
Животот е една слика. Од самиот себе зависи дали ќе одбереш хартија или ткаенина за да сликаш по неа. Од тебе зависи и со која техника ќе сликаш. Иако двете не се вечни, па и двете подлежат на временски неприлики, сепак едната ќе има поголема вредност. Нема да се гледа нејзната вредност во техниката на сликање, ниту во изборот на материјал, зашто секогаш пресуден фактор е темата и боите на сликање. Животот е само... Слика која ти ја отсликува душата.
Може ли бре на прав пат, ти да се спрепнеш од ништо и да паднеш на земја?! Па да, може, ама тоа само мене може да ми се случе. Spoiler
Ви се вратив и јас од одмор, немам одено 5 години откако се роди сестра ми. Испадна за џабе сум викала дека не убаво на одмор ама како дома нема никаде, едвај чекав да дојдам и да си легнам на мојот кревет и да пијам вода од чешма. Сите што не сте биле долго време, ич да не се мислите и да одите, убаво е да смениш малку средина и да се тргнеш од сите обврски.
Majка ми и татко ми + технологија... Мама знае често да се слушне со роднини, онака после подолго време. И така пред некој ден се изнаприкажале на телефон со една братучетка, колку ѝ пораснале децата и се тоа, па ѝ порачала на фејсбук да отвори и да види, имало семејни фотографии од некоја прослава. Ѝ ги отварам јас сликите, и одеднаш зачудено ми вика: - Абе зашто имаш само опција „не ми се допаѓа“ на сликиве? - Затоа што веќе сум ги лајкнала бе мамо. Ова со лајкот, секогаш ова ѝ го објаснувам кога ќе ми побара да ѝ покажам нешто на фб. А татко ми пак, стално го меша титкањето на мобилниве за слаба батерија, со звукот за порака. И ова мојов телефон, ко за беља во последно време секад наоѓа да се испразни во ниедно време во ноќта, изгледа летно му се пореметил биоритмот и него како на сопственичката. Еднаш така пред некој ден ме зафркава тато: - Aаа ова некој дечко да не е во ова време? - Неее тато, сла-ба ба-те-ри-ја е! Никој и ништо не може толку слатко, од срце да ме насмее.
Во глава ми се врти сликава. Жално. Како идат деновиве,така се повеќе ми е жал. Всушност,нема потреба до зборови.
Зошто постојат луѓе кои од својата гордост и его не виделе подалеку,како чувствата на другите да не се битни,бравос,ама на крај таквите сами ќе останат,за нив само едно ИГНОР ништо друго.
Во летниот период од годината ноќта е пократка од денот,но некако е помистична и едноставно поубава. Целосната атмосфера и енигматиката ја прават поволшебна од денот.Се е смирено и тивко,а уличните светилки и семафорите го осветлуваат патот.Околу месечината се распослани безброј ѕвезди кои создаваат прекрасна глетка додека се чувствува свежината на летниот воздух. Време за релаксација и смирување, моменти посветени лично на себе, долги разговори што не поттикнуваат да се отвориме и да развиваме длабоки дискусии само во тој период... Романтика,задоволство и различни можности за забава,а за некои тонење во сон.
Се возиме со татко ми и поминуваме тука низ Чаир. Ми вика: - Брзо отвори прозор. :geek: И тука почнува да се шири миризба на ќебапчиња од сите страни. - Ај сеа убаво мирисај. Јас те частам. После одиме во Тинекс, ми се врти: - А сега? Што сакаш да мирисаме? Се намирисавме, што се намирисавме и си дојдовме дома, да си кркаме петочно тавче во гравче. Уште нешто сфатив. Ако некој ме праша колку е 4 по 6, нема да знам да одговорам. Ама ако ме праша колку е 6 по 4, ќе знам дека е 24. Не знам што ми е проблемот, ама ете. Ми рикна лаптопот, така што можно е одвреме навреме да почнам да пишувам со точки, наместо спејс. Пошто на компјутерот не ми работи спејсот и цело време копирам и пастирам празен простор. Мамата. Ај само нека остане на тоа, да не се повтори она од минатото лето, кога цела жива техника ми поцрка. Чак и без сијалици останав. Некој ме колнел ова гарант.
Како бе тавче ВО гравче? Глупите Срби што не знаат да кажат Тавче гравче, ај, ќе простиме, глупи се, ама како ти не знаеш како се вика едно од најстарите, најтрадиционалните и најмакедонските јадења? Резил. Тавче - Гравче. Толку едноставно. И едноставно највкусно.
^^ А бе таман работа, се зезам. Интересно ми е да вртам зборови. Како биксквити, континент - елемент - компликација наместо комплимент, лабаво/лавабо, коресподенција наместо коинциденција итн.
Кога сме веќе кај гравот..... Ние денес јадевме посебно гравче.Специјалитет на м.м.Го варил,варил..... солил, солил.... Но нас ни беше најслатко гравче до сега. Е сега сме само на вода. Јас сум голем љубител на гравче, но варено во грне, купено на пазар, посебно тетовско.
Понекогаш посакувам да сум сама во четири ѕида.Да седам и размислувам или пак воопшто да не мислам.Понекогаш и разговарам сама со себе,барем знам дека зборувам со паметен човек.И така зачудена или воопшто не од денешниот суров свет.Луѓето на кои сум им верувала,секогаш сум била тука да го ислушам нивниот проблем и да им дадам совет ми свртиле грб.Од ова барем извлеков поука дека во денешно време на никој не можеш да му веруваш..нема луѓе(освен твоите родители)кои ти мислат добро.Никој реално не те сака кога си поуспешен од него,луѓето се плашат од таквите..ама барем знам дека вредам.Затоа фала на сите,без вас немаше да бидам толку јака и толку желна за успех, а вие останете си со ограничени умови.Од мене толку.Едноставно имав потреба да го пишам ова.
Домашниве заборавија како изгледам што ме немаат видено 10 дена одмор, недела кај тета, недела кај баба, сега пак ќе одам кај тета Сите се разбегавме, мајка ми и татко ми на бања во Бугарија, јас во Охрид, брат ми во Грција, баба и дедо сами дома - чуваат ќука Утрово кога дојдоа мама и тато да ме земат од кај баба ми, не ги познав. Алал да им е Толку боја јас во живот нема да фатам Комшиите прават свадба утре Че паднит играње Нема да се жалам за нозеве, мора да се покаже и новото научено оро :geek: