Завршив со проектите и семинарската. Тајм ту да се облечам у хот ствари и да искомбинирам алишта за излегување
Го гледав A Beautiful Mind По втор пат, после 20 години. Некаде имав читав за некое изолирано племе, кое сеуште живее како пред 5000 години, нема никаков контакт со цивилизација... не се сеќавам каде, мислам дека во Амазон беше... Според нивното уредување, сите луѓе кои се во заедницата, се прифатени еднакво. 'Дури' и оние кои имаат сериозни ментални попречености и тешки физички и психички болести. Она што беше интересно е што тие кои се соочуваат со шизофренија во таа заедница, имаат халуцинации кои се 'позитивни', за разлика од стандардната клиничка слика во нашето т.н. Цивилизирано општество, каде халуцинациите се тескобни и предизвикуваат страв, недоверба, параноја итн кај пациентите. Ми се допадна што во филмот нагласокот беше ставен на поддршката која ја добиваше професорот Неш, посебно од неговата сопруга, а последователно и од колегите на Принстон. Тоа беше она што му помогна да ја контролира неговата состојба. Можеби се' што ни фали е повеќе разбирање едни за други? Можеби сите грешиме? Можеби сме премногу себични? Најголемиот предизвик за новиов милениум: Како да се постигне еквилибриум меѓу индивидуалноста и инклузијата паралелно, во реално време? Се надевам дека ќе го решиме проблемов и ќе се издигнеме над себе си (од аспект на моменталната форма на еволуциски врв)... ако не, нема да биде ни прво, ни последно масовно истребување на животински вид, во историјата на нашата прекрасна Планета.
Значи многу ме нервира телефонов. Таман ќе го оставам,ќе си речам чеј да ѕирнам само уште нешто, и ќе заглавам на него уште саат време. Ептен е зараза.
Во моментов го гледам новиот "Lion King" и се потсетив колку многу го сакав оригиналниот цртан кога бев малечка. Преубаво направен од анимација до песни и секако до приказна. Прекрасна приказна! Еве и на 31 година едвај се воздржувам да не плачам кога Муфаса умира. А тек пак музиката... уфф. Оваа од 3:20 натаму ми крши срце, не мора ни да ја гледам сцената...
СДК дека денес пратив новогодишни честитки по пошта и сакам да си ја одржувам оваа традиција секоја година. Порано не сум праќала вака бидејќи со тие што си дававме ко деца бевме од исто маало, плус од одделението на школо кога одевме. А моите праќаа по роднини. Потоа некако се изгуби оваа традиција, особено со новата технологија и социјалните мрежи, па ретко кој праќа во денешно време. Но јас сепак одлучив да си ја почнам од ново оваа традиција, а и некои од луѓето кои ми се драги се далеку.
Леле девојко одамна немам видено честитка хартиена Сликава ме исполни за миг со позитивна енергија. За мене новогодишните празници престанаа да бидат тоа што се откако се премина на виртуелни честитки. Нема веќе срцебиење кога ќе го видиш поштарот на врата, па погодуваш од кој е честитката според пликото во кое е испратено и ракописот на него. Сега кога ќе видам поштар на врата ми се темни, знам дека носи сметки за плаќање Баш ќе побарам деновиве по книжарите, да си ги израдувам другарките од детството
Уште од лани сакав да праќам ама никако не најдов во градот во близина, годинава најдов конечно на едно тезгиче и без двоумење купив. Виртуелните честитки, стикери, гифови итд нема никогаш да ја заменат радоста на праќање и примање на овие честитки, на многумина ни враќаат убави спомени од други времиња. Сакам повторно да ги оживеам тие чувства, кај мене и кај тие што ми значат.
Сакам честитка од @Amellie13 во поштенско сандаче Spoiler: Адреса Улица: Питулица, Број: не знам кој Ми фалат тие моменти. Уште чувам некои честитки од баба ми и од другарки. Браво за идејава, сигурна сум дека ќе бидат пресреќни
Дали некоја институција во државава знае за што е надлежна?! Па за шо кур те плаќаат бе мамето твое, па да не знаеш ни што е во твоја надлежност!?
Јас видов едни во локален маркет и ги земав. Ми побудија спомени. Ќе пратам на моиве една баш ми е интересно.
Јас почнав да праќам по пошта откако се иселив од Мк..... ги пуштам уште почеток на Декември,им требаат најмалку 3 недели за да стигнат. И секоја година успевам да ги изненадам и израдувам, забораваат дека некој сеуште пушта честитка по пошта
Јас сакав годинава пак да пратам ама дур стигнам на ред од други обврски, ми се чини прекасно е следна недела. Ќе стигнат пред или после НГ ако од Пон пратам? Како и да е, одлична идеја. Знам колку мене ме радува да сум на двете страни со праќањето честитки. Лани и на бабите и дедо по пошта пратив. Баба и дедо оти в село, поштарот се смеел дека со години немал честитка носено. Сакам да кажам јас стварно не знам шо ќе прам со овај памет. Летово купивме миксер нов, скроз заборајв дека постои и 15 минути пробвав новите маталки на стариот миксер да местам оти не сфатив дека има нов дур не видов старите маталки. Функционирање со 1/15 капацитет не е то то.
Па мислам дека не е страшно и после НГ да стигне. Не знам овие што ги пратив дали би стигнале пред нг, зависи колку е спретна поштава наша. Мило ми е дека има уште луѓе на кои им се допаѓа праќањето и примањето вакви новогодишни честитки. Прееска на либе и другар ми им дадов, баш беа пријатно изненадени, со години не виделе таква честитка. Рекоја иако чувството не е сосема исто како порано, пак е многу интересно.