После 2 години пандемија, уште не ми е јасно како може некој сеуште да не знае како правилно се носи маска ака под нос. Ми доаѓа да земам и да им ја извадам кога ќе видам дека некој така ја носи Ептен на нерви ми оди. Или носи ја ко шо треба или извај ја, не пишат повеќе казни за да ја носиш колку да се речи дека ја носиш
Мала корекција, сигурно другарка ти велела шо зборааш, не постои зборчето што во битолски фонд на зборови и да, да си ја чуваш штом те расположува
Леле да тие што свират беа најубави. И јас чувам од основно некои што ми останале. Убав спомен се, па и кога ќе видам детски ракопис што сме си пишувале, ептен носталгија ме тепа.
Леле вистина, дома моли коли беше барем една таква да се купи. Кој даваше 50 денари, земи од другите по 2 денари и толку Убаво време беше, сега ќе препраќаме една на 30 личности, и тоа што ни ја пратил некој нам.
Да, една од најубавите традиции беше. Баш би сакала онака изненадно да добијам честитка. Ама не на фб, вистинска
До овие што убиваат глувци со лепак... Со извинување на израз, ама мамицата ваша. На враќање дома видов маче со пластично капаче на него и мислев да не е лепенка од етикети, чепкајќи во кантите можеби се залепило ама не паѓаше и покрај тоа што мавташе со предната нога за да го откачи. Го викнав, беше попитомо, дојде и видов дека е фабрички лепак, едвај го истргав од него, го фрлив за да не го најде некое животно пак и да се повреди. Прашањето ми е: што ќе постигнете со ова? Да се залепи животното на лепак и да умре од неможност да се движи? Какво изживување е ова? Што ако вашиот миленик се залепи на истото место што сте го залепиле за глувци? Што ако мало дете го најдеше она? Кој ќе сноси одговорност тогаш? Ненормални е мал збор. Идиоти непрокопсани.
Некои цел живот на кукање и глумење жртви ќе го поминат и пак нема да сфатат дека е до нив. Блазе на паметот нивен.
Тие истите фрлаат отров на мачки и кучиња. Тие не се сакаат себе си, а не па животните. Злоби одвратни
Хелоу дојде тоа време од годината? Едно време СДК ми беше како игрална, место за забава, фантазирање. Па потоа исповедална. Сега кога ќе дојдам како да носам торба камења на грб. Долго време избегнувам да разговарам со самата себеси. Поминуваат годините, изумив како да се тешам. Имав трпение, трпение планини да помести. Се држев за него како да е најсвето нешто, како да е молитва. Тивко, да не крцне некаде, да не тропне, да не се згазне... да си добар, умен, разбирлив, трпелив. И тоа ќе требаше да е решението, да биде лек и спасение. Не беше. Не е. Насобраниве емоции ги голтам и си тлеам, и потоа се прашувам, зошто ме боли овде? Раката? Коленото? Прстите? И љумоборам на гласните расправии, ако викнам мислам дека во плач ќе се претвори. Уште една година помина. Како да не беше. Од личност што функционира на допир, до страв да се допреме едни со други. Заборавам како е да потонеш во нечиј мирис. Да прегрнеш без мисла, да седнеш до некого толку блиску, да се згужваш во луѓе, да те нема и да се осетиш слободен. На секој допир миење раце. На секое вдишување, те убива, социјалната дистанца. Треба да е ова осврт на 2021ва. Хах. Мислам дека се уште грешки правиме која година сме. Трепнавме и поминаа две. Немам осврт на 2021ва. Не го чувствувам сопствениот напредок. На некое ниско ниво на сопственото ментално здравје се наоѓам. И физичко. Затворам очи, сонувам. Отворам очи, поима немам како ќе продолжам. Just keep going... Let's all just keep going. Некаде ќе се сретнеме и конечно без мисла ќе се гушнеме.
Зборувањето е слабост. Боље ќути си. Набљудувај, добро размислувај, не споделувај многу многу мисли и терај. Само цепај како што си наумил, без објаснувања и chit chats. Кога ептен мора нешто да кажеш, внимателно бирај зборови. Не откривај премногу.