Следно, Пинк пантер И Маша и Медо, ако не ти се гледани Абе до утре можам да пишувам, колку супер цртани има
Можеби на некои ќе им звучи површно, ама не можам да сфатам никако кога луѓе што демек ти се блиски видат дека имаш ставено нова слика и не даваат реакција (не лајкаат). Не зборувам за тие што на ништо не реагираат бидејќи едноставно такви карактери се или ги мрзи, туку такви што на други луѓе им реагираат (а најчесто ни здраво си немаат во живо) а тебе често не поради некоја причина. И знам дека кога постирам треба да постирам оти мене ми е убаво бла бла, ама сепак не можиме да сме имуни и на тоа кој (не) реагира. Ако не ни дошло до никого немаше ни да постираме in the first place, туку ќе си ги чувавме само за себе. Денеска сум мрчаторски расположена, вие се надевам подобри сте.
Барем знаеш кој стварно те поддржува а кој не. Банално е да мрчиме за социјални мрежи, али на некои карактерот им испливува на површина таму, а и љубомората се препознава лесно. Е затоа да постираш хот слики, од инает
Мислам дека многу ова си го помислиле ама не рекле ништо баш поради она „зошто се замараш со банални лајкови кога има реални проблеми“, ама емоции се емоции и ги имаме поради одредена причина и најбитно е да си ги признаеме. Некогаш ми иди се' да избришам ама знам дека нема да издржам (сега барем).
Не можеш без self-care и без self-work. Ако не работиш на себе си, да се едуцираш повеќе во разни области, константно да учиш нови нешта, да работиш на психата, на чувствата кои ти се создаваат, ако не откриваш нови нешта и не се надоградуваш, ако не се трудиш да се филтрираш редовно од стрес, тогаш засекад ќе бидеш напизден абдул што сите други му се криво за сè нешто.
Јас имам ваква ептен блиска личност и криво ми е дека цел ден е со телефон в раце ама не ја видела сликата, а за да ми пушта заебанции од камај видела. Исто и кога ѝ пишувам нешто посериозно да ја прашам одговара по 100 саати и нормално ако ѝ ѕвонам не крева…изговорот стандард “не го слушнав, внук ми играше игри” бла бла.. Не ми е ни за лајкот, ни за ништо, ама криво ми е пошо јас секогаш можам да одговорам брзо и да кренам кога ме бара.
Екс другарка цело време дремеше на телефон, а кога и пишував никогаш ни пораката не ми ја отвараше. Покажува колку ги боли кур за тебе.
@СуперДевојка @Indiegurl Да беа некои екстра зафатени личности со многу работа, фамилија за гледање и сл. ќе сфатев ајде, едвај наоѓаат време да седнат и не можи да очекуваш да се достапни секогаш. Ама не бре, ниедно од тоа немаат, имаат слободно време колку сакаат и пак истото. Можеби банално изгледа на површина ама кога ќе размислиш повеќе на некој начин сепак докажува колку му е дојдено на некој до тебе.
Не е банално, значи ако некој сака да збори со тебе ти ќе знаеш. Еве стави се на нивно место - ако сакаш нешто да имаш/направиш, ќе се потрудиш за тоа. Simple.
Абе банално е ако се работи за некој со кој едвај здраво имаш. За блиски не е банално, јбг сеа сѐ се врти околу тие социјални мрежи и не кошта ништо еден лајк ако ти стават. Не боли. А за неодговарањето на пораки, ај што делува дека не ги боли кур за нас шо вика Indiegirl туку и е крајно некултурно.
Во Македонија колку има луѓе што во се' се разбираат, особено во последно време за вирусов, вакцини, епидемиологија и слично, баш чудно што не сме земја на научник до научник Луѓеееее не се станува професионалец, со читање на гугл двата први линка што ќе ти се појават, со гледање јт видеа и правење теории на заговор во своите главички. *инспирирана од темите тука, да си кажам
Кога очекувањата ти се сведени на 0, личностите влегуваат и излегуваат без да ти пробудат емоции. Со тоа нивото на стрес ти е исто така сведено на 0, срцето си функционира без проблем, а кожата и очите ти сјаат.
Кога сум во grey mood редовно си ги отворам оние екс-ЈУ страници на Фејсбук за запознавање каде администраторот постира некои манекенки или фитнес модели од други континенти, кои од 1.000 километри се гледа дека не се од овие простори, а загреана хорда упорно коментира мислејќи дека ќе упецаат нешо. До толку ли се нискоинтелегентни или забегани? Ако, мене барем ми го креваат допаминот утрински. Нека се весели народ
Лајкот во никој случај не докажува дали на некого му значиш или не. Јас и на најблиски не сум им лајкувала ради реда (ни на сестра, ни на маж, ни на најдобрата другарка). Ако нешто што постирале не ми се допаѓало не сум ставала лајк, зашто едноставно не сум сакала да направам нешто ради реда и лице да им правам ( не може да очекуваме на сите да им се допаѓа тоа што го постираме, било да е слика, мисла, што и да е). Плус, има многу луѓе што користат социјални мрежи само за комуникација. Јас периодот пред да ги избришам целосно профилите од фб и инста не листав, не лајкував, користев профили само за приватна комуникација. Фб профилот ми беше активен само заради групата од училиште кај ќерка ми. Е после тоа веќе ми здосади, како обврска ги осеќав и губев непотребно време па ги избришав и се препородив. Нема веќе муабети од типот, абе оди види, ставив слики од ваму кај што бевме, абе не си ставила ништо, абе ова, абе она. Нит сакам веќе животот на тацна на сите да им го ставам, нит па сакам да гледам кој каде оди, што прави и што мисли. Затоа, мој најдобронамерен совет е ако веќе користиш социјални мрежи да не се оптеретуваш дали има реакции од луѓето на тоа што го постираш. Подобро искрен "игнор" отколку лицемерен лајк, срце, коментар.
Разбирам што сакаш да кажеш. И дефинитивно подобро е искрена реакција отколку ради реда. За обични објави (песни, цитати, споделувања и сл.) не очекувам реакции, повеќето мислев за лични слики (не ни ставам многу често). Мислам дека едно е кога некоја личност општо не се замара да става реакции, а друго кога на други нормално им става а тебе ретко. Бидејќи иди како баш тебе да те игнорира. Ама учам помалку да се оптеретувам, само ете, ми паѓа в очи.