Имам еден бивш, страшен манипулатор со позадина на шизофренија (може и да не е шизофренија, може е др болест, кога создаваш сценарија во глава и веруваш во нив). Случајно ми излезе на фб, се пишал разведен. По само 2 години брак. Стандардно сценарио, постови со правење жртва, суптилни закани по жената дека ќе и го земе 2 годишното дете, бришење се заедничко... знаев дека ова ќе се случи. Девојката е колатерална штета. На мене ми зборуваше за бившата, како го малтретирала психички, како не била нормална, он секако беше жртва... сигурно на жена му зборел за мене, а на следната за нејзе... Со оглед на тоа колку изгледаше скромно девојчето и од колку скромно семејство доаѓа, знаев дека ќе ја изигра вака за кратко време, додека она секако мислеше дека фатила топ маж, од добра фамилија, образуван, згоден... не знаеше дека е само едно гомно манипулаторско што е само ќе ја оштети психички, физички, ќе си поигра со нејзините чувства и мисли, и на крај ќе ја направи будала. Најлошо е што е врзана цел живот со него заради детето, ќе трпи закани, психолошки трауми. Ова е стварно страшна патологија. Ја жалам следната негова жртва, исто како што ја жалев претходната, како што сигурно некоја ме жалела мене...
Мислам дека од сега кога запознавам некој потенцијален пријател треба да му праќам нешто како warning message: "Ако подоцна планираш да го усериш пријателството не се труди да се зближуваш со мене и поштеди ме". Ова воопшто не е човечки и не го заслужувам.
Исто секогаш доаѓав и го отварав прозорот. А во училница минимум еден прозор отворен седеше на секој час, а на одмори и повеќе за промаја. Главна работа ни беше да проветруваме без разлика дали зима или лето.
ЈСП, една од најголемите катастрофи. Никогаш автобусите не биле чисти, примаат повеќе патници отколку што им е капацитетот, безобразен однос од страна на возчи и контролори. Од Матка да чекаш автобус, не доаѓа, треба пешки до Глумово да одиш, до толку се за никаде. Битно за казни, се им функционира. Сведочев на ситуација каде казнија патник оти влезе во автобус, зборуваше на телефон и не се куцна веднаш и кога отиде да се куцне, намерно контролата го исклучи апаратот. Кое дно И после да се користи јавен превоз? Не, не, подобро ќе пешачам отколку да се туркам во катастрофите. Во некои држави навистина јавниот превоз се користи повеќе отколку сопствен превоз, ама е чисто, коректно и организирано. Патем, каде може да се поднесат поплаки за нив?
Локал во Грчец работел на диво и не почитувал ковид мерки. После две год како почна пандемијата открија
Од човек со енергија да го освои светот, коронава (иако лесно прележав) ме кутна на ниво да се задишувам од нормално одење до маркет.
Сакам да се вратам 17год порано и да имам пак соба излепена цела со постери и компјутер со голем екран... убаво ми беше
Знаев дека луѓето се менуваат, ама не знаев дека до току, што на моменти некој не ќе можам ни да препознаам...
Што убаво си се истури времево. Не сакам кога е тмурно времето, но кога врне и гледам од прозорец и слушам капки дожд ми е релаксирачко.
Ако си одбрал да направиш нешто на потежок начин не значи автоматски дека тоа ти е и паметниот и корисен начин. Чисто за потсетник, зашто некогаш за џабе гордоста.
Пишала у стил " бидете со некој што ве прави среќен, ве насмевнува" све тоа на англиски и ставила слика од нив двајца на Малдиви. Па секој да го однесе некој на Малдиви ќе биде среќен, работата е да цениш мали нешта а не..
Средината на декември се одалечив од пријателка која е паталошки лажго , среќа ја препознав и решив да изгубам контакт. Па со времево останав некаде при крај на месец декември Дел од поклоните што требаше да ги давам за secret santa ги поклонив денес ... Во душа сум пресреќна и преисполнета. Сплет на околности, обврски, ситуацијава со ковид , различни места на живеење ми ги сменија плановите . Решив во новава година да подарам подароци на пријателки со кои сум во контакт 10 години кои ми биле премногу драги во одреден период во животов , вклучувајќи ги и оние друштва со кои 3 години не се дружиме интензивно . Со помисла само да сме среќни едни со други , толерантни , лојални , да се радуваме на нивните успеси, да ги подржуваме . Бидејќи soulmate ретко може да се најде. Заразлика од пред 10 години овај пат бирав поклони кои што ги сакаат . Се надевам дека добро ја искористив мојата детективска интуиција