Не верувам дека е ради тоа, пример еве јас сакам да имам ќерка прво и ако е женско ќе се израдувам повеќе во смисла дека ми се исполнила желбата, тоа е валјда инстиктивно. Иако не гледам поента во ваква драма околу полот да се презентира.
Абе а што е со коментариве по Фејсбук за голото меше на Ријана? Си може си сака жената и си носи. И смрзнало бебето, покриј го стомакот и остали муабети. Глејте вие топло на вас да ви е, а кој како носи, тој си носи. И коментариве баш ми звучат ко да се од жени што се препушувале цигари цела бременост... Еве баш пред некоја минута Ријана објави на инста цела наоблечена така да ги очекувам коментарите од истиве ама сеа од типот: конечно го стопли бебето, ѝ дојде памет, ѝ залади, паднаа температурите, кај нас требаше снег да заврне за да се облече итн.
Имав една колешка во години, што никако не веруваше дека треба однапред да се спрема за било што. Кога одеше на одмор никако не зимаше парацетамол со нејзе затоа што ако понесе, значи по дифолт си создава можност дека ќе и треба. А ако и притреба ќе си купела таму каде што оди. За разлика од неа, моето воспитување е секогаш да има вреќа апои кога се патува некаде, аналгин, прополис, линкес, парацетамол, витамин ц, за алергија... И сега седам и размислувам дека таа параноја да сум спремна секогаш за се се интензивира како стареам. Оваа 30ка во најава, ми расплака ммта. Ама некако постабилна, посигурна сум ако сум спремна. Која е поентата да трчам во 90та да барам нешто, што можело да го имам до рака? Од друга страна, што ако потсвесно си предизвикувам да ми притреба тоа што сум го спремила? Typing in confusion...
Одсекогаш сум имала предзнак или интуиција за луѓето околу мене и многу пати сум била во право! Толку добра глумица си како за на театарска претстава!! Твоето вештачко смеење, мудрување и солење памет се патетични, знам дека целта ти е да си подобра од мене во однос на работа, животен стил, дом и уредување, деца и тн., незнам зошто се натпреваруваш со мене кога ти никогаш нема да бидеш јас! Гледај си го твојот живот и престани да трошиш време на мене
Колку е заморно за секоја ситуација која оди на добро да те тепа анксиозност дека е премногу добро да е вистина и дека ќе заврши кајдае, да го мислиш најлошото можно сценарио само за да си психични спремна за ако тргни наопаку. И не е бидејќи ти текнало само, во минатото се случувале слични ствари и свесна си дека опцијата постои. Не се сите исти, да, но како оди животот сфаќам дека нема многу луѓе со срце како моето. Наивно, искрено. Исто така, како се приврзав олку за личност што едвај ја познавам? И зошто? Да сум на дроги, не сум. Но, како е можно? At this point, или нека трае или нека прекине сега за да нема голема штета. Oh girl, when will you learn...
Исто ме има научено мајка ми.Кај и да идам носам аналгин, далерон, цефалексин, витамин Ц, кафетин евентуално.. Еднаш се погоди у Италија да фатам гнојна ангина, прв пат у живот, не знаевме шо да праиме.Среќа имав цефалексин, за два дена ми пројде гнојот.. Треба да се носи
Јас во скоро секоја ташна имам кафетин и парацетамол, не па за патување. Си имам мака со главоболки, а не можам да трпам болка без да се напијам апче и си носам секогаш. Антибиотик за патување обавезно, диастоп и лоратадин исто пошо сум алергична на сонце. Нека си го повикувам злото со носењето, кој носи не проси.
Ее да и лорадатин, или даселта зависи. Баш така.. боље да го иам него да трчам у странство по аптеки.
Тој што носи не проси , така викаше баба ми. После тоа бараат кај ќе стигнат, оти не им треба . Јас и на два дена да одам некаде носам цела аптека .
Да,да ,сакаат ќерка,ама второто да е син, тој балкански менталитет за жал е уште присутен кај нас,јер мора да се пренесе кралската лоза од Петре Први од Свирипичино. Ехе јас по две девојчиња ,од колку добив прашање, а на трето не одите,или што не си роди ти едно синче. Просто ми се гади.
Пак ќе кажам, не е дека нема такви кои повеќе ценат машко дете. И не е дека само тие што имаат женски деца одат на трето па машко. И да се два сина, многу често сакаат трето дете за да биде женско. И пак има коментари ајде на трето, можеби ќе е девојче. Значи ли тоа дека синовите не се вредни? Ништо лично, само изразив мислење по тоа што јас го гледам околу мене.
Во ред е да имаш желба за одреден пол,зошто ете машкото дете или женското дете на некој начин ти е посимпатично.Не е во ред ако му ставаш акцент на машкото дете како на нешто повредно ,што кај нас е чест случај. И за жал многу почесто се поставува прашањето,кога трето на парови со девојчиња отколку обратно.
Океј е тоа. И по не знам кој пат ќе кажам дека сте во право, да, се случува. Ама и не во ред што сите ги ставате во исти ќош. Демек сите кои се радуваат на синови е затоа што сакаат ложата да им се продолжи. А ако се радуваат на женско тогаш супер.
Она кога факултетот на кој студираш не е во твојот град и не можеш да завршиш ни една работа а да не треба да се молиш кај некого да ти излезе во пресрет или да патуваш 3 саати во еден правец за да можиш да средиш. Ми се вришти од макаа, не можам поќе. Можи требаше да пишам во темата Испукајте се, али оваа прво ми падна во очи.
Леле мислев дека сум луда што ми се свиѓа. Баш уникатно. Веќе преку глава од претставнички со голи газови веќе видено е. Колку поуникатна песна пратат толку е поголема шансата за победа.