Луѓето го сакаат она што е добро или што мислат дека е добро, но обично грешат во проценката што е добро. – Жан Жак Русо.
Возрасни луѓе ќе крекаат како денешните млади ништо не знаеле и биле отупавени ама на истиве бумери 500 пати ќе им покажеш како да меморираат број на телефон и пак нема да запамтат.
Бев до Ист Гејт, како го викате незнам. Ич не е убав колку што го фалите вие. Тоа е за луѓе што незнаат колку пари имаат дома, и по цел ден да си акаат.
Како човек што не е подложен на акни и било какви кожни проблеми, ми се појави тешко црвенило на телото, се шокирав и издепресирав максимално. Наидов на видео од една девојка што се соочува со истиот проблем како мене и веднаш ми се смени чувството, сфатив дека не можеме секогаш да изгледаме перфектно и измазнето. Всушност главниот проблем за тоа што сме несигурни за нашиот изглед лежи во социјалните мрежи. Од тука почнуваат тие "beauty" стандарди што се само филтери и фотошоп.
Од една страна си во право, ако збориме за физички изглед. Но од друга, некогаш еве мене лично ми е тумач па и кога ќе прочитам "акните/подуеноста е нормална". Све ок, ама ако ја третирав подуеноста моја ко нешто нормално и не се замарав, немаше да откријам дека имам интолеранција на храна. Слично имав и некои суви флеки на кожа пред неколку години кои открив дека се ради габа па со креми и чуда ми се излечи. Флеките не беа сами по себе толку колку што не знаев дали може во нешто полошо да премине Зборот ми е, многу јасно дека не треба да се срамиме од вакви работи, ама некогаш вакви состојби укажуваат на нешто скриено и не треба да се игнорираат само зашто сме стекнале самодоверба со нив.
Постот ми беше напишан за физички изглед. Поентата ми беше да се укаже поддршка спрема луѓето што се несигурни за физичкиот изглед. Ама потполно се согласувам дека не треба да се нормализираат некои состојби туку да се напоменува дека треба да се посети доктор/дерматолог.
За да акаш цел ден низ трговски не ти требаат пари знам да шетам со саати и ништо да не купам некој ужива во тоа. Иначе, ни мене не ми е ништо посебно. Само е поголем од другите
Низ муабет на тема дојдоа чоколадните глувчиња полнети со шлаг што ги јадевме како деца. Чоколадото горе беше крцкаво, очињата мислам дека им беа бели, внатре бел шлаг. Буквално уште вкусот им го памтам. Најголема радост беше кога ќе ни донесеше вујко ми од локалната слаткарница. Ќе почнам потписи да собирам да почнат пак да ги прават, со години ги немам видено никаде. Вкус и мирис како што знае спомени да ми тригерне, ништо друго не може.
Дали и вас од дома ви коментираат дека премногу седите дома наместо да бидите излезени? Посебно па во викенд ако не се излези, нема шанси да поминам неиспрашана зошто и како сум останала дома. Не знам зошто мислат дека ми е лошо со чаша винце и серија да си ја поминам саботната вечер. Настрана тоа, со круг од 5-6 другарки, па и не можам да сум секогаш во провод. Плус е преладно, со тешко срце го напуштам креветот, не па да излезам надвор. Некогаш излегувам само за да се поштедам од коментари, не дека ми се излегва негде. Да живеев сама мислам поредовно ќе си уживав во домашна атмосфера. Евентуално ќе собирав друштво дома, то ми е втора нај омилена активност после самувањето.
Отворено го прашав зашто не ми купи цвеќе за 8 Март, нели знаеш дека се купува, си можел и цвеќе од 50 денари да купиш, доволно ќе беше, ако немаш повеќе и ми рече: "Извини, знаеш дека не ме бива за вакви работи многу, друг пат кажи ми ако сакаш цвеќе.".
Глупости. Немора да му дадеш до знаење, он од почит би ти дал. Зарем треба да молиш за почит? Не. Ја покажуваш ако личноста ти значи. Сори ама морав да го кажам ова.
Јао, изговоров... Ако не го бива да одбере цвеќе можел да праша некој за совет или нешто друго да ти даде.
Интроверто во мене е презадоволен и пресреќен, поминувам убав саботен ден гледајќи серија (Breaking bad) и сега почнав да гледам филм (Love actually).
https://fb.watch/bJhwl55Mu2/ Нешто преубаво што уште од утрово ме стопи, и ме расплака во исто време.
Серијата е одлична. Главната улога, W.W. е олицетворение на разум и инстинкт. Уживај во интовертски дух и учи вештини на мудрување