Без разлика колку слични фотографии од зајдисонце имаш сликнато, природата секоја наредна летна приквечерина ќе додаде некоја нова боја, нешто посебно што ќе те натера повторно да го понесеш фотоапаратот со себе на прошетка. Never enough of beautiful sunset photographies...
Колку само се радувам на нова книга! Денес си купив две и директ на гости кај тетка ми. Кога ме виде насмеана со ќесето во рака, веднаш знаеше зошто се смеам. Мислам дека толку не се радував кога ќе ми ја купеа играчката што сум ја меркала од излог секој ден кога сум се враќала од школо.
Битката со комарците ми е конечно изгубена Луѓе, оваа година се појавиле доста спремни,како мутирани раси,штипаат ко ненормални.Меури еден куп. Ми доаѓа да се удавам во ракија,бидејќи очигледно само таа помага до некоја мера. Човек да не си облече здолниште,ќе треба да почнам како Арапите да се мотам,само очите да ми се гледаат
Многу ми е мака кога во периоди убави како што ми е овој мислите на иднината ми ја распиуваат сегашноста. Ништо сериозно и ништо спектакуларно. Август е прекрасен месец, ама за мене малку носталгичен затоа што веќе почнувам за да жалам за летото и знам дека каде и да е доаѓа за мене најнеубавиот период од годината, а тоа е од септември до ноември, особено октомври и ноември. Да можам, би ги преспала. Почнува есента, школо, обврски, болни деца, лудо темпо на работа, денот се намалува и додека успеам да кренам глава некаде кога ќе олабавам со обврски во декември, се стемнува во 4, ладно е, не можаш да шеташ надвор со часови, и ти преостануваат само дружбите со пријателите низ дома, натунтани во сто облеки. Дури не се ни радувам на одморот следната недела. Ќе одам да си ги земам децата, не сум ги видела еден месец. Исто и моите. Ама да бидам искрена, толку и децата и моите во моментов ме асоцираат на обврски и проблеми, што колку и да звучам како најнемајка и најнеќерка, сакам да го одложам земањето барем за едно две недели. Децата поради болестите што ги очекувам од септември, а моите затоа што немаат реални проблеми, па си измислуваат, а јас морам да балансирам. Од друга страна, како растат децата, се повеќе ми недостасуваат кога не сме заедно. Друг пат ме фаќаше криза после 3 недели, а сега веќе на половина на втората ме удри и тоа јако. Тоа е така затоа што сум свесна дека за некоја година ќе ме откачат и дури тогаш времето поминато со нив ќе биде кратко и скапоцено. Е зошто мора ова да ми се врти низ глава секој август???
Spoiler Сакам само да се надоврзам со Виножито, бидејќи наидов на една фотографија која ме потсети на нејзиниот пост. "What happened to your arm?" "I was walking down the stairs and looking at the stars." (Amman, Jordan)
каде и да одиме ние сме исти.далечината не не менува.исти сме.со себе ги носиме своите спомени,сонови,проблеми.можеби ја менуваме средината,луѓето,навиките но душата ни останува иста. еве се спремив веќе.куферите ми се готови.пак заминувам.ама пусто минато.никако да се спасам од него.каде и да одам го носам со мене.колку и да сум далеку ме болат исти работи.ме прпгонуваат исти проблеми.само надежта не ми умира.со секое враќање назат ми ги буди чувствата.
Oној кој не ризикува нема да знае дека по скалите понекогаш е лизгаво. Значи не важно дека сме се сопнале и паднале гледајки во звездите,важно е како ќе се исправиме. Spoiler Браво за девојчето ,што имала храброст да се слика со скршена рака и да каже како се случило тоа.Верувам дека таа пак ќе ги гледа звездите.
Сдк дојдов, видов и заминав Тапа, никој жив да чукне на тастатурата кога ќе се разбудите пак ќе дојдам сдк - Елеганцијата е единствената убавина која никогаш не исчезнува.
Ах, од ова соседКиве, дерман се нема значи, аман! :geek: Доказ за тоа ми е вчерашниот ден! Си се враќам јас утрото од кај еден пријател, накај 2 часот после полноќ, така замислена. Стигнувам така полека, и во близина на мојата зграда која со години има проблем со слабото осветление гледам нешто како силуета се тетрави и препелка по браздата. Дух ли е, што ли е, абе крв ми смрзна! Кога оно, соседката Стефка од втори. Кутрата се завила во црна шамија поцрна од мракот и закржлавено, но храбро рови со очите како филџан ококорени. Јас па паметната, фраерка првокласна бе нема што, си велам ај ќе заобиколам од другата страна, зад паркингот, така нема шанси да се сретнеме. И само што го помислив тоа, уверено чекорејќи си, одеднаш во тој глув мрак, нешто оооп почувствував како бавно ме потегнува за дуксерот. Е тука, виша сила ми ја зави устата и ме натера да не писнам. Од кај се создаде, ѓавол да те зеде жено, си помислив. Уште ,,Да не те исплашив?'' Ме прашува... Не не, таман работа, реков, провлекувајќи еден скиселен осмех бетер од лимонада без шеќер кога пиеш. Таа па, за возврат исто така кога развлече еден осмех од шеска до шеска, само шуќур без заби. Во меѓувреме напраивме уште два - три реда муабет, додека да стасав до влезот, успешно откачувајќи ја, и по скалите фатив шпринт у надеж дека нема да начекам уште некоја жива љубопитна залутана душа по мракот.
Еден тон амбиции и желби и пак некоја виша сила ги спречува коцките да се наредат. Многумина ќе речат „До тебе е, ти не се трудиш доволно„ , а вистината е дека не секогаш т.е. скоро никогаш не зависат само од нас работите туку и од луѓето околу нас. Не чекаш се само од небо да ти падне, се трудиш, учиш, трчаш, бараш, сакаш да работиш и по 12 саати ако треба и кога нешто ќе ти успее, на прагот си да го оствариш, се опушташ со доза на страв сеуште, си викаш дека уште малку и готово ќе успееш, ќе почнеш да си го живееш сонот и веќе си правиш планови, се гледаш себе си во тоа, си се радуваш и однеднаш БУМ! Некоја виша сила, се случила природна катастрофа, банкротирала фирмата, умрел работодавецот, ја преселил фирмата во странство, не сме се разбрале добро платата била 100 евра, а не 1000, грешка при куцање итн... Да ти се ..... во среќата! Потоа после некое време цмиздрење во кревет станувам и пак си викам дека не е толку лошо, ќе искочи нешто друго поубаво, пак се полнам со оптимизам и позитивност кои незнам од каде ми доаѓаат после милион вакви случки. И морам да соберам храброст за да им соопштам дека повторно нешто не успеало, а ме боли што ќе видам дека се тажни само затоа што сум јас разочарана па ќе ме утешат и нема да дозволат да паднам. And here we go again! Разгледував сабајле некои блогови на преубави девојки, со огромни плакари и козметика за извоз па се чудам и подзавидувам. Што убава работа си имаат, треба само да се дотеруваат, шминкаат и сликаат. Ќе напише 2-3 реченици да каже во кој дел од светот се наоѓа и од кој бренд се парчињата што ги носи и за тоа ќе добие некоја голема сума на пари, плус бесплатен маникир, педикир, останати други третмани и некоја скапа чанта или чевли. Потоа ќе сними едно видео на јутјуб за тоа како се нашминкала и и завршило работното време. Сега може да се посвети на тоа што ќе облече утре и да ја избере наредната локација за фотографирање. Останатите 12 саати од денот се резервирани за дружење со пријателите, ручек, коктели, плажа сето тоа уредно документирано на инстаграм! Ахх тежок живот и тешка работа ептен... Не зборам за тие што им е ова хоби туку на тие што заработуваат од блоговите и живеат од тоа, немам друго што да кажам освен дека топ си го наредиле животот, блазеси им. После коа ќе подостарат сигурно веќе ќе имаат собрано пари за да си отворат своја модна, стилска куќа или ќе бидат уредници на Вог ор ватевр!
Мисљим дека е трудно, ама у погрешну тему ти е питање, имаш теми тамо одговарајучи у друга категорија, ај гитла не биди оф топик да не те брише госпожа.
Другарка ми појма нема колкава среќа има што мајка и' работи во библиотека Жената оди по саеми на книгите, и' подаруваат книги, купува книги. Во нивната куќа има толку многу книги што тоа за мене е рај. Штета е што ги нема прчитано сите. Ама и јас имам среќа што ми е таа другарка затоа што се нуди да ми позајми книги на читање (што секако ќе и' ги вратам) Денот ми почна со одење до библиотека. Новата библиотекарка веќе ме научи Станав рано, во 8, за да не ме фати жештината. Потоа се вратив пак во кревет и до 1 и пол во кома И се разбудив некако збунета и тажна. Уште од сабајле (кој кога станал ) се оптоварив со мисли. А и веќе втор ден по ред ја ставам чоколадата во шкавчето и не ја јадам. Заклучок - нешто со мене се случува
Полека одминува и 2рата недела од новото работно месо. Работам точно две години. Никогаш посреќна и позадоволна не сум одела на работа. Никогаш не сум се вратила дома со осмех на лице како овие две недели. По утрото денот се познава.
Колку е убаво чувството кога после долг период, ќе се видиш со многу драга личност. Не ја пуштам веќе никаде да оде. Додека не беше тука, нема со кој асално да се насмееш, нема да ти потечат солзи од смеење, нема на кој да му кажеш дека е СЕ за тебе. Понекогаш, чудно е колку луѓе има околу тебе, а ти не си среќен со нив. А кога ќе си ја видеш драгата личност, не ти е потребен никој до тебе.
И како и секогаш, интуицијата не ме излажала, драго ми е за тоа. Човек треба да знае од кого може да прими совет, оној човек што постојано менува мислење, како другите ќе му кажат, не е некој од кој би требало да се прифати совет.