Сдк 2 работи: 1.Обожавам да давам совети, да сослушувам луѓе и да помагам.И гледам најдобриот совет да го дадам.Е сега, супер би било тоа што ве советувсм одредени, да го применувам и кај себеси .За други одма ќе најдам чаре и совет, а јас кога ќе заглавам, заглавено е.И мислам кај сите е така? 2.Што к прават одредени родители кога ги ,,воспитуваат” своите деца.Ма дали сте нормални бе.Што е смешно овде, може некој да ми објасни? абе Бог да чува и да брани.Затоа во темана ,,детска искреност или невоспитаност”, викам дека не е само дај му телефон од мало и пари и нека крши глава.Повредуваат нечиви чувства еј.Не е доволно што се три деца без еден родител, па уште мора и да ги измеваат?На секој може да му се деси тоа, безразлика од која причина ќе остане без родител, а сите еден ден ќе останеме. Дај малце припазете со децата бе.Или дома се сонциња, а надвор на Госпдо бељата?
Се повеќе бракови се распаѓаат меѓу младите. Просек година до две. Не разбирам зошто дојдовме до тој момент да не можеме да научиме да толерираме, да имаме взаемна почит, да се потрудиме да искорегираме нешто. Ептен е тажно.
Се согласувам до некаде, но не целосно. Јас би рекла дека бројот на разводи конкретно е поголем бидејќи луѓето денес повеќе стануваат свесни за својата вредност и дека не мора воопшто да трпат некој кој не им одговара, некој насилен/изневерувач или едноставно некој со кого не оди. Порано многу трпеле за мир в куќа, трпеле за родителите, за децата, за пријателите, за комшиите, за сите. Но животот е еден, и воопшто не треба да го поминеме со некој со кој не сме среќни воопшто. Од друга страна, мислам дека многу од врските се кревки и при првиот проблем многу луѓе сакаат да избегаат, наместо заедно да се потрудат со партнерот да имаат отворена и искрена комуникација. Секако ова не важи за насилство од било кој вид и за изневерување. Но некако очекуваат дека сѐ секогаш ќе е лесно, а тоа е невозможно дури и со човекот со кого делите искрена љубов.
Тема на денот: Статија за различен третман на разведена жена и маж на еден мак портал Коментари: Ват д акшуал фак? Не знам зашо сеуште се изненадувам на глупоќа.
Преку глава од блогерки и инста мамички со една прочитана книга за личен развој која забегува во друга нерационална димензија. Прво, добро утро. Второ, има граница каде е науката, а каде веќе е псеудото, не забегувајте. Трето, не, тоа не се теми што секој е подготвен да ги слуша само затоа што вие сте ги откриле. Четврто, тоа е ваш пат и начин на доживување, не изигравајте причери, кога ќе созреете по патот ќе сфатите што сакам да кажам. Имате уште леб да јадете да стигнете до фазата да зборувате така по тие теми, ама додека да дојдете до стадиумот да имате реално што да кажете веќе сте во мир со себе и сфаќате дека секој има свој уникатен начин, свое доживување, своја приказна и свои искуства и немате потреба да зборувате. Нормална ви е фазава, ама бидете свесни. И не, не сакам да се зачленам да ги купам твоите масла и орбс се теорија и не постојат, не сакате да забегате во таа "димензија" зошто па тек тогаш релевантноста ви пропаѓа па ептен. И се ова кога ќе го почнете, ако го правите искрено и со вистинска цел, едно е заедничко за сите - чувството е како да сте на ужасен ролер костер со полна пелена и врискање дека сакате да се симнете, и почесто се осеќате како дека се распаѓате, отколку во хармонија. Убавото доаѓа на крајот и не е баш крај по кој се е супер. Престанете со вашите глупости од кои сакате да правите пари и да добивате внимание. И резултатот - ви расте EQ и помалку сте толерантни на булшит, те не проаѓа сешто, а егото прво ќе ви скапе, па ќе се роди она новото, нормално и здраво. Не им треба на луѓето модерни причери, оставете ги на раат. Терајте си го патот во интимност и мир, толку е. Безобразно е дури додека некој скрола по инста да му ги пикате под нос вашите откровенија. Брзи кредити, сомнителни суплементи и чаеви, нови "религии", будалштини кои светот одамна ги живееше и ги надмина. Бидете етични, толку само треба. А ашваганди и слично, на форумов одамна си инфлуенсаме и живееме. Микрокосмос е ова.
Почнав да го прередувам гардероберот и открив дека имам фифти шеидс оф сино внатре. Давам извидничко ветување дека повеќе нема да купувам кошули, поконкретно сини кошули. Фор дет метар, нема да купувам ништо од партали до летото/есента. Не ми верувате на пишаното погоре? Тејк а луук фор јорселф, има уште 2 сини кои се за перење. Spoiler
Нема ништо посмешно од бебешко смеење, ама оноа кикотењето што не можат да го контролираат! Абе се газам од смеење до солзи, едвај се воздржувам да не се подмочам, ме болат сите мускули од смеење кога бебе ми се смее така, па се фаќаме во оној хистеричен синџир на смеење, колку повеќе се смее едниот, толку повеќе се смее другиот!
На објава на ФБ за тоа зошто често паѓаат при полагање на возачка, од факултети.мк имаа напишано “буткаат/бутнаа”. Во коментари муабетот од “бутна” не е литературен збор, стигна до “зашто неа и го немаат бутнато” за жената шо укажа на правописната грешка. Значи страшно колку мизогинија има во државава.
Роденден. Дојде и 21ви, и така си минат годините, и додека да трепниш, не си веќе дете! Ама ако, верувам дека секој период во животот е посебен, па ајде сите на торта кај мене! Cheers!
The "perks" кога се слушаш со некој од друга држава а не си го знаете (доволно) јазикот на другиот е да си зборуваш на свој јазик па да му лепиш превод на неговиот, а исто и другата страна. Па чекаш да ти преведи, тоа оди бавно, а различни временски зони со 4 часа разлика и дошло време да спие бидејќи е на работа следниот ден. Но морам да признаам, прекул човек е и на крај се осеќав ептен bittersweet.
Благодарам лепото Благодарам мила! Не бееее, какви 14, рандом торта од пинтерест ја најдов, туку потајно би сакала да сум пак на таа воздраст, баш убаво ми беше тато носи - мама меси, ама немааа!