Сакам да кажам дека на младиве им е тешко да најдат работа.И жал ми е за нив,но уште повеќе ми е жал за жените од мојата генерација кои ги сретнувам низ ходниците на Бирото за вработување со празни погледи и наведнати глави.Во нивниот одраз се огледувам и јас.И што значи воопшто коментарот-твоето било и поминало.Што сега да направам,да одам во некоја тундра и да чекам тивко да умрам?Младоста е позади мене и можеби имам помалку време пред мене отколку позади мене,а имам уште толку многу желби,неврзани за семејството и понатаму ме интересираат уште многу работи...сакам да патувам ,да запознавам нови луѓе и места,да прочитам да осознаам... Се чувствувам како бесно животно врзано со ланци,не сакам до крајот на мојов ебан живот главна преокупација да ми биде дневното мени. Кога само малку некое ветре би ме потурнало во грбот,се би било поинаку,се...
Ах мори Спешл, ти си родена за Оксфорд Стрит една недела пред Божик. Да ти кажам трик. Не ги гледај луѓето во очи. Цепај напред со поглед во празниот простор и ќе видиш како тие ќе те заобиколат тебе, оти и они те гледаат во очите, а ако твоите очи гледаат десно знаат таму одиш. Левел 2 вежба, да успееш со овој трик да поминеш помеѓу очигледно двајца луѓе кои шетаат заедно без да се судриш, веќе си про, ама пази да не се водат тие двајца за рака
Животот е краток... Ден кој целиот мој живот нема да можам да го заборавам и кој секогаш ќе ми предизвикува болка во градите. Ден кој засекогаш го промени мојот живот. Почивајте во мир.
Затекнав вести на Канал 5,па си реков да видам што има. Шта речи. Ај настрана црните хроники,ама ова водителите или уредниците или којзнае кој,па толку конфузни,толку збркана работа и мешавина од вести,незнаат што попрво да кажат сакајќи да ги навестат сите вести на почетокот. Од една на друга,па на трета тема,и тоа само најава,и за се кажуваат најпрво оваа вест...а испаѓа ни најпрво ни второ, ами последна вест онаа првата ,додека сосема трета е првата вест. Стојат двајца репортери на две различни места од државата,и двајцата ги гледаме на екранот,ги најавуваат и ,прво првата и оваа клима и се смешка,готова да проговори,но не,прво другата во меѓувреме што се наоѓа на една друга страна од земјата со сосема различна тема од првата. Искрено,се збунив. Ги сменив. Ма Фокс лајф рулс.
Колку сум изгубена значи јас немате појма. Домашните ме викаат изгубена-заљубена. Не дека не е точно не викам не. Седиме со братучетка ми и досадно ни беше викаме ај ќе и се јавиме на нејзината братучетка 8 годинки има, роденден и е деновиве. И пушти она на звучник разговорот и братучетка ми на нејзината братучетка и вика **** и Дрим е до мене, се знаеме со девојчето иако ја немам видено година и нешто. Така Дрим изгубената-заљубената треска огромна глупост, не е возможно колку касно ги сфаќам работите. - **** со што ќе ти биде тортата? - Дрим со Ариел ќе ми биде, дојди ќе ти чувам парче. - Со Ариел? - Да, со Ариел, многу ќе ми биде убава, најубавата торта ќе ја имам, мора да ја видиш! (дете се радува нормално и јас така до пред 2 години ех ми фали времето сега признавам) - Со прашокот Ариел? Кога почна да се смее братучетка ми и нејзината братучетка и почна братучетка ми ааа изгубена-заљубена и цело време така. После ми текна уствари дека е со сирената Ариел, ама сериозно прво помислив на прашокот Ариел. Ај битно ги изнасмеав другото не е битно.
Јас еве добра,седам на тераса,цел Дубровник ми е на дланка,и пијам Captain Morgan. Да не ме мислите..
Слушам на вести на жолти и портокалови фази, најтопли денови во годината, а јас последниве неколку ноќи спијам со пижами со долги ракави + тренерки и едно дебело ќебе. Измрзнав! Надморската височина и густата шума си го прават своето. Моиве ми викаат : Седи си на планина, Скопјево е пекол! Да им кажам дека тука со фенот си се топлам, ќе ми се смеат
Конечно шкртнав уште еден ден со плавиот маркер од календарот што стои во ходникот , ајде ајде кога ќе го ишкртам цел август аман. Ми се оди на одмор ама стварно. Се спремив све уште пред недела дена уште куферот да го наполнам и гитла на море. Да уште и да дојде тој 1 - ви септември. Годините наназад денот го чекав да тргнам на училиште а денес го чекам да се одморам
Дали некогаш сте се почуствувале дека сте започнале трка по љубов која никако да ја завршите? Само што ќе помислите еве ја завршната линија, стигнав до целта, нешто ви се испречува на патот и паѓате се враќате на почеток и тоа со тешки повреди.Следи период на закрепнување и повторно истиот пат, повторно истата трка.Помислувате како сте изморени од сето тоа, но мотивот за љубов и припаѓање е појак и продолжувате одново и одново-кога ќе стигнам до целта? Понекогаш дури и кога мислиме дека сме стигнале црвеното светло се пали-сигнализира дека сме залутале од патот, е таа трка ми е мене и премногу позната, а на вас? Понекогаш посакувам книга полна со упатства за магии и среќни краеви, полна со прашина во соба која никој не ја користи.Ветрот да го подотвара прозорецот внесувајќи мала доза на ладовина од која повеќето ќе се вгнезди меѓу разлистаните страници оние последните,”Како да створиш љубов?”...напиток кој мора прво самиот да го испијам, па откако ќе се уверам дека делува сигурно ќе делува и на онаа што ќе ја одберам...
Суштината на животот и љубовта не е да најдете некој без кого нема да можете да живеете, без секој се може, туку да најдете некој со кого ќе можете да живеете! Spoiler Големо и битно откровение за мене.
СДК прееска си лежевме на кревет со моите и разговаравме за порано, времињата на првиот телевизор и како баба ми кога купила на санка го довлечкале и со недели се собирало цело маало кај неа под прозор и се чудело каква е таа кутија што збори , а потоа имало и некои кои го покривале телевизорот додека се облекувале , кога на нашава уличка поминувала само една кола во денот, кога мајка ми морала да врие во лонец тетра пелени и се чудела кога некоја нејзина другарка дошла од Швајцарија и видела како му става на малиот пелена за една употреба... И тоа како брат ми бил 100 пати поскромно и помирно дете од мене. Да не должам, прекрасно е човек да слуша за тоа постарото време, искрено многу пати сум посакала барем за момент да се најдам во тоа време, можам да се замислам себеси како љубопитно ќе набљудувам, нешто како Алиса во земјата на чудата. И да, многу е убаво да се потсетиш на детството кога тоа оддамна не си го направил. Барем за момент успеавме и брат ми да заборави на она што го мачи. Криво ми е за него, сакам да му помогнам а се чувствувам толку беспомошна.... Господ ме создал пречувствителна, кога гледам тажни луѓе и јас чувствувам некоја тежина на душичката и грутка во грлото. Тоа е, живот. И посреќна сум што Господ ме создал ваква отколку да сум била лицемерна и крута, не сакам такви луѓе. Слатки сништа и секоја чест на оние што ќе успеат да заспијат, не знам за вас ама јас се сварив, место не ме фаќа.
Да се биде природно сериозен е една работа, ама да се биде вештачки сериозен е друга работа која патем од авион се гледа.Те така лесно и едноставно
Она чувство кога ти е толку досадно што ќе земеш да си ги црташ бившите на paint,па и тоа ќе ти се здосади и ќе земеш учебниците да си ги разгледуваш,да видиш што ќе учиш за три недели Чувството е неверојатно МОЌНО. Знаеш дека правиш нешто за себе и за својата иднина,и собираш вредни информации кои нема да ти требаат никогаш во животот . Посебно ако учиш медицина. Ама чувството,како и да стојат работите,е моќно. Онака,еден ден,не ставаш други книги или телефон во учебникот кое што обично го правиш за кога ќе дојде сестра ти да не види дека нема учебник до тебе и да те накодоши на мајка ти дека не учиш,и таа ќе дојде и ќе те потсети дека уште една година ти останува до факултет,туку едноставно ќе си ја фатиш книгата и ќе си научиш. Фалењето после е јаготка на шлагот. Си прочитал една лекција,и на сите ќе им кажеш дека си се убил од учење. Твоите ќе те погледнат гордо и ќе ти ја откријат тајната локација на благото сочувано за гостите. Можеш и да лажеш дека си учел,ама едноставно не е тоа тој филинг. Вака си се гордееш. Moral of the story: Учи за да си мислиш дека учиш,дипломата и онака се добива партиски Кога ги земав книгиве годинава,во Јуни,си ги мкнам од школо до дома,и непознати почнаа да ме поздравуваат,да ме прашуваат како сум. Еден дедо ме праша дури и дали ги продавам книгите. Кога ќе се потрудиш за нешто,па макар и да си носиш три кила книги до дома,сите те гледаат на друг начин. И кога ќе се сопнеш во автобус исто те гледаат на друг начин. Сакав само да кажам дека сум среќна што уште е лето и ќе можам да уживам во своето најомилено хоби - не правење ништо.
Ако не ти се спие седни да поразговараме на темава за сериозноста де Spoiler Е тоа е (Озбилна) и убаво ми е