Еј ама стварно е пресмешно она ќе се спукате во некоја тема, нема аргументи и после во СДК без цитирање некоја мотивациска срцепарајучи порака како сите се лоши на светот, а ти душичка....
Зошто? Таа тема е за слободно искажување. И поарно во таа да пишуваат.Во оваа тема секако дека ќе има реакции.
Зашто служи за истурање на фрустрации, правење жртва, глумење лудило, секако ова за 2-3 членки ги знаеме кои се. Ќе има реакции ако пишуваш глупости нормално.
Говор на омраза против наставниците? Не. Тоа е реалноста драги. Си отварате приватни училишта и правите тортура од вработените, плус си имате и државна работа. Не им плаќате придонеси на истите. А кукате дека 22.000 биле малку. Не, не се. Сосема вистинит е текстов. Повлете. https://mastilo.mk/2022/04/17/shtra...serka-ima-vazna-poraka-do-dragite-nastavnici/
Ќе се надоврзеш пасивно агресивно, ќе те избришат, ама добро, барем си се искажала, да помине меракот.
Кај реков дека не ми се свиѓаат луѓето? Едноставно не верував дека има некој што ги гледа (уште пострашно за мене "ги слуша").
Човеков многу ми е антипатичен искрено ама ова е можеби најпаметната идеја што сум ја слушнала од политичар последните неколку години. Се надевам ќе се реализира. Начини има милион ама на кој да му текне.
Види вака, нит некој дошол кај тебе дома и да пушта турски серии, нит ти сменил програм и пуштил турски серии. Остај ги луѓето раат да си гледаат што сакаат кај сакаат. Чао.
Некој деновиве се пожали дека рипнала цената на улошките. Користам Feel fine или Yup, беа 50-55, па 60, па 65. Ајде до негде ок, сега купувам 75 од пакетче алоо И тоа од маалска продавница, по големиве маркети можеби се поскапи. Ова срамота веќе..
Тука се согласувам, на таа тема и не треба многу да се коментира. Немам ништо против турскиве серии, лично мене Добриот доктор ми беше ок.. некои други за никаде се.
Нека си гледа кој што сака, а јас ќе се трескам од земја и тука и каде сакам и колку сакам. Ако не па ти кажи кој што смее да пишува на форумов Мислев комшиите се кољаат по дома, од памет ме извадија, они да ти гледале турска серија (сакаме емоџи што се крсти)