Не дај боже да ги немаш тие пишливи 28ден споредби нема да правиш колку истото чини на приватно. 28ден ден за некој е богатство а секој треба да има право на здраство и без тие 28ден .
Точно, ама да не се чудиме кога е полна црна хроника со смрт на луѓе по болници Сиромашниот ќе нема за детето 28ден и идиотине играчки ќе си играат со здравјето на детето, нема да му даваат резултати.
Дворот на соседот, полн со булки... Раката на природата вешто нацрта убава слика... Уште повпечатливи се во реалност, црвената боја го мами погледот, јас уживам гледајќи...
Што има полошо од колешка што седи до тебе и зборува само за детето, како направило и што направило? Колега што го праи истото. Значи, не мом поќе да слушам една те иста тема.
Во последно време станав огромен песимист. Секогаш го очекував најдоброто, а за возврат го добивам најголемото разочарување.
Кај нас поефтино не може да биде здравството. Ако е така и леб не треба да им се наплаќа на некои луѓе, ама тоа е, не може така да функционира општеството...плус кај ќе разграничиш кој да плати а кој не.
Бесплатно здравство тешко дека некаде има.Сум чула дека во Италија има,доколку се јавиш како итен случај и користат некој солидарен добротворен фонд од католичките верници. Можеби и кај нас би дошло еве некоја симболична цена од 5 денари,доколку надлежните служби направат чистка ,на злоупотреба на лични карти кои ги поседуваат лица што се наоѓаат во странство или примаат странски пензии овде,а се водат кај нас како невработени и користат бесплатно здравство,добиваат пари за трето дете,како и огромен број што се водат невработени а работат на црно на пр. во градежен сектор,а користат притоа дополнителни бенефиции,детски додаток, бесплатен престој во студентски дом,ученички ,студентски стипендии,додека огромен број со својот минималец одвојуваат за здравствено -пензиско осигурување а притоа им се ускратени овие бенефиции. Многу работи не штимаат во нашава вечна ама тоа е,вечна нека ние.
Има посебни категории на луѓе за кои е бесплатно. Тоа се најчесто бремени жени, болни од канцер, новороденчиња, крводарители итн. Меѓутоа тешко дека за сите би можело да е бесплатно, скоро секаде е така. А убаво звучи тоа бесплатно здравство ама е тешко остварливо.
@Star_dust Еве бе свекор ми спаѓа во "посебна група" па пак сакаат и пробуваат да му наплатат огромни суми.Мене во бременост ми наплаќа се ( факт е дека и за трудници прават далавери) , колку само крводарители си плаќаат ехеее.. Не е за тие 28 ден, друго е муабетот. За системот ебан.
Па за далавери први сме ние како народ, скроз те разбирам. Едно е како треба да е, а друго е како стварно е. За жал, со години е така.
@Star_dust Друг пример кога бев на рендген при итна ситуација (сообраќајка) дотичните не сакаа да почнат главата да ми ја снимаат без 120ден Мажот ми во моментот не носеше, го чекаа да извади пари па да ме снимаат. А ако немаше ни од каде да извади пари ? Па ќе ме оставеа да умрам.
@LiliBoz Не бе во Скопје ни денар ми немаат побарано пред да ми помогнат (се пораѓав царски) немало со нив инциденти (фер се) ама во провинција секој човек се воздржува да не ги отепа.
@Star_dust @LiliBoz Лесно е да кажуваат /правдаат здраството кога живееш во Скопје . Па таму колку/ какви доктори има,јас бев воодушевена. А во провинција шансите за умреш се над 50 посто.
@LiliBoz На клиника има избор на доктори од сите бранжи. За се што ми требало специјалисти доктори секогаш имало. Во провинција секогаш има само еден двајца ,кои се дрво пијани и замисли треба да те лечат. Се не испаѓа на тв тоа ќе кажам.