Аман бре,каде ова,моето искуство погоре се однесуваше на болници од провинција,не е во ред тоа.Кај нас знам ,посебно при отпуст на родилки сум видела ,ја оставаат книшката ,лична карта ,додека семејството се снајде за пари.Еве јас секаде ,правев прво прегледи, анализи,снимања па потоа ми побараа пари,никој пред да ме прими.Требало да го пријавиш.
Најлошото е што воопшто веќе ништо не ме чуди. Жал ми е за тоа што ти се случило. Мене кожа ми се ежи и ми се повраќа од страв ко ќе ми речат блискиве дека треба на болница да одат,без разлика дали само контрола или некој зафат
Ти ја сфаќам маката, со помин да ти е. Ама ова ставање во ист кош и насилството многу ме нервира за било која професија. После се' шо претрпеа изминатите две години, ама тогаш беа аплаузи на балкони. Не дека нема секакви, некогаш "недајноже" да треба да се лечиш. Ама во случајот вината барај ја во системот. Иако за разлика од другите држави кај шо саати, месеци ќе чекаш, овде барем колки толку имаме пристап и е каде каде поевтоно. И некогаш се злоупотребува. Пред да ми напишите дека ги бранам, не, ама некогаш на грешно место се бара вината.
Село гори, баба се чешла (и става селфи на Инста чешалот да го испромовира, must have е) #модернажена
Да,ама 28 денари никого нема да обогатат. И така ги даваат за глупости,за кафе од апарат да речеме. Поентата е кога видиш дека некој нема може да се понуди да помогне и да ги покрие. Само дека постојат себични луѓе пре ќе те омаловажи пред сите и детето отколку да ти пружи рака.
Оние мајки што се фалат дека рано родиле и ти мрчат со "ајде време ти е, јас на твои години дете доев" ама притоа не можат едни скали да искачат ми се онака комедии. Битно млади мајки се на возрасни деца. Мање битно што изгледаат и се енергични како 20 години да се постари.
И се преокупирани со нивните деца и фазла муабет од тоа не знаат. И мрчат како не можат да излезат, не можат кафе да пијат раат, и ти објаснуваат како треба совреме да родиш оти после се праеле компликации. А, муабет за некој курс, нешто ново за надградување кариера, не мора да е со пари, селф стади нешто? Слабо.. Битно е да се мажиш и дете да родиш. Лорд!
Ама и ти не знаеш фазла муабет од бракови, деца и анксиозност. Секој со своето. Јас толку да се надоградував како тебе ќе немав време да заприметам какви се туѓите бракови, ниту да ми засмета.
@Alm. Не сум го решила така проблемот ама сигурно дека нема да оставаме на нивна милост дали ќе не прегледаат нас /дете. Не ги осудувам луѓето кои се решиле на бокс.
Јас морам тоа да го слушам секој ден. Не можам да избегнувам муабети. А, да видиш чудо, јас никогаш не им зборувам за анксиозност и како ми е тешко секое сабалје да станам од кревет или како добивам секој втор ден паничен пред нив.
Имам и јас анксиозни луѓе во фамилија, не зборат надвор ама зборат дома, секојдневно. Не можам ова, не можам тоа, чекај вода заборавив, чекај лековите, не можам со кола, не можам со авион, не можам жешко ми е, не можам, не можам.... И така до недоглед. Па не доаѓам секој втор ден тука да пишувам колку е напорно, дека не можам да ги слушам, а сум имала моменти кога сум сакала да пресечам засекогаш. Затоа реков секој со своето, на сите ни тежи нешто.
Јас сакам затоа и да престанам да ги давам сите околу мене ама малце тешко оди тоа. Се сум опседната со ствари за анскиозност. Пробувам сеа позитива да внесам и јас уште тоолку негативно.
Јас некои нови инф па би си ги задржала за себе зашто се имам дружено со идиоти. Верувај подобро е некад едно да збориш и 5 дена. Едит: Не знам за што точно зборите