На автобуска постојка денес,чекам некои 10 минути.За тоа време млад дечко со очигледни ментални проблеми,без да помрдне тело,глава,поглед,со истурена коса напред до уста,исто толку време,така стоеше,застрашувачки изгледаше. (Не знам дали се работи за истиот,но во група спомнуваа дека им вршел суптилна агресија ,со гаѓање на предмети во нив) Исто девојка,со очигледни ментални проблеми,две години се шанта на улица,избркана од нејзините од неедуцираност.Ја наведуваат на проституција, старчишта и глупаци други неизживеани,како бре,не ја приметуваат, немаат ли жал?Во овие две години заби и испаднаа,пропадна девојчето кожа и коски се стори од што спие каде најде ,почна и сама да зборува. Сакав да кажам,сакам да прашам , има ли некој да се погрижи за овие лица? Иако се полнолетни,иако имаат ,,семејства,,постои ли некој,нешто, институција ,што макар насила би ги згрижила ,да не се ни по себе ни по другите опасност. Дали е само вака кај нас да шетаат слободно темпирани бомби,или лица кои ден по ден тивко умираат,или насекаде е така во светов?
Сега на автобуска едно дете/личност со очигледна попреченост се соблече пред сите гол.. Татко му почна да се извинува, и него му падна незгодно, човеков не знаеше што да каже.. Сакам да кажам, секоја чест на родителите на деца со посебни потреби, што се трпат понекогаш, ни самите не се свесни, челични живци понекогаш треба да имаш за вакви личности и вакви работи..
Не ги згрижуваат такви личности нигде, кога ќе полудат ќе ги сместат во Бардовци и тоа е тоа, до крај таму..
Тие се знаат,тешко нив,невидливи борци,што добиваат од државава вечна да ни била ,пишливи5000 денари додаток,со кои лекови не можат да им купат а не храна .
Жално,девојчево е веќе за во институција а баш се движи секојдневно и пред полиција,и пред Центар за социјална работа,никој не реагира,баш никој.
Мртв не дава пари за фудбалската репрезентација да ја гледаме на тв а за педеровизија им е отворен газот. Еден убав метеор само треба.
Не е точно, и во Бардовци не може да лежат до бесконечност, прво ако нема пријава од родител, член од семејство, полиција не може никој да те хоспитализира, значи ако не правиш беља и не си опасен за околината мали се шансите дека ќе земат некој.
СДК, многу се нервирам народот што не собира измет од кучињата кога ги шетаат. Во живот не сум оставила гомце од кучето мое на улица... тревниците полни гомца во разни големини и бои. Денес па една дотерана госпоѓица, се нашминкала, се стокмила, си го шета пекинезерчето... и тоа шлаааак една торта на сред пешачка зона... и така елегантно госпиѓицата, како што и доликува на една отмена дама, си продолжи по патот како ништо да не било. Зошто бе луѓе, зошто? Еден па така не си собира никогаш, стално го гледам.. му викам, оти не собираш со најлонче? Вика, ами природно било тоа, само ќе си се распаднело, баш поарно за тревата. Абе Бог да чува... сите сакаме како на Запад, ама ние да си останеме вака прости... епа не може така, секој од себе треба да почне.
Во последно време многу повеќе сум амбициозна од порано, повеќе се трудам да успеам до зацртаната цел и се чувствувам поотворено и поспремно за многу нови работи. Се надевам дека ќе трае вака.
Видов дете во Ист Гејт со електронска цигара. Знам дека има и такви без никотин, но ова инфлуенсерството искочи од контрола...
Имав една комшика што не собираше измет зашто...гадно ѝ било да го фаќа и преку најлонче или ракавици. Овие и тие што шетаат без поводник во населени места, особено големи кучиња... е не можам да ги сварам. Свака част на тие што имаат куче и не се понашаат ко цел свет да е нивен кога го шетаат.
Веќе една година имам куче и затоа повеќе пратам од порано како се однесуваат луѓето со кучиња. Запрепастена сум од некултурата!!! Еден еднаш кучето пред порта на една куќа му се испокака, и си продолжи ко никому ништо. Замисли излегуваш од дома низ порта и ЦАП в лајна.
Не знам дали се става “ми се допаѓа“ за нешто што се смеам. Уште цел месец кога и да се сетам ке се смеам за “ЦАП в лајна“. Иначе и во Ѓорче кога се шетав на тротоар, едно магаре од куче газдата си го шеташе и остаи на сред “магарешки куп“, па не се чудам полиција што не проверува ... ке треба како преку шаховска табла да гази по тротоар пред продавници и куќи.
Само што дознав една другарка имала голем здравствени проблем. Блиска личност, не можела да има 3 години деца, и по тие 3 откако роди, ни кажа. Роднина, откако и го отстранија ракот, дознавме дека го имала. Е сега, што ќе беше ако овие личности ги споделеа своите проблеми? Можеби ќе најдеа решение што побрзо. И од нив добивам одговор. " Како да кажиме? Што ако сте ни блиски? Не се зборува со секој. Ќутевме ние со години дека не можиме деца да имаме... Оти ти што си анксиозна и депресивна, зборуваш со секого? Чудна си...." И така маките ќе си ги преќутуваме... Не можам да сфатам каде грешам, ако си споделам проблем со блиски луѓе.
Абе чоек, по сто милионити пат: доста се споредуваш со луѓе. Овој вака прави, оној вака вика, а јас вака, јас онака. Секој е различен, со различна желба, перцепција, мислење. Ако некој одредено нешто кажува или прави, не значи дека и ти мораш така. Конкретно за муабетов, еве јас сум човек што нејќе да споделува работи, едноставно не сакам да знаат луѓе што мислам, што ми се дешава, итн. Затоа пишувам во дневник. И повремено дрдорам тука, како MissChievous. Така ми е убаво, да не споделувам многу многу на други. Можам да сослушувам други, не ми е проблем. Можам да давам совети, да помогнам. Ама за мене не ми се збори. А ги разбирам и луѓето кои сакаат да зборуваат, да споделуваат. Ги разбирам. Кој сакаш што сака нека праи. Така да, џабе анализираш и филозофираш, ако ти се збори, збори. Ако сака некој да те слуша, супер. Ако не сака, не се лути. Сите сме различни.