Другари, плиз не цепидлачете ова е штетно, она е здраво. Добро знаеме со што ни е "богата" почвата, каков ни е воздухот. Не сме Швајцарија или друга земја каде што се е сјајно и бајно. Па кога ќе почнете ова е здраво, ова е органско да, мај ес
Денеска сѐ е канцерогено, не е само кокаколата. Не дека ги поддржувам газираните пијалоци. Напротив, исфрлени се од моето мени. Само вода си пијам. Ниту овошје, ниту зеленчук нема здраво веќе. Едино во Јапонија што (можеби) нема загаден воздух. Но, пак има фабрики, ова-она. Пак има загадување на воздухот. Така што, не е само кокаколата предизвикувач на рак. Кога ја согледувам реалноста, ми се живее во време на Адам и Ева.
Почнаа да ми се прават проширени вени вечерва прв пат забележав... Ми се плачит не сакам да бидам доведена до фаза каде не ќе можам да облечам фустанче оооффф
Рекламираа пред некое време на тв едно кремче за проширени вени. Да провериш у аптека. Ништо страшно, немој да се секираш и фустанче да си носиш.
Хепатромбин. Не е скапа,мачкај се кај имаш вени,каде што се познаваат. Имам и јас ама не ми е толку страшно,совршен и онака не можеш да бидеш. Исто така,кремава помага и за модринки.
It's not like it's better. Шо за шеќер, шо за џигер. Барем при редовна конзумација и во големи количини. Инцидентно многу штетни работи се океј. Инаку ако си решена да ја откажиш, најважно е МОРА да си решена да ја откажиш. Инаку секогаш ќе наоѓаш изговор и ќе остани на муабет. И после ќе намалваш. Ако пиеш три чаши, почни да пиеш по две 2-3 недели. Па по една- една и пол уште 3-4 недели. Па пола чаша. Па 4 пати неделно. Па 2 пати неделно. Па инцидентно. И да помага за низок притисок и лошење - то е инцидентно пиење. Не е секој ден. За секој ден е прештетна. Да. Прештетна. Колку и да неќите да слушните то сепак е популарен пијалок. И ко чоек со низок притисок и лошење ради главоболки, ми има поможено вистина. Ама секогаш прво нешто друго ќе пробам. Ова ме носи кон другото шо сакам да го зборам, а темава ми го отвори патот за то. Вистина е дека не е се здраво и не живејме кузнајкаде. Ама ради то шо се е загадено сме во ризик за многу болести од старт. И ако свесно прајме избори кои не се добри за нас, од ризик фактор влегваме во посериозна територија за развивање на болести. Од најмали не пуштале со салама, маргарин, леб, кечап и мајонез на улица. И сфаќам дека сега не јади носталгија за то, како сме биле еднакви, то гозба ни било. Исто така е екстремно нездраво. И ни ги прај навиките за храна во иднина како шо растиме. Многу е полесно да земиш здрави навики ко дете, него ко возрасен. И то најмногу по себе го видов. И некогаш дури лута сум оти родителите не се ни потрудиле со брат ми да ни вкоренат барем малку здрави навики во поглед исхрана. Сите имаме нешто. Кој притисок, кој шеќер, кој нешто друго. И барем мене дома ми велеле дека иди со годините. Не. Не. И не. Иди пред се со навиките шо ги градиме од претходно. Во се има исклучок то нормално и не зборам за исклучоци, ама во фамилијата имам хипертензија и дијабет па и кога ќе размислам немам скоро никој без холестерол. И кога гледам исхраната во комбинација со нивните состојби, станва јасно точно од кај идат. И дека не се во исклучоци да имаат ова ради други состојби. Мислам дека ептен ги занемаруваме цревата како втор мозок, а не па и главен мозок. И не велам дека "моето" е добро. Напротив и јас си ги борам демоните ( шеќер, десерти) ама нема шанси да речам дека е океј и да го прајш секој ден е вау супер зошто еднаш се живеј и ионака е се загадено. Оти не е океј. И мислам дека секој ден шо ќе каснам нешто шо не треба, како сама да се осудвам да одам на патот шо неќам да одам и патот од кој се плашам дури. Поентата на се шо пишев е, со самото постоење сме во ризик фактор ради загадена средина. Додавање поќе ризици оти "веќе е се токсично посекако" само тие ризик фактори прај да се пореална и поголема закана од шо беа претходно. Како свесна self sabotage. Ова не е баш кон никој насочено, туку пред се кон себе. Оти лута сум дека не секогаш можам да се справам со ED, и дека после недела и пол изгубив контрола над благо. Недела и пол е голем успех. Изгубив контрола е големо назадување. Пошто секој пат ко ќе одам да проверам крв се плашам. И сама сум крива. И зато сум крајно лута. На себе.
Решив дека е време малку да се повлечам од форумот на некој период а дали ќе се вратам повторно, искрено не знам, ама убаво се дружевме овде, едно рчкало помалку ќе имате..
За баланс на природата. Иако знам дека друго ти е поентата. Ич не ги сакам, особено оние летечките. А посебен хејт за пајаци.
Кога сме веќе кај инсекти и бубачки - https://www.fakulteti.mk/mobile/new...insekti-ne-treba-da-se-ubivaat-osite-i-muvite
Јас претходно: Леле едвај чекам да одам на свадба, не сум била од пред короната, ми се дотерува и ми се игра. Јас сега: Не сакам да видам повеќе уште една свадба во животот. Сериозно, претераа.
Едно време имаше премногу пепеутки и не можев прозор да отворам. А јас си пушам во соба и кога морав да отворам цела соба со пеперутки и бегав во друга па прскав против едно за бубачки. Сега со анск дека ништо не ме прави среќна и братучетка ми ми вика јас се радувам пеперутка кога ќе видам и ми вика радувај се и ти. Јас трауми иам од тоа лето…
Како мразач на инсекти треба да кажам дека гајле ми е мене за примарни и секундарни разградувачи. Шала на страна, ама нема ништо подосадно од мува. Освен за мојата мачка. Шо куќичка е таа за муви иначе. @Dashing:) Стави мрежи на прозорите. Кај мене летен период има пајаци. Скроз ми се фобија. Јас не ги сакам тие ноќните пеперутки и баш ми се језиви. Оние шарените сакам кога ми стојат на рака и бубамари сакам. За овој живот доволно.