Точно. Нема што да се зборува друго. Емпатија за глупи проблеми и на глупи луѓе не се дава особено некои што не подигнале потешко од игла во живот како типот што го оговарам. Бтв го знам дечкото пред да кажеш дека лупам без потреба и да, океј тип е. Само девојчево е многу од оние што веруваат дека врска е гушки, бацувки и срце мрце те сакам ме сакаш, што се жртвува за него, што се потресува ако он не се напил вода денес или прстот го заболел, што го теши за секоја глупа ситуација и утре кога ќе си покаже право лице ќе се треска и ќе плаче оти вака и така беше. Возрасен маж го третира ко да е од стакло па ајде срце пак те сакам ако си се здебелил место да си ги гледа своите проблеми прво. Просто е заслепена од љубов и не и' е гајле он дали воопшто има потреба да се жали или бара утеха, битно она му е девојка, мора да му каже колку е нај нај иако самата има поголеми маки. Така што лигавата "емпатија" дека она го сака покрај тоа е непотребна. и претерана.
Во Ист Гејт се оди наутро во работен ден, кога нема гужва,нема турканици и е најубаво за шопинг. Жив раат.
Честитки Си го враќам филмот назад ко бев на твои години далечната 2004 година на матурската. Еххх спомени Ти посакувам успех во се она што си го планираш за во иднина.
Се радувам кога тешко тврдоглави и наивни луѓе реалноста ќе ти тресне од земја. Кога ги предупредуваш и им кажуваш како (не) треба да постапат и што може да се случи и тоа упорно и упорно и пак тераат по свое и кога ќе се случи тоа што ќе се случи, плачки. И најжално е што пак тераат по свое. Страдајте, што да ви кажам.
Па како поинаку народ ќе знае дека си бил во Охрид,на море,(фил д блинк)... Колку повеќе си фатил тен,толку повеќе си успеал у животот.
Мене не ми е до фраерството, туку се ежам од што знам колку е тоа сончање со минимален фактор штетно или уште полошо кога користат тие масла за да фатиш повеќе тен, тоа е веќе печење на кожата. А не знам зошто, како помала и мене ми беше мерак да бидам црна и да ми викаат дека сум ко крем, ама сега што е можно повеќе би се заштитила. Ама знам другарки што уште се радуваат како деца и цел ден се сончаат.