За секоја друга област без проблем би одбрала маж-доктор.Ама, за гинеколог попријатно би ми било да е жена-доктор. А, на тие што можете да спиете дур грми, блазе си ви.Јас не можам, се плашам од грмежи и се тресам.
Мажот гинеколог ви ја третира вагината исто како и мажот стоматолог што ви ги третира забите. Ама вие си знаете.
Па свашта има по светов. И не мешај баби и жаби еднаш ги осудуваш тие што мажите им забрануваат да имаат машки гинеколог, а веќе наредните неколку минути ги осудуваш и тие што самите одлучиле да имаат машки гинеколог.
Е не сите. Ние што имаме маж гинеколог не не осудува. Јас пак не можам да се замислам кај жена гинеколог, кај маж немам проблем, што позгоден, постар и покрупен со силни раце, уште подобро.
Богами мојот прв гинеколог беше маж,убав и згоден а јас неискусна. И еве уште ме краде. Иако сега е екс. Шала на страна, глупости трескате.
Не реков дека никако не би отишла кај маж-гинеколог. Има асални, знам.Во секоја област има и асални и неасални. Та дали кај маж, дали кај жена, прво ќе се распрашам за мислења, па ќе отидам. Само коментирав за мене што би било попријатно.
Јас најпријатно се чувствувам кај некој што е стварно стручен и посветен на професијата како што треба да биде, без разлика на полот.
Јас па мислам нова тема да се отвори на оваа тема. Време е за повлекување од плажа, ме испржи сонцево. Кога темата брзи кредити ја прочитав како брачни кредити си викам доста е за денеска печење.
@nextredstyle Друга беше поентата и убаво потенцирана вашите мажи не дозволуваат. Па зарем некој друг има право да ни кажува за нашето здравје и за тоа дали да биде маж гинеколог?