Тоа што да го видиш комшијата на протест ќе речеш браво комшија ама да го видиш како си ја тепа жената ќе речеш "не е моја работа" Оти Македонче само за патриотизам ќе пали и тепа, за друго никако.
Ама не можеш така да генерализираш бре, и во Влада има такви, и во полиција, и меѓу обичниот народ, и меѓу оние што не се патриоти. Малце глупости се ова од ракав треснало работи...
Има де. Ама непатриотите и онака ги плукате секој ден зашто седеле и пиеле кафе место да одат да примат бекатонка во глава. А патриотите се херои, no matter what.
Има. Збориме колку се слават некои луѓе зашто се патриоти, а уствари се ѓубриња во душа ама битно се патриоти. Кој сфати, сфати.
Мајко мила. Кај реков дека по дифолт е насилнник или силувач. Зборував дека МЕЃУ ПАТРИОТИТЕ има такви. Ама дека тие карактеристики се игнорираат све додека човек е патриот. Капиш? Дека силување и насилство им се простува на патриоти.
Еве јас не сум патриот па не ни коментирам зошто некој друг излегол да протестира Лични ставови се само, зборењето против други само покажува тоа какви сме ние и каков карактер имаме
Кој удри бекатонка во глава на протестов? Ти очигледно ништо не знаеш за протестов ама важно патриотите се силувачи и насилници. Боже Господе уште сабајле вакви ѕвезди, за арно нека е денов.
А зошто се ѓубриња бре жено? Оти тебе не ти одговара сето ова па ајде ќе плаќаш така ли? Секој може да биде насилник или силувач, од политичар, до продавач, таксист што год, црнец, белец ама не патриот е најскоро нешто лол
Ајде вака. Дали сметаш дека меѓу овие што излегуваат на протести, барем 50 души се насилници или силувачи? И дали ако е патриот, му се простува насилството? За тоа прајме муабет. Дека ИМА и дека патриотизмот ги покрива тие особини на едно македонче.
Затоа што е типично македонско размислување дека се додека си патриот не е важно дали тепаш или силуваш некого, за жал.
Ајде вака, на протест има право да излезе кој сака ок? Секој што се чувствува емотивно приврзан кон државата и е свесен за неправдите ќе си излезе. Без разлика на вера, раса и пол. Никој не ти бара на протестот да се отчетиш ти за твоето минато што и како си правел. И како заклучи дека ако е насилник и патриот тоа му е простено? Баш напротив ако е патриот не е политички определен најчесто и нема кој да го заштити, а баш тие што се политички определени се заштитени.
Тотално погрешно и глупаво размислување. Насилството нема врска со патриотизмот и почитувањето на државата своја.
Не знам му немаме проверено дијагнози. Замисли колку има што се со шеќер, притисок... А инаку овие -другите- нормални ли се сите? И луѓево што излеваат на протестов се политички неопределени и нема кој да ги штити, за разлика од оние што одат по штабови и им се прикрива се.