да можам ми текна на тоа одамна ама кога седнав да размислам тој ке дознае дека го пријавив потоа неговите деца кога ке дознаат жива нема да останам
Имаш пишано дека живееш сама, па после дека живееш со татко ти и те ограничува, а сега велиш дека живееш со дедо ти и те малтретира... Исто така имаш пишано дека имаш 18 години а сега пиша дека ќе одиш во гимназија. Сеедно, небитно е што и како е. Ако си малтретирана од било кого дома, можеш да пријавиш во полиција. Центар за социјална работа е должен да ти најде сместување. А ако си стварно полнолетна можеш да си одиш од дома кога сакаш... Ако имаш некој кој би те оставил некој период да поседиш дур да најдеш работа и отидеш под кирија...
Пријави во полиција, барај забрана за приближување. Ако веќе нема кај да одиш изнајми стан во друг град и почни работи. Знам можи нема да ти остануваат премногу пари, ќе плаќаш кирија сметки ама барем подобро отколку со него. Или аплицирај за во ученички дом во друг град учи и во меѓувреме работи нешто. Извини што не можам да ти дадам подобар совет, дај боже само да се спасиш од се тоа, биди силна и избори се. Тргни се од таму и живеј, сигурно те очекуваат убави работи понатаму.
го сметам како татко пошто тој ме има чувано тој ме има израснато ме разбираш? јас се сметам дека живеам сама пошто цел ден сум затворена во соба никој не збори со мене сама со себе си зборам дедо ми излегува јас сум повеќе време дома сама
И јас ова го прочитав... Ама ајде, веднаш си реков "Можеби татко и работи во странство некаде или починал па сега е со дедо и, можеби стварно девојката е во тешка состојба". И за гимназија помислив дека нели онлајн беа, па сега веројатно треба да се вратат на школо. Искрено се надевам дека е трол, бидејќи никој не заслужува таков живот. Доколку е навистина во ваква ситуација таа или било кој веднаш да пријави семејно насилство, службите ќе го средат тоа. Моја другарка беше мажена за човек кој ја малтретираше физички, откако го пријави нормално имаше "закани" од неговата фамилија ама сите до трето колено добија судска забрана да и се приближат уште еднаш во животот, човекот одговараше за кривично дело и ден денес е со досие и не може да се вработи.
мајка ми ме напушти уште кога бев бебе а татко ми каде е не знам... мајка ми сакаше да ме абортира но татко и то ест дедо ми и баба ми ме земаа да ме чуваат кога наполнив 7 години почнаа да ме малтретират почнаа ладно да се однесуваат кон мене затоа јас дедо го викам тато
Неќам да звучам песимистички ама нашиве мрежи, организации, институции за семејно насилство признаваат само насилство од маж врз жена. Од возрасен према дете е само воспитување, така да не се надевајте многу на нив. Никогаш, никогаш немам чуено сторија, статистика колку деца се спасени, тепани, од токсична средина, каде биле сместени, каква санкција добиле родителите/старателите. Оти многу нормално, никој не се замара со нив.
И жени жртви на семејно насилство од партнер се полнолетни, па зашто да им помагаме? Не е тоа поентата.
@Senpai ако можиш вработи се некаде. Натерај го дедо ти да работиш нешто во стилот за да не бидеш на телефон да имаш за џепарлак исл. А потоа после школо можеш да идеш на лекар без да му кажуваш на дедо ти. Тој немора се да знае за твоето здравје. Ќе му кажеш далеку помала плата од онаа која ти ја даваат и ќе штедиш. Зошто реално и да го пријавиш ти пак немаш каде да одиш. Мораш да имаш свои примања за да направиш нешто. Друго не разбрав убаво дали рече дека сама се повредуваш? Доколку да, те молам да најдеш начин да престанеш со тоа. Земи цртај, најди си друг начин за да си ја изразиш болката, само немој да се повредуваш.
Најди работа, најди цимери со кој што ќе можеш да живееш за да издржиш финансиски со минималец на почеток и се после отом потом само ќе си дојде..