Онај осечај кога ќе се вратиш од излегување и тек тогаш ќе сватиш дека цела вечер блузата ти била наопаку облечена. Шизик на ризик.
Сакам да кажам дека кога ќе треснам нешто треснато е! Имав гостин и сега ајде направив цедевита од портокал за мене, брат ми и другар ми. Пиеме сега сок и муабет нешто правиме и брат ми од нигде никаде се избацува со бизарно прашање, каква боја бил сокот, дали бил жолт или портокалов. И другар ми и јас се чудиме и другар ми вика портокалов е. Не знам што ми текна така да треснам глупост и викам, па портокалов е не за џабе се вика сок од портокал, да беше жолт ќе се викаше сок од жолтокал. Ми се чудат што зборам и се смеат колку глупаво да не се осеќам, ми идеше у земја да пропаднам од срам, ама ај и ја се изнасмеав. Будала дете што да се прави. Добра ноќ!
http://media.mk/article/36030/prifati-g ... s=og.likes Послем долго време,нешто многу паметно напиишано.Секоја чест,многу поучно
Мешано друштво,добар филм,омилена храна... Добра вечер после долго време Почнувам да сфаќам конечно некои работи. Почнувам да разбирам дека неможам веќе да живеам во минатото со прашањата зошто и како туку морам да се фокусирам на иднината и сите планови кои судбината ги скроила за мене. Мислам дека конечно почнуваат некои работи да се средуваат,бар кога се работи за друштвото и семејството. Уште малку остана од распустов и некако не сакам да заврши. Беше ова добро лето,се надевам наредната година ќе биде уште подобро Сега за сега само чекам да залади,зошто ми се смачи од горештиниве и сонцево. Јас сум човек само за зима Уствари многу работи сакам да кажам и повеќето немаат врска едно со друго,ама тоа произлегува од збунет памет.
леле колку сум занесена ејјјјјј требаше да пратам важен имејл за на училиште во врска со класот , и тоа пази , и го праќам на директорката , треба да биде се убаво напишано без граматички грешки , во формат на право писмо и си го пишувам , си го составив се убаво и со респект и сега да го пратам , стегам Send .. и што да видам , ќе се убијам сум го пратила од мојот акаунт под име rock rose , а требаше да и го пратам со школскиот е-маил акаунт сега кога ќе види порака од rock rose , живее во los angeles и слика со gnr онака ко со костур и со пиштоли незнам дали да се смеам или да плачам .. кој знае што ќе си помисли жената после и го препратив пак од мојот школски за да види која сум абе бруки живи 2 ќе и стигнат ама ај со среќа нека ми е !
Морам да ви пишам што се замислив сега... ....што мислите, колку од регистрираните членки тука на форумов кои не пишуваат некое време се починати и отишле на другиот свет? Гарант има некоја таква.. затоа ве молам не ги карајте што не пишуваат старите членови, имајте разбирање дека некои стварно не можат да пишувааат веќе. Ајде лаку ноч свима. Гужвајте постели Ваша М,
Што убаво. Гледам по фејсбуков објави од матуранти идни студенти,како го менуваат својот статус и од средношколци стануваат една нова академска гарнитура.Постовите изобилуваат со ентузијазам,оптимизам и надеж.Надеж за едно ново,непознато поглавје во кое се градат себеси и стануваат подложни на ударите од животот кои еден млад човек не ги заслужува. Во коментари им оставаат желби за успех и честитки, кои подоцна,после 4-5 години стануваат прашање - Уште не најде работа? Ооо ќе се најде нешто ( и она утешително тапшање по рамото ). Се запазувам себеси како ми се враќа филмот назад,кога јас бев девојче во трка по индексот,бунтовник кој никако не можеше да си стави во главата дека мора да се вклопи во системот,за црно да вели дека е бело и да се однесува како амеба кога тоа од него го бараат. Но и покрај се, го имав најбитно нешто. Жар во очите и некоја блесава храброст. Нешто што подоцна го одзедоа од мене.Нешто што веќе го немам.
Мораш веќе да си легнеш. Најзбилно. Не мораш константно да ги одржуваш темните кругови под очите. Сфати веке дека не постои шминка која ке ти ги покрие. Не. Опамети се време е
Aх бе ах да не може човек да се наспие како што треба од мувиве брр брр аман оставетеме на мира... Што убаво си спиев што мајка бараше да ми шеташ по нозе и да ми се пикаш во желузините кога знаеш дека нема да можиш да излезиш ? А чекај кој ти дозволи да ми влезеш во соба. .. Или заедно со мајками сабајле ми влезе за да видиш дека сум во соба и дека сум се вратила на време. Аи уште си упорна бре бре што е што сакаш?!? Сега го земам тепалово па ќе ти вратам.
Ако ме нема на феминава ми го зел децава лаптопов од една единствена причина Не е за замерација, некој намладост, некој настарост одлепува За присутните од Озбилна И имајте убав викенд
Играм temple run со мама „Знаеш дека е спонзоруша,кога прво ги надградува парите и паѓа само за да собере пари’’ - мама „Дее,не се нервирај,ќе направиш high score.. Ако си ја промашил рундата не си ја промашил д*ндата’’ - мама Лајла Грејс и завидува А татко ми направил самострел и си пука низ двор Сакам да кажам,дека ги обожавам. Пораснале,а си останале деца. А станале и луѓе. Сакам да си имам таква љубов еден ден бе... Да ми носи цвеќиња собрани покрај вециња,да ми каже дека сум негова ѕвезда а јас да му кажам дека кравата на прабаба ми се викала така Романтика на нивоу. Ама љубов си е тоа. Туку,вчера си го направив првиот pentakill Тоа е,кога на ЛоЛ ќе ги убиеш сите петорица сам. И ме баци гејмерот мој. И се подмочкав од среќа. Не е лесно со срамежлививе бе,нежен е,внимателен,не можам да го прочитам.. Полесно ќе ми беше со некој идиот. Сречен ден.
Секој човек има различен пристап кон проблемите во живото, и токму тоа е клучот на успехот. Јас честопати знам да се загубам и од еден да направам десет и секогаш тоа ме кочело. Им се висхитувам на луѓето кои очи во очи знаат да се соочат и со најголемите проблем и пак цврсто да стојат на земјата.
Се договараме со сопругот пред некој ден да ја искречиме/исфарбаме собата за бебето, се одлучивме за некои неутрални бои дека не го знаеме полот, не дека на дечкиве собиве се целосно во сина боја ама ја има, боите на кој падна изборот беа портокалова, зелена и жолта. Почна сопругот да ми набројува какви бои сум сакала, peach orange, powder orange, blood orange, egg yellow, banana yellow, champagne yellow, emerald green, jade green, deep forest green и ми текна на форумџиките кои се жалеа да сопрузите нивни не знаеле ни бела боја да купат па махинално му ја пуштив раката во меѓуножјето, чисто да видам да не се претворил во женско. Го испратив сам да си купува боја, мене главата ме заболе само што го слушав какви се бои има не па да одбирам во продавница, бременоста ме вади од многу несакани обврски. Денеска ја среди собата со другарите, јас со децата кај татко ми на гости нели да не дишеме боја иако се сите као органски ама не би ризикувале со здравјето на децава, родени и неродени, утре ќе ги пуштам пак сите деца да ја направат со отпечатоци од рачињата, само морав да ветам дека после јас сум одговорна за бањање на децава од кога ќе се направат целите со боја. После останува уште девер ми да ја исцрта со нешто интересно и бебево може да ја напушти мојата утроба и да си се всели во сопствената соба. Да видам утре дали малиот ќе учествува во активностите, од кога го одбив од цицање се нешто мрко ме гледа како да ми кова некаква одмазда затоа што му ја одземав омилената храна. Чудна работа на една друга тема се напаѓаат некои форумџики затоа што се служеле со навреди за мисиците, демек не требало така да се навредуваат за физичкиот изглед, дека можеби го читале форумот и како би се чувствувале кога би прочитале се што е напишано за нив, дека позади екранот стои вистинска личност а кога станува збор за навреди на родители и мајки тогаш слободно и без гајле нека се лепаат, ние немаме чувства. Не дека сега седам дома и плачам затоа што некој на форум ме нарекле забегана и дека си лечам комплекси само си се чудам за што се ни се лепи етикетата за забеганост и искомплексираност. Јас сум забегана и си лечам комплекси (само какви не ми е јасно) затоа што моето скоро три годишно синче има долга коса, само еднаш е шишан до сега, ако сум забегана затоа што не дозволувам да ми се вознемирува детето и да го трауматизирам за да се шиша иако има страв од шишање, тогаш што да кажам забегана сум. Ништо лошо не му се има случено па да се плаши ете едноставно има страв а види фризерница почнува да плаче, сум пробала со награди, сум пробала дома да донесам фризер, пробав еднаш во спиење да го ишишам, се разбуди и после не спиеше два дена од страв. Е сега може ако му залепам некоја "воспитна" дека нели јас сум авторитетот и родителот и детето мора да прави како јас како што ќе кажам тогаш ќе му помине стравот и ќе влезе во оној калап на оно што е "нормална" фризура за машки a.k.a како ќе кажи комшијата. Јас како забегана и искомплексирана бирам што ми е битно за децата, фризурата ми е на најниско ниво, битно ми е кога се во автомобил да седат врзани, битно ми кога ќе сме излезени дека ме држи за рака и не ми бега, дали некој надвор од семејството ќе се мисли дали е женско или машко воопшто не ми е битно. Внук ми до 6 години имаше исто долга коса не даваше да се шиша и еднаш еден "господин" му рече дека не можел да се фрла по крстот затоа што бил женско, овој му ги спушти бермудите за да види "господинот" дали е машко или женско. А оние родители чии ќеркички имаат кратки коси од Х причини, (полесна е за одржување, не даваат да се чешлат, мијат, фаќаат вошки, не се сеуште крстени итн) и тие ли се забегани и си лечат комплекси? Ете и јас не сфаќам со што се` се занимаваат луѓево кога станува збор за туѓи деца.
Стануваш свесен колку си дебела и трома кога ги вежбаш кардио вежбите на Џулиен,кај неа се е стегнато а кај тебе се се тресе,горе долу,лево десно,па градите ти се удираат,се борат една со друга,една врз друга... ...и се потиш како коњ на трка... оф...
Ви се случило да фарбате некоја жена па таа на секое да ви кажува пто да правите и како да правите? ( а не фарбате прв пат) СДК мене штотуку ми се случи тоа . Ја фарбам мајка ми во косата и ем зборува на тел.. ем ме прати што правам и вика помини тука, е тука , сега нагоре, сега земи со четката фарба, ајде сега префрлисе ваму( на др страна) , не не тука, дај четката ( и ја давам и поминува уште 5 пати на претходното место , а веќе цело е со фарба влакно нема нефарбано) и таака цело време дури ја фарбав Е затоа не сакам да ја фарбам мајка ми, дека наддава на секое. подобро јас ќе и дадам пари на фризер нека си се исфарба отколку да ме тормози мене... а имам приметено и на фризерката ја тормози, неколку пати сум бидена со неа на фризер , демек заедно да правиме фризураа.. леле готово ме полуде
Оној момент кога во 4ч на врата ти се појавува комшиката од под тебе. Комшике, намали малку музиката, што е тоа си се растропала, па стари луѓе има тука, малце култура да имаше, ај да не викам полиција намали музиката, твоите малце те воспитале ли што е ова не знам, денешнава младина за никаде е, немам коментар... Не и е првпат да ми дојде, пред 3 години ми дојде на роденденот и искрено ми го упропасти истава личност, после пред 2 години, за 1 септември вечерта ми дојде исто на врата, зошто брат ми плачел не се спиело, се смири и конечно не доаѓаше после и еве ја пак е овојпат не дозволив да ми ја расипе атмосферата. Многу проблематична личност, се и смета, не само кај нас има и кај други комшии идено, тропано по врати. И ја имам над мене комшии и тропаат се праат, тегови дигаат, играат, па не се бунам, млади се, па и не ми смета мене, пошто и јас тропам и они си се раат, ама јас не сум. Баба рога е оваа бре, па да видите ко страшило каква ми дојде ме исплаши мислев смртта ми тропа на врата. Убаво рекле пријателите се бираат ама комшиите и роднините не. Остајте тоа како ми се спие, во 8ч легнав во 15ч станав, ама мислам дека би можела до вечер да спијам. Добро утро ќе кажев, а тоа поблиску било до добро вечер.
Најлошо чувство? Според мене грижа на совест. За оние кои имаат совест. Мразам кога ќе згрешам некому, сосем ненамерно, мразам кога изгледам како лош човек во нечии очи, а се трудам, оф, се трудам, да не биде така. Не сакам кога некој ми вели, човечко суштество си, нормално е да се греши. Јас не сакам да грешам, јас не сакам никој да ми префрла, не сакам никој да ме гледа попреку, не сакам да си наштетувам самата себеси. Сепак, се додека се трудиме да ги смениме работите во кои грешиме, да ги поправиме, мислам дека и не е толку страшно.