Уште две недели до Тиквешки Гроздобер. Огромна желба да одам и ќе одам. Сум била до сега само еднаш но не ми се допадна. Најверојатно бидејќи стоев на страна односно се криев позади сестра ми! Уште од старт ме исплаши џаломар, и некоја солза сронив , пу, страм да му е! Ама за тогаш. Нека пробаат годинава! Кога и да се сетам се смеам самата! Ах деца, деца!
Никако не можам да разберам луѓе коишто се способни гледајќи те во очи, не да те лажат, не да сушат, него цело сценарио за турска серија да создадат на лице место ако е потребно за да се извлечат од ситуација. И не, не само што ги осудувам и мислам дека се оперирани од срам, туку стварно не можам да им ја сфатам формулата бе. Понекогаш вистинска умешност е тоа. Озбилно, таков роден антиталент за лажење како мене, то више мајка не раџа. Значи бетер од првоодделенски буквар сум, уште од најмала памтам мајка ми одма ме познавала кога сум изгребала, скршила нешто или кога сакам нешто да ми купат, па се` до секакви поозбилни ситуации створени за некоја бела лага. Нема што, или е генетски работава, или па некој познаник на својот роденден истата година кога сум се родила, пред да ги дувне свеќичките посакал никад да не ме бива за лажење, како во филмот со Џим Кери, не можам да најдам друго објаснување. На други им викаат, абе те познавам тебе, кажи што се дешава, мене не можеш да ме излажеш. Абе мене на телефон да ми се јави некој што никад во животот го немам видено, и да треба да излажам за некого дека не е тука, ќе се издткам додека да кажам дека е излезен. Да не збориме па за некој што ме познава. Значи за секаква услуга ќе се потрудам, ќе помогнам, ама за покривање и измисли нешто - нисам ту, ариведерчи! Ај поздрав.
За мене музиката претставува портал кон друг свет.Некогаш светот во кој ме носи е прекрасен а, некогаш може да ме однесе во свет кој се што претставува за мене е болка.Првиот свет се нарекува Фантазија,а вториот Спомени.
Многу ми е смешно и интересно кога некој Зуљфи упорно ме прави будала при здрав памет, веќе не знам како да реагирам за да дадам до знаење дека одамна ми помина времето за игри и не ме интересираат бајки, дали да се правам мутава гледајќи го како се препотува или да се изнасмеам и да кажам дека нема потреба од разговор бидејќи веќе знам што се случило? Друга работа која сакам да ја кажам, денес зборувам, пишувам и правам многу неповрзани работи бидејќи се чувствувам исцрпено и бледо, како фломастер кога е при крај а некој упорно форсира и се обидува да шкрта со него, истрошена сум до максимум, ми фали малку алкохол за да ми се врати бојата и да ми се крене расположението. Одам да си набавам изолир трака за да залепам една уста вечерва, а по потреба ќе ја вадам... некои луѓе устата и јазикот знаат да ги искористат правилно само во две одредени ситуации па затоа, продолжи да го правиш она во кое си најдобар.
Решив да соберам некој денар настрана, кога го видов тоа чантичето, ууф здивот ми застана.. ахх ќе умре некое магаре.
После напнатото учење одвоив еден час да се релаксирам. Одлучив тоа да го сторам со читање на моите мислења,од лани,од оломнани. Се видов себеси како јадам гомненици за луѓето кои дозволиле една љубовна врска да ги промени темелно. Се видов себеси како јадам гомненици за луѓето кои дозволиле да се заљубат. Се видов себеси,и не можев да се препознаам. Како позади корисничкото име да стоела некоја друга јас. Посреќна и полна со живот.
Е ајде де Денес се симнувам за да идам до продавница и пред зграда го гледам комшичево што живее до мене, заедно со уште 5, 6 девојчиња, сите мокри, околу нив вода, кал и расфрлани легени, позираат пред телефон. Глава сечам ако знаат зошто воопшто и постои ајс бакет предизвикот ама битно го направиле и сега ќе се турат на фб
цц што ќе измислат друго ? ice bucket challenge .. истури мраз на глава и донирај .. многу ми е глупо кога ваквии работи без врска се популарни .. ама ете како ги учат децава, утре ќе им речат фрли се од зграда, сите го прават тоа..
Не знам дали може повеќе од ова? Дали уште можат да се случат полоши работи. Кој ме проверува до каде ми е издржливоста. Болка луѓе. Болка. Мислев дека со тек на време ќе ми биде сеедно, а мене само ми е полошо. Се прашувам до кога? Доста е... Доста е!
Ќе правам изненадување јас. Да бе, со нула денари. Добро, имам скриено некоја паричка, д српрајс вил би реди ин фју дејс. Едвај чекам.
Не знаете колку ми е полесно кога си ја средувам собата, и во текот на средувањето фрлам две големи кеси со непотребни работи и ѓубре. Лакше се дише. Исто е и со други работи во животот. На пример кога се ослободуваш од некој проблем, грижи или мака која долго време те мачи и вознемирува, одма ти е полесно на душата.
Си седам сама сега во собава и си разлистувам по Фемина кога гледам дека нешто ми брчи.Го фатив комарецот што брчи во рака ја отворив и тој излезе и продолжи да си брчи го гонам и си ја пеам песничката глупа ко даска тоа сум си јас.