Леле си седиме со братучедка ми во дворот и сега над дворот погоре со жица заобиколен и е и си прајме муабет ова она...И еден дедо иде озгора и се лепи на жицата си го вати мочалото и си почна да си моча чоекот аууу ...Леле кога го видовме, ама стар бе сигурно има накај 70тина години ...Леле и правец во малините си заврши чоекот работа абе не гледа и упорно си мочаа и си моча да му се згади на чоек :geek: Лелее абе ја се чудам зашто малините и имаат толку род ... А како и да е ако некој е за малини нека повели недела дена помина од случкава па изнапораснаа малини незнаеме што да ги прајме ...Добредојдени сте сите да дојдете ве чекам ...Ќе ги измиеме со доместоссс ... Голем поздрав до дедото бог на родот на природата ....хахахаха
Не знам што е тоа што ме прави непокорна и најмногу од се мразам некој да ме покорува.Во куќава кога нешто правам ,правам од љубов а не заради тоа што МОРАМ.Од љубов и чиста воља спремна сум да испеглам 93483 кошули на топлово,да се динстам покрај шпорет,а штом некој ќе почме да ме омаловажува,проценува и потценува е тогаш побеснувам. И да, се ќе сработам ако можам и сакам ако не сакам или не можам очекувам секој до домашниве да си ја заврши работата. Точка. .
Мака ми е кога ќе сфатам колку голем дел од животот ми поминува во чекање на семафори и пред шалтер. Дури и почнувам да си ја пеам во себе Обожавам шалтер ја од К-15 кога ќе чекам на ред. А секогаш во тие долги редици, каде сите нетрпеливо се туфкаме, ќе се најде некој што ќе те насмее. Последнава случка е од салон на ВИП, каде патем додека чекав точно 47 минути за да дојдам на ред, климата ме утепа. Еден дедо пред мене потпишуваше некаков договор со внукот. Тој не гледа како што треба, па вработената му помагаше и покажуваше - краток потпис тука, цело име и презиме тука, ај уште еден краток потпис, ај сега на секојa страна потпишете се, овде цело име и презиме... Дедово си молчи, само потпишува, а на крај се врти и вика: Де бре девојче, јас кога се женев олкуа потписи не ми бараа! Си мислам: Богами дедо, за женидба ако ти бараа толку потписи - ќе се предомислеше во меѓувреме
Ако жолтицата е болест која потекнува од нехигиена Како ли се вика болеста која е секојдневие кај луѓето за нечистите души ?
Она кога некои паметњаковци ќе пишат: „Колку сте неписмени. Незнаете основни правописни правила.“ Е тие ми се најинтересни. Не знам дали да плачам или да се смеам.
Добро бе луѓе, единствена ли сум што се мучи по два саати да најде gif со максимум 628 пиксели, или колку и да беше крајната граница за ставање на сликички во движење како потпис? Не можеа ли администраториве кога го средуваа форумов и веќе ја овозможија оваа опција да дозволат да се ставаат и фотографии со поголема резолуција?! Зошто стварно не знам што е проблемов, дали јас нешто грешам при ставање на линкот или нешто друго е во прашање, ама битно се препотив дур да најдам и на крај кога видов дека не бива, ја лупнав оваа сликичка подолу, иако имав план нешто сосем по креативно да ми стои. Патем, не знаев каде да го сместам мислењево па решив овде.. Еве не мора ни одговор, нели да не се иде џабе оф топик за ситници од типот технички ,,проблеми'' aма морав да споделам зошто искрено ѕврцките ми излегоа! Ма не тамблр, ви харт ит, гугл имејџес, абе очиве гајтан ми станаа, ама нејќе пустото и нејќе. И така се препотив за безвезе, си го изгубив потписот кој ми стоеше од претходно, па така да сега одам да лупнам еден ладен туш врз глава. А да, и сакав да прашам што бидна со попот што чатеше од овие десно понудениве смајлиња?! Или ја трипам дека го имаше порано?
Значи стварно не можам да ги разберам чупињава кои за скоро два ипол саати возење со автобус се дотеруваат ко небаре на модна писта од дома ги испратиле. Добро, разбирам, сакаш средена да те видат, дотерана, нашминкана, ама тоа не значи дека треба лопата пудра на тебе да ставиш, цел кармин да го потрошиш и вештачки трепки да ставаш. Не знам за вас, ама јас кога патувам во автобус, а најмногу на воа жешково гледам да ми биди комотно, пријатно за патување, без шминка, без ништо, иако и онака ретко шминка употребувам. Ама ова е стварно претеризам, ама ајде секој со "стилот". Нареден пат ја ко че дојдам во долг фустан со шлиц, е тогаш да те видам :geek:
Зошто не можам да го прифатам тоа што е и да го заборавам тоа што се случило? Толку многу работи трупам во себе. Не пуштам некои лоши работи што ми се случиле да си заминат,како што дошле.Туку ги анализирам,вртам и превртувам и со тоа еднаш доживеаната болка способна сум да ја оживувам секој ден одново. Не знам да простам. А,сакам и тоа многу. Можеби по малку себично,ама повеќе сакам да простам за себе-ослободување,отколку да му олеснам на тој што ме повредил или едноставно да бидам поголем човек. Ретко гаам лоши чувства кон било кого,ама кога еднаш ќе ги стекнам не може да се смени тоа.Некако остануваат заклучени во мене. Заедно со се што влечам со годините. Не собирам предмети,не се врзувам за материјални работи. Се врзувам за чувства,добри,лоши,гневни,љубовни, секакви. Се надевам дека ќе успеам да се ослободам од цел тој багаж и да почнам од ново,зошто во спротивно ќе го изгубам `рбетот и ќе станам мекотел. А,најмногу од се мразам луѓе-мекотели.
Посебен поздрав до машките кои секогаш имаат време за својата девојка , оние кои ги изненадуваат своите девојки и кои се романтични,оние кои сакаат да отидат негде заедно со својата девојк,на они кои девојката им е во прв план. И поздравдо девојките кои ја имаат таа среќа и да знаат да го ценат тоа .Па добро бе можно ли е да има толку неодговорни момци ниту еднаш да не им текне да ја однесат негде девојката, ниту еднаш да не им текне да излезат надвор со неа . па секогаш ние ли треба да ви спомнуваме дека постоиме и дека сакаме да излеземе надвор бе ! Тромави едни Неодговорни кои си гледаат само за нив бе . Абе и јас не сум толкава лутка не ми е криво шо ќе иде со другарите бе .Несум љубоморна толку, криво ми е што ниту еднаш не рекол да одиме негде заедно ниту еднаш.
пред 7 години се роди суштество со големи образи и најслатките очиња на светот , брат ми некогаш знае да биде најслаткиот брат , и некогаш е многу досаден и немирен , ама покрај се тој ми е секогаш пријателче за играње и гушкање кога ми се пие вода го праќам да ми даде, кога ќе направам нешто го кривам него , кога ми треба љубов го дрфолам со бакнежи .. многу ми е корисен во животот Happy B-day bro .. ти посакувам се најубаво во иднина Spoiler
Кога брат ви би ви кажал:" Даде, you`re my beautiful princess" зар не би сте се стопиле од радост? Јас се стопив.
Се повеќе и повеќе гледам на фејсбук луѓето прат заеднички профили со дечкото и девојката Па уште и презимето на машкото клаено, па синкир она маж и жена се, оф мори мајко Курле и Марле еве Марковски пример ќе ги земам, па гледаш и албум Јас и Сонценцето , па слики кај шо се бацват, па од кревет и горе гледаш напишано Многу си се сакаме, ај сакајте се добро ама не мора цел свет на фб то да го гледа. Денес му е роденден на фб на еден таков пар, и сега на кој на машкото или на женското? Невозможни сееее
Не сфаќам до каде отиде светот. Или поточно, до каде отидоа некои девојки. Легнуваш со мувачот на најдобрата другарка, потоа таа се мува со него иако знае што се случило ама не и пречи. И на крај овој ти купува работи и тебе и на другарка ти. . Сите тајни си ги извадија на маса, си копаат гробови, ама ако битно е на фејсбук дека се чекираат заедно. Дека спијат едни кај други, дека се сакаат, дека се најубаво друштво. И што мода ќе беше оваа, на најдобрата другарка да и го земеш дечкото(мувачот, еб*чот) ?