За многу години нека ни е овај преубав празник Голема Богородица. Денеска ми е слава, нека им е среќна на сите што ја слават, другите повелете на гости И честито име на сите што се викат Марија Имајте убав ден
Ех каква среќничка сум била дваесет години бевме неразделни со мојата најдобра другарка, а сега откако си фати дечко ми го има заборавено дури и името.. А шо ме погоди најмногу се најавувам од пред два три дена за да си испланира еден сат колку да пиеме кафе и идам чекам и ми стига порака неможам да дојдам треба пак да излегувам со другарите од дечкоми ... Па по оваа научена лекција и во овој момент на нервоза не преостанува ништо друго освен Да наздравиме за "вистинските" пријатели !
Животот ни се прикажува како една голема слика составена од мотиви во различни бои. За да ја занемариме величината треба одблизу да гледаме на се.
Американците имаат поговорка: Early bird gets the worms. Ама јас викам: Тhe bird can have the stupid worm because mornings and worms suck. Никогаш не сум била личност што сака да се буди од сабајле, а упорно сите викаат колку било убаво. Секој за себе
Мајко,дај им сила на болните,среќа на богатите и благослови го лебот на сиромашните.А на мене и на моите најблиски подари ни здравје и мир во душата.Амин.
Покажете ми ги дечковците ќе ви кажам какви сте, остајте вие другарки, па ским си такав си. Од страшни мангупки, ќе видите дека се кревки души, од мажојадачки всушност ќе видите дека се страшни мивки со кои бришат под, додека тој си прави мерак на сто места.
Не знам.. По некоја логика кога оние најблиските доаѓаме пред ново поглавје од животот, во случајот факултет, мора нешто да излезе за да не можеш со леснотија да се препуштиш на промената. Што дека ме примија во државна квота на факултетот што го сакав, во градот кај што сакав, заслужено секако.. кога најдобрата другарка не ја примија на факултетот што го сакаше, доцна аплицираше за странство, ќе аплицира на факултет што не го сака.. другар, го одбија на двата уписни рока, на струка која не ја ни сакаше, а од дома го форсираат за тоа па тоа. Стотици ограничувања, и јас не ни можам да се пофалам дека конечно заминувам од проклетово место со едно зрнце надеж за подобра иднина.
Бидејќи немавме ништо попаметно за правење, а и ептен жешко надвор, со брат ми си седнавме и почнавме да си разгледуваме стари фотографии. Имаше смешки, имаше убави моменти, потсетувања, ама најјако беше кога стасавме до "селф мејд" албумот. Е тука веќе имаше валање по земјата. Шта чеш? Кога ан деца му даваш апарат Кои пози човече, кои аутфити, ќ'умрам Сум била кипот на слободата, сум била вештерка на метла, певаљка, "топ модел", Гоце Делчев и шо уште не. Се си викам ако станам славна еден ден, сликиве ако паднат во погрешни раце, ќе биди интересно Како и да е убаво ми дојде ова смеењево, слободно можам да кажам ме орасположи
Во близина на местото каде што сум веќе некое време има Божји храм подигнат во име на мајката Божја. На овој ден се собираат верници од истото место а и гости од многу држави. Секој верник за здравје си остава онолку колку може пари за истата да биде одржувана и да биде место во кое верникот ќе се помоли за свое здравје и здравје на фамилијата. Се добро бре жени Божји, бар во храмот воздржете се и своите семејни проблеми решавајте ги на места соодветни за истите. Што значи, попаметно и поглупо од жена потпишувам нема. Додека седиш сакала несакала ќе слушнеш бе, гласови sвона. Taа се развела, онаа лоша катилка, друга тешко куќа во која ќе појде, онаа свекрвиштено не може да го трпи, друга оф и леле од снаата... Некој ќе рече Македонштина... А јас ќе реча на крај од светот појди и истиот цел прошетај го ако ти е во крвта иста ќе си се вратиш. Без човечка култура и почит спрема храмот и верниците кои културно дошле да го обележат овој ден и да осетат мир во душата. Ко на пазар ај ќе се надвикуваме, попе ти пеј си кој те чуе Нека ни е за многу години празникот!
Среќна сум, пресреќна.. Момчево мое направи една годинка. Го почнавме денот рано, отидовме до црква да однесам погача за здравје на малиот, кога ме виде попот со малиот и стомакот до заби се исплаши да не има repeat performance од лани, му викам да се смири не ми пука водењакот, имам уште два месеци до терминот. Кога си дојдов дома веќе полна куќа имав, свекорот и Матео готват во кујна, кога го виде Матео брат му, му залепи еден капкејк во фаца да му честита роденден, сопругот и брат ми надвор средуваа дворот за забавата, татко ми и свекрва ми ги местеа сите балони и украси, други спремаа goody bags, мене ми викаа само да си седам и да уживам......и еднаш во животот и ги послушав, седев и уживав, убаво е да сите да те пазат и мазат. Забавата помина во најдобар ред, семејство, пријатели, дечиња еден куп, прекраснотии, се беше во омилените мињони на син ми, тортата која ja ишлапа со рачињата (со помош на брат му) до украсите, костуми, не дека разбира дека му е роденден ама си беше радостен и весел цел ден, се премори и он од гости ми седна во скут околу осум и покрај целата гужва и галама си заспа. И така лани на овој прекрасен ден го родив моето мало џинче,кое сеуште е џинче само не толку мало и честитки на сите кои славаат денеска. Почастете се.
Те тоа Озбилна, ај жени и мажи, ко ќе почнат, не само за празник, наместо да бидат тивки, тие хаос создаваат внатре, небаре нема место каде тоа да го решат.А такво нешто не треба да се прави воопшто кога е некој во храм, разбирам, збор два, потивко, доколку сака некој да се информира да праша, ама на глас викање, кој се чул, чул, кој не, нема врска или ко ќе видиш, за празници, се туркаат внатре, небаре нема да стигнат. Точно, се е до културата, без разлика човек дали е Македонец или не.Токму така кај и да е човек, таков ќе биде, местото не го менува како личност, ако има човек тука култура, почит, према некого, ќе има и секаде.Само проблемот е потребата од докажување, не намерно, кој знаел, шо знаел, каков бил и сл., а тоа нема врска со ништо друго, освен со тоа како е воспитан човек. Патем, честит Празник Туку ко ќе се заредат празници, од одмор на одмор ќе биде
Нека е за многу години празникот. Јас сум била сведок на бетер, на зборење лошо за член на семејство и користејќи тешки зборови иако во црква. Ова беше пред едно 3 години. Некогаш си мислам, секоја им чест на свештениве лица, што не` толерираат во (не)возможни ситуации.
За многу години нека ни е празникот феминки. Останете ми со добро расположение, уживајте во прекрасниот ден.
И јас да го обележам денешниов празник, отидов на Водно до крстот и прекрасно си поминав. Ги обожавам ваквите исполнети денови За многу години
Мислам дека ќе се расцепам од среќа. Ќе си умрам. Ако видите облак во форма на печурка да знаете дека сум јас таа.Не се шегувам, ниту зборувам со иронија. Мртва сериозна сум. Добро, не сум ниту мртва, ниту сериозна, но среќна сум. Добра идеја беше да започнам да цртам аниме пред две години. Не ми се верува колку постигнав за тие две години. А си мислев дека е невозможно. Е па, не е. ИЧ не е. Добро, можеби тече пот од мене и можеби сум извалкана и бушава во главата, но ИЧ не ми е гајле. ИЧ, да си знаете. ИЧ. Дали реков дека не ми е гајле? Ааа, инаку, не ми е гајле. Колку само зафркнат збор е „ич“. Не знам и дали се употребува во литературниот јазик. А и не ми е гајле. ИЧ не ми е гајле.