Ако ми ги срушиш сништата нема да ми го срушиши и срцето. Не, тоа срце ќе пати, ќе плаче, но повторно ќе се издигне. Овојпат повисоко од кога и да е, и ќе изгради нови сништа, со тврдина околу нив.
If you can't beat them, join them ! Добрата вест е што имав конкретна идеја што да носам вечерта, да морав да бирам гардероба нешто подолго од 40 тина минути маж ми ќе изгубеше толеранција и можеби ќе заминеше сам. Меѓу останатото, со 12 килограми помалку изгледам подобро од кога и да е. Без многу драма, лутачки, шокирани гримаси влегов во гужвата и собирав погледи околу мене. Фрлив две "итни" на шанк една за друга на екс, бев до тоалет, запалив цигара се прибрав и го прибрав келнерот до мене, во момент на дистракција на остатокот од друштвото да искористи гужва да го замени празното шише со полно без да се дерам по него. Морав јако да се подмачкам, ама замина граница моето. Признавам дека не ми беше сеедно, ама признавам дека и по некое време сеедно ми стана. Бифшата на маж ми, таа што требало да ја ожени на времето, јао на иста маса со мене. Од некоја причина нешто после 2 по полноќ и играв во скут и се глупиравме заедно пијани ѓон. Ми призна дека го сака, ама како да речам не гледам рационална причина да ја мразам, баш е згодничка и блесава. Кај него нема никаква шанса и тоа ми е доволно да се дистанцирам од грди претпоставки, бележење потенцијално опасни потези и стрес. Утринава ме праша како си поминав, дали памтам нешто од сношти, викам да. Се чудеше, па се помири, сепак тоа сум јас. Не ги разбирам оние такозвани кралици на драмата, луѓе кои ги обзема неодолива потреба животот да им биде емотивно авантуристичен по пример на шпанска сапуница, а тие да се главна улога, некој напатен лик. Гледано од страна и искрено, која е потребата да си создаваме непотребен стрес ? Немам повод да ја мразам, нивната врска никако не се однесуваше на мене никогаш. Го запознав после тоа, после неа, без љубовни триаголници, без ништо. Каков заебан плод на случајноста беше средбата вчера, не можам да објаснам верувајте Луѓето ја знаат и неа и мене, и кој не виде вчера си рече оваа сјодена е скроз, овај де двете се
Обожавам вака кога си учам за пред испит кај мене во соба а од кујната си "фршти" радивце и во позадина иде "Три кила банани" а мама и тато си потпевнуваат,играат,се веселат и си печат пиперчиња,се спремаат за зимата што ни иде. СДК дека и после толку години брак и сите одредени ситуации што ни ги носи животот сепак драго ми е што ги гледам вака позитивни,весели,гушнати и што си даваат безрезервно поддршка еден на друг во дадени ситуации. И кога сме веќе кај праење зимници и триста чуда,ми фали сокот од дренки на баба! И да,го обожавам мирисот на печени пиперки. И да,секогаш ќе си останам дете во душа и тоЧка
Треба да има посебен круг во пеколот за тие што намерно,од ку*ташак будат луѓе што страдаат од несоница во 3 по полноќ!
Со младите знам да бидам млада, со старите стара, истото не ме прави дволична. А со Дволичните ај кажете каква? По природа сум приземјена, комуникативна, но не претерано гласна. Никогаш не сум била срамежлива и стуткана да не можам да се снајдам во тешка ситуација... Не летам во облаци, си знам до каде се моите способности, иако имало моменти кога сум се надминала себеси. Знам да сослушам човек во мака и да помогнам ако се може. Она што го мислам го кажувам во лице а не преку Петко и Јане, па од (б) бивол. А, истото го очекувам и од соговорникот. Ако нешто ти смета и не ти се допаѓа, дај биди едноличен и свој, кажи во лице како јас тебе. Е сега да не испадне дека сум совршена, со моите години нема што да се докажувам, покажувам. Не сум светица, но не ни бесчувствителна... Понекогаш кога ќе наидам на безрбетници во мене се буди она дивото и ми иде да им ги закачам ноктиве кои си ги пуштам безуспешно кажав не сум светица, такви на небото. Во истиот момент ми текнува дека ќе ми се скрши некој нокт... што и не е крај на светот, но не вреди. Па ги гледам и си велам, ма пушти, и да им објасниш дека одамна си им ја извадила маската и си ја научина неговата- нејзината валкана игра, нема да сфатат затоа што се соживеале со улогата. И така со смирен израз на лицето им велам глуми си колку ти душа сака. Е изразот на нивното вистинско лице кога ќе го слушнат ова, е да ти е жал да ги погледнеш. Еднолични убав ви ден Дволични, кад тад маската која ја носите ќе ви падне, а без лице ни пет пари - Не вредите
Коа си ги читам мислењата шо сум ги пишувала коа сум се зачленила ми иде да стиснам Одјави се и више никад да не се најавам.
СДК дека ми е преку глава од СЕ...А бре сакам малцее сама да сум си, да се одморам,да си ја разбистрам главата и да се вратам назад во живот ..Некако многу монотонија ме фати..
Сакам да кажам: Хрватска,Босна и Црна Гора се прекрасни,ама дома си е дома! http://www.youtube.com/watch?v=3NPQJKaDLgY Добро ве најдов!
Ова мизерниве МКД политичари нека престанат да се полеваат со ладна вода како предизвик за тешката болест.ПРИЗНАЈТЕ СИ,СЕ ЌЕ НАПРАВИТЕ ЗА ДА ВЕ ИМА ПО МЕДИУМТЕ,А КОГА БОЛНИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ВАШИОТ ЅИД НА НЕТОЛЕРАНЦЈА,ИГНОРИРАЊЕ И ДИСКРИМИНАЦИЈА,ВАС ВЕ МЕНА НИГДЕ .СРАМ ДА ВИ Е
Поука на денот - Колку помалку мислам, посреќна сум Толку сум променлива што ми се иде да се исплескам сама Не можам да легнам на раат да поспијам или да читам од Господинот Мозок. Одма размислувам. Се соочувам со вистината и се депресирам. Ми се иде да плачам и да не излезам од дома Не можам повеќе да размислувам, затоа што така се уништувам. Сакам да заспијам и повеќе да не мислам на ништо. Уште не можам да поверувам во тоа што ми се случува. Не можам да ја прифатам вистината и да се соочам со тоа. Една песна, една обврска е потребна и ми се оттргнуваат мислите. Не мислам на ништо и го окупирам мозокот со трето. Всушност, сама себе си мачкам очи и преминувам во нова димензија, каде сум среќна и не живеам заробена од сопствените мисли и секогаш се појавува нешто што ме враќа во реалноста...
Кога почна, кога помина летово. Дури да трепнеме мине животот, не пак летово. ПС - Ви посакувам успех во новата учебна година.
Преокупирана сам со темата Свадба Веке знам кој која тема таму ја отворил , кој пишал последно мислење , кој последен цитирал некого колку мислења содржи некоја тема и сл. Ке ја научам на памет наредниве неколку месеци ама ајде за убаво нека е не рекле џабе Четири месеци свадба се спрема...... хаха блазе на оние невести што последната недела паника ги фаќа мене уште сега почна
Во животот се е релативно, но времето е најскапоцената работа што ја има секој од нас. Но, прашањето е дали знаеме тоа да го цениме, што правиме и како го трошиме сопственото време и колку од тоа време го чуваме и посветуваме на себеси. Колку всушност вреди времето, најдобро е да ги запрашаме оние кои тоа најдобро го знаат: ЕДНА ГОДИНА: прашајте го студентот кој заради испит паднал година! ЕДЕН МЕСЕЦ: прашајте ја мајката на бебето која предвреме се породила! ЕДНА НЕДЕЛА: прашајте го уредникот на неделниот магазин! ЕДЕН ДЕН: прашајте еден затвореник! ЕДЕН ЧАС: прашајте ги вљубените кои треба да се сретнат! ЕДНА МИНУТА: прашајте го патникот кој задоцнал на авион! ЕДНА СЕКУНДА: прашајте го оној кој преживеал сообраќајна несреќа! ЕДНА СТОТИНКА: прашајте спортист кој на натпревар освоил сребро! И да, можеби е клише ама - Time is precious, waste it wisely!
Сфатив дека не било до мене проблемот...до моите родители било. Какви ти се родителите, таков си и ти, а за жал моите се огорчени, несреќни, без тронка љубов... Ќе направам се за да не се претворам во нив и да бидам среќна.
Се прашувам,што би било кога целата своја љубов би ја давала залудно повторно и повторно и се повеќе ми се наметнува одговорот дека веќе повеќе пати во мојот живот сум почувствувала како ништо не трае засекогаш,па дури ни моите чувства. Но нема да ја штедам. Млада сум и ќе ја трошам на луѓе кои не заслужуваат,ќе се врзувам за нешта за кои што не треба да се врзам,ќе си поигрувам со својот живот и ќе излегувам од тоа повредена. Бидејќи сакам да го искористам секој момент и да соберам што повеќе искуство плачејќи за нешта кои еден ден ќе ми бидат смешни. Имам идеална способност да ги прекинам глупавите и негативни прашања во мене. Бидејќи сум млада. И не ми е гајле дали ќе бидам во право,не ми е гајле дали еден ден ќе жалам за некои нешта,не ми е гајле за ништо. Уживанција тајм
Така требит мор Озбилна :geek: сагласавам се.Само луѓето, забораваат дека се осеќа кога некој се преправа, чувството ко до нив да си и ги гледаш, само што тие не те гледаат тебе, сад ме видиш, сад ме невидиш :geek: а оно си мислат не се виѓава.Да ти кажам и не вреди да им објаснуваш и тука си во право, нека ги, нека си поглумат ако им чини, и онака знаеш дека не можат да те преварат Така да џабе им е патот, не за друго сами ќе си се издадат, нема зш да се мачиш да ги разоткриваш, а и не ни вреди со такви луѓе да се замараш, не дека стварно се замараш, него така иди зборот.Требит премногу време и енергија на такви луѓе да потрошиш, а нема потреба.А што е иронично, сами по себе се откриваат. Ај добра ти вечер Поздрави натака, знаеш :geek:
Колку е чудно ова.Мислиш дека во твоја близина имаш луѓе кои совршено те разбираат,кои секогаш се тука за тебе а всушност не е така.Љубовта,грижата не ти е возвратена на истиот начин.И веќе се ти е сеедно.Да ова ми се случува.А мислев дека сум многу среќна личност.И среќата е релативна работа и тагата, и се така во круг.