ТОП тема одење на училиште ах бе деца не сте ни свесни дека че си ги барате овие времиња наместо да се нервирате дека е 1 септември вие треба да славите........ Сепак среќен нека вие почетокот
Јас да си кажам.Есента ми е најубава и едвај чекам први да дојде...Требаше да одам во интернатот денеска али вчера температура имав Утре сабајле тргнувам...Нема спиење вечер
Неделен ручек приготвен од маж ми. Љубов шта чеш Е љубов де, ја има и во 40-те. Ми вели, Озбилна, денеска јас ќе бидам во кујната само не ми се мешај во работата. Бог те мазо какво мешање Жими еден брат не бев за работа терање... Па и да ја извадеше секоја тава тенџере нема уста да отворев. Дефинитивно не е мој ден. Па си го фатив креветот и ги извртев сите програми а ни таму ништо интересно. Недела ми е најдосаден ден и точка. Во кујната се надмина себеси, е сега тави и тенџериња има за миење ама кај и да е и тоа ќе биде. Него по ручекот иде и кафе, ама кафето никако да дојде. Тој на еден кревет јас на друг и од негде му текна. Е Озбилна Озбилна, да имавме една ќерка сега кафе ќе ни скуваше И тој збор недоречен ете го малово со кафето абе кога ќе реши горниот решено е, седи Озбилна доста си работела епа што, вас понекогаш мрза не ве фаќа ај речете не Ucenici, mucenici, ljubim vam soj, direktori, profesori, niste moj broj daj Boze zdravlja i radosti i koji dеnar u mladosti... Среќен почеток на новата учебна година
Чекајте, другари. Не знам дали приметивте, ама има повеќе мислења за мрчење на учениците, отколку учениците што се жалат што завршува распустов. Сеа за инат ми иде да се жалам што завршува распустов! Ха! Па добро бе луѓе, сфатете дека низ форумиве повеќе се жали за јунската испитна сесија и општо за факултетите, него ли како сме си поминало во школо. И да! Знам, ЗНАМ дека на факултет ќе ни биде тристапати потешко, али смирете страсти, ебаго. Кога ќе дојде време за тоа, и за тоа ќе се жалиме. Али глупо е она тапшање по рамо: А бе мали сте вие, што знаете. Што и е вистина, али воздржете се. Сите се жалиме за нешто, кој за украдена кукла, кој за школо, кој за факултет, кој за немањето работа, кој за љубовта, кој за некоја болест. И вистина е дека како што старееме, не' загрижуваат многу поважни работи од украдената кукла или школото, дури не' фака носталгија за тоа време. И сфаќаме дека тоа е потполно небитно во споредба со некоја болест. Животот не' подготвува за тоа. Но, во моментот, можеби за нас и украдената кукла претставува нешто огромно. Секој за своето ќе се жали. Неисе. Пред малку си ги искорнав живците на ноктите и сеа се прашувам како ќе си го исчистам лакот со ацетон. Има да пржиииииии. Битно е да се дружимо!
Колку е убаво кога ќе се собере целото семејство. Ручек, муабет, насмевки. Абе милина. Ние после долго време се собравме цело семејство. До сега неможевме, шта чеш. Кој каде фанал кривина. Некој на работа, некој само се шетка. Татко ми денес со вицовите е станат. Цел ручек тој само кажува вицови, неможевме асално да јадеме од смеење. Пушта музика и почна да пее. -Тато не смееш да пееш додека јадеш, ќе земеш циганка. -Ќерко, мајка ти како ја земав?! Е вака пеев додека јадев, и ми дојде. Права циганка. Луд е жими се, ама пак најмногу си го сакам!
Ехх, се би дала да се вратам сега во средношколска клупа... Освен првиот училишен ден во прва средно, што беше како 30 и нешто уплашени зајци да седнале во училница, се друго ми е со ептен позитивно сеќавања. Во секој клас имаше, барем еден пар што се лапа на мал одмор, 2-3 постојани оговарачки, "лепотици" со огледалца и сјајчиња за усни, една школска гарант ти е машкуданка и зборува со машките за утакмици и што ставиле во кладилница, ама и секогаш има 1 школски на кој му го имаш меракот ... Главна тема на разговор во понеделник и вторник е како си поминал на излегување викендот и кој со кој се смувал. Од среда па натаму, муабетот е што да носам во петок , а што во сабота и дали да си ја пеглам косата. Е сето ова ми фали најмногу на светот и криво ми што повеќе не сум уживала во тој период и сум се замарала со некои банални глупости, но немало кој да ми каже дека дека тоа е најубав период во животот на еден човек и дека толку брзо пројдува... Среќен почеток на сите ученици, а посебен поздрав за тазе средношколците!!!
Чудно е, за прв пат во животов доаѓа 1ви септември и наместото на онаа носталгија за летото што ја чуствував до лани,наместо онаа желба да не дојде утре, сега чуствувам носталгија токму за моментите пред први септември, за она купување нови тетратки, ранци, за последните августски ноќи кои ги поминувавме во прераскажување на летните глупости со ладно пиво в рака и ех yu од телефоните во придружба на другарот што свиреше на гитара За првите утрински часови кога кажувавме кој како си го поминал летото и на крај констатиравме дека сакаме уште лето Некако ми фали таа првосептемвриска еуфорија, да точно дека за две недели ќе дојде 15ти септември ама дефинитивно не е исто. Како да заврши магијата или само заврши безгрижниот период од животов... Така е Marie.m штотуку се потсетив на таквите моменти и интересно е тоа како таквии моменти кои сме ги живееле со толку емоции стануваат спомени- само слики Нејсе, сакав да ви посакам среќен почеток средношколци и основци, користете го периодов и уживајте до максимум потоа доаѓаат уплатници, листи, рокови, термини, полагања кои нема да ве остават да жалите за летото. Уживајте
Кученцево го најдовме и го земавме дома, беше чисто и сфативме дека сигурно не е од улица. Отидовме на местото, баравме по комшии, оставивме број, ама ништо, никој не се јави. А интересното е тоа што, сабајлето татко ми ми се развика дека по цели денови седам само на компјутер, воопшто не излагам од дома, што е точно. Му реков да ми купи куче и ќе излагам и оп, еве го ова, тато викаше дека Господ ни го пратил. Го однесовме на ветеринар, купивме храна и му направивме привремено легло од кутија. Се викаше Лили. Првите два дена, мама не сакаше кученцето да влегува внатре. Вечерта кога ќе легневме, абе немаше спиење. Излегуваше на улица, лаеше, сакаше некој да има до него, така била навикната изгледа. После ја внесовме внатре. Абе глас не и се слушна. Јас на компјутер, она си спие во кутијата, а и играчка и дадовме, со неа си спиеше. Може беше една недела, ама многу се приврзав. Најмногу одеше по мене, не се одвојувавме. Додека јас си седам она ќе ги качи ноџињата и ќе ми рипне во скут. Многу си се сакавме. Ама беше женско... Прво куче ни беше, ништо не знаевме, што да правиме кога ќе добие, крв насекаде, па после ако затрудни, па кога ќе ги раѓа.. И решивме да ја дадеме на наши пријатели. Немате поим колку сум плачела и ми беше жал. И уште ми е. Ама добрата вест е што ќе ни дадат мало кученце, кога ќе си роди од нејзините. Еве ја:
Оф, офф.. колку ми е жал за некои луѓе, кои мислат дека се паметни и дека знаат се, а уствари поим си немаат.. тутурутки невидени.. да земеш да ги прашаш како се викаат, нема да знаат да ти кажат! Жалосно!
Spoiler Извини што ке речам, ама не е во ред да се откажеш од куче заради полот. Има менструација на три месеци, ама најчесто сами се чистат и не прават флаки. Па и да направи некогаш, се чисти тоа. И ако не и дадеш да затрудни, нема да затрудни. И да затрудни, сама се пораѓа, не и треба Систина за да роди 5 мали. И да се разболи, треба да ја чуваш. И да е машко, криво, со една нога и без влакна, пак треба да го чуваш. Моето искуство со женски кучиња било милион пати поубаво од машките. Секогаш биле помили, понежни, почувствителни и поприврзани со семејството. И секогаш се разболувале ако се одделат, макар и на еден ден од некој од домашните. Можам да замислам како и е сега. Но не си ти крива Тоа е што е сега. Сосема разбирам да не сакаш да чуваш куче, но да не сакаш само оти е женско...не е во ред. СДК први септември за мене е ден на 12 нови почетоци и 12 нови успеси на крајот од годината. После средно, први септември веќе не беше официјален ден на започнување нешто, ама после десетина години од последниот прв септември, уште ме потсека на почеток и желба за ново и убаво. Секоја година имам нова задача. Затоа, од овој први септември, имам нов почеток. Јас, подобрена на неколку различни нивоа. Ке видиме на пролет дали ке има резултат.
Зошто некогаш ме мрзи да живеам. и ми е преку глава од се. Сакам да побегнам негде сама, баре, на 1 минута.
Оваа лето ми е едно од најубавите,можеби имаше моменти кога ми беше досадно но оваа лето за мене беше ПРЕКРАСНО ќе ми недостасуваат нашите лудории и глупости,допишувањето до 6 наутро дури ќе ми недостасуваат и шегите на моја сметка.Денес како за последен ден го искористив максимално и сфатив дека нашето друштво е многу необично сите се зафркаваме се дружиме знаеме и да се скараме но едни без други неможеме ги сакам сите и знам дека пред нас се уште многу поубави и полуди лета.. Ако немаш добро друштво,немаш ништо
И така си помина едно лето, едно незаворавно лето за мене.Се беше толку убаво , иако едвај чекам да тргам на училиште сепак ке ми недосатасува се...Сите денови поминати во забава , сите ноќни излегувања, а најмногу ке го паметам по мојата прва и единствена љубов, сите денови и ноќи поминати заедно ...Помина и ова лето , заврши уште една тинејџерсканезаворавна летна приказна.
Пред 50 години се ѕидала куќа во која ќе живееле дедо ми и уште двајца браќа и една сестра. Деенс истата куќа се рушеше. Беше страра и пола пропадната. Дедовците си пуштија по некоја солза, па сега не бива куќа која со денови ја граделе да ја снема наеднаш :geek: На секоја плачка има и смешка. Се качуваме со братучедка ми на вториот кат. И од пуста љубопитност таа се качи на покривот. И јас си викам: Она се качи, а јас како да се испентарам сега? И се вртам, се туфкам и викам по неа: А имаш на ум како ќе се симнеш од таму? :geek: и одеднаш слушам бааам . Ај си реков фрлаат чичковците од покривот нешто, па затоа. Се вртам и што да видам. Братучедкава виси од покривот. Spoiler И буквално вака виси Згазнала кај што не треба и толку фалело Татко ми ја влече од покривот, чичо од вториот спрат Ај некако ја симнаа и ми вика: Ту брее, што среќа ќе сум имала Работава не беше за смеење, ама опишувањето на брат ми како одеднаш ја сменало од покривот, неможеш а да не се насмееш Доста се расприкажав јас, заминав да се подготвувам за утре
Што правам погрешно што привлекувам мамини мажиња?Цело време ми се лепат машки,што имаат доминантни мајки,што ги водат ко слепци во животот. Ќе морам да почнам да се претварам во кревка и мутава жена,за да дојде некое мажиште и да ми помага. Или ќе земам шприц и реагенси и кога некој ќе ми се доближи ќе им проверувам тестостерон. Или ќе станам кучка,па ќе ги уплашам овие првиве.Или така ги привлекувам уствари?