Не е глуп начинот на кој што го кажуваат тоа затоа што во нормални држави платата на медицинската сестра зависи од времето што го потрошиле за школување, обука, пракса, па и одговорноста која ја носат за заштита на пациентот. Не се криви чистачките секако, ама поразително и понижувачки е медицинска сестра да зема иста плата како и чистачка. Сум за покачување на плати за сите, но линеарно и процентуално, за да не доаѓа до вакви ситуации.
Па нека каже, заслужуваме и ние заради тоа и тоа и тоа. Работата, смените, инфлацијата итн. Или општо дека се зголемила минималната. А не чистачката да ја спомнува.
Гимназијалци погребани денес отруени од дрога ставена во пијачките. Мвр спие, дреме. Вие се карате за глупости!!! No biggie мвр. Побитно е да се острани тезгата на бабичката што продавала цвеќиња на улица малку да ни го разубавела градот, мирис во носевите да ни внесе. Ама сметала тезгата, голем проблем е , а не смета и не е голем проблем да се чешла малку по дискотеките,кафичите што се дешава. Гадови неспособни, ве напикаа без нула знаење па и ве тепаа.Море ако ви е,кога не не штитите кога треба!
Уз коронава колку позитивни умреа од лекарски грешки, од самоубиство и убиство, од негрижа и немаше обдукција па никому ништо. Само немаше кој да дигне глас за тоа, јбг. Све беа тоа компликации. Навикнати сме ние на бутање под тепих.
Повеќе биле, има коментар на мајки во ЖЕНСКИ ДОМАЌИНСКИ МУАБЕТИ (вака со големи букви напишани) групата. Еве и линк од професорката што напишала статус. Имаше и на инфомакс.мк читав и на друго место. Биле повеќе деца и сите биле отруени. https://www.facebook.com/profile.php?id=100029209734368
Јас па некаде прочитав дека детето скокнало од зграда од халуцинациите од дрогата.. Шпекулации безброј.. Каде ни е министерот да излезе на прес со точни информации за локалот и времето? Којзнае колку други лица се нашле таму во тоа време. Досега мислев дека вакви работи се случуваат само на филм
Види во црна хроника се пишуваше вчера, има и линк од мајката што пишала, едно дете е. Најверојатно се предозирало.
Избришани се последните страници со навреди, исмејување и буцкање, @KiT е банирана на три дена од темава. @-црноока- темава е сакам да кажам, не сакам да прашам нешто, ако имаш конкретна дискусија на ум тогаш отвори нова тема во иднина.
Не е дека не знае. Не сите бебиња се по книга па да имаш време за нокти за фризури за шминкање. Еве јас на пр. Треба да одам на физикална погоди што? НЕМАМ на кого да ја оставам за да одам. А не да ја оставам за да одам по кафани или кафичи.. Со неа у вц идам. Хајлајт на денот ми е крема на лице ако успеам да ставам. Такада, не ми е приоритет да се шминкам, нокти вчера налакирав денес се катастрофа од рибање тафчиња еве ја спие и урла исто како синојка, да ја остаам да идам да се налакирам?
Извинете вака, ама мене па потрагично ми е исмевањето и оговарањето на други жени, макар биле и колешки. Никој не знае како му е дома, дали " големата " плата што ја зема ја троши на кредити, исплаќа долг што бил направен претходно, или си штеди пари. Никој не знае како му е на другиот на душа и дали му е тешко или не. Дали сака да искача или не. А коментари од типот НЕ знаеш, НЕ можеш да се грижиш за бебе не мора. Ете, некои се супер мајки и можат се. Некои и пред деца не сакале да шетаат, да се дотеруваат.... Сите знаеме како треба , ама ете не можеме повеќето, од милион причини. Јас не сум излегла од пред 100 години со другарки , и не ми е секогаш средена косата. Нокти сега почнав да средувам. Се потсредувам колку можам кога искачам до продавница или школо. И имам , ете релативно големи деца. И зборам почесто за нив. Некогаш така неосетно не престанувам да зборам за децава. Е сега, по сите стандарди сум смотана и несредена мајка, ама толку можам сега, оти се борам со други нервози и проблеми и "паднав" скроз. Така да, ако може само малку повеќе разбирање за другите, само малку помалку осуда и ок сме.
Викендов и официјално започнува пролетта. И така есен-зима 2022/23 и официјално се завршува. Снег не падна. Среќно нека е ...ваљда. Spoiler: . И така.
Јас сум марсовец. По сè изгледа, не сум од тука. Не припаѓам тука. Не можам да издржам повеќе во примитивно место со примитивни луѓе. Не можам постојано да се запрепастувам на туѓите постапки и секојдневието да ми е исполнето со несигурност, страв, очај, гадење, стрес и нервози бидејќи не знам што следно примитивците можат да направат. Не можам да се заштитам затоа што насекаде се. Опколена сум со примитивци кои немаат здрав разум, морал и принципи. Страшно е.