Денес, ни мање ни више во 4 наутро си ги запознав новите соседи... Мислим, не особно или со намера, да не се разбереме погрешно! Битно дознав што прават во спалната соба во таа доба од ноќта, па сега можам да се пофалам со добиената инспирација, која може комотно да ја преточам у пишување роман на темата ,,Животинските нагони на моите диви соседи'' Звучи како наслов на некоја книга за возрасни, не? Е, и за да биде иронијата уште поголема, мојата и нивната спална ги дели само едно ѕидче, бетер потенко и од стиропор. Па, така денес сериозно сум во мисла дали да им понудам соработка, т.е. јас да им бидам тон мајстор. Бар од нешто да имам ќар нели. За возрват, они нека ми фрлаат по некои 3-4 илјадарчиња месечно и квит сме.:geek: Би преостанало уште моите дома да се согласат со идејата и таманка потпишуваме договор! Не, шала на страна, не постојат пари кои го купиле мојот бесценет сон. Така да, иако се сметам за личност со висок праг на толеранција, сепак и тој не трае вечно. Особено не два ипол часа јеботе. Па и ''јебо те'' уствари ..Нема везе, да не филозофирам веќе, ама ако не ја режираа токму оваа сцена, ја глава сечам. Spoiler
Исекни нос на сред улица и избриши си го прстот од ѕидот од зградата.Стоки бре неваспитани !! Ја'зк !! Да му се одмили на човек кафето и запалената цигара на прозор ! Нема погрозна креација на природата од човекот НЕМА !
https://www.youtube.com/watch?v=jAHlQ77lm10 Одличен спот! Очекувајте дека ова ќе биде најсподелуваното и најдосадното нешто во наредните месеци. Иако реално, предобар е спотот, а и песната не е лоша,има некој 90ти шмек.
Колку обожавам храна, толку имам проблем од истата. Мислам дека посреќна би била кога проблемот би биле качени килограми него гушење и алергии. Забрани за јадење на едно, друго, трето, а јас си јадам па си јадам. И после ќе почнам да се гушам, па ќе почне трчање по апчиња. И така речиси сите мои блиски си носат со себе апчиња за алергија. Дечко ми се опремил и со некои шумечи кои помагале. А јас толку мразам шумечи таблети што мора да ме поткупува за да се напијам Во моментов толку многу ми се јаде јајца што буквално само на нив мислам, а сум останала без апчиња. Ќе ги оставам за утре, не ми се ризикува
Вредеше? - Фраза која ја користиме секогаш кога немаме друг збор за утеха, за оние нешта за кои сме си ја чукале главата во ѕид! Да, да! Па, следуваат кафиња, пиени со часови и часови, проследени со монолози кои немаат крај, па и по некој дијалог, прашувајќи се и прашувајќи - дали вредеше?! Потоа, ноќи и ноќи непроспиени, поминале со очи широко отворени, зјапајќи во некоја точка на таванот, повторувајќи сам на себе, сам пред себе - дали вредеше?! И советите кои ти ги даваат мајка ти, најдобрата другарка, ги слушаш со затворени уши, со мисли потонати во себезалажување и себеубедување. Дали вредеше?! - Вредеше! Вредеше вчера, вреди денес и ќе вреди дури сум жива! Затоа што и тоа што не вредело - вредело, зошто ме научило да распознавам! Затоа што и кога ме болело - вредело, зошто ме научило да преболувам! И кога ми вртеле грб - вредело, зошто сум научила да не кршам нозе трчајќи! И кога сум била среќна - вредело, зошто сум научила да ги грабам таквите мигови! Но, најмногу од се вреди тоа што ниедно "ДАЛИ ВРЕДИ?" во мојот свет, нема одговор НЕ!
Мене од почеток многу ме потсетуваше музиката на Love is in the air, и така си денсав по дома секојпат сепнувајќи се на текстот, ама така сум ја научила, и слободно можам да кажам оти е една од поубавите песни кои едвај чекам да ги дадат по станициве
Ноќниот живот е многу тежок, човек треба да има набиено добра кондиција и не е така лесно како што изгледа тоа држење темпо на квалитетни, секојдневни забави до санрајзот со многу, многу алкохол и нешто слично на алкохол, само малку посилно. Се сеќавам како лани си го прославив роденденот т.е. не се сеќавам баш најдобро ама ми кажаа дека убаво сум си поминала, а јас само знам дека почнав со Џони во чаша наместо кафе за добро утро и ниту една ноќ не се онесвестив и не се качив на маса, супер! После тие X дена несвест, немав некои големи (видливи) последици по здравјето, во мене имаше крв, лимонада и алкохол, а само нешто вилицата ми се укочи и ме болеше, којзнае што сум... лапнала. Оваа година решив да одам на место каде е лудница и прашање колку можеш да издржиш, град со ноќни клубови како никаде на друго место, опиум пабови, јавни куќи на секој чекор налик Ред Лајт Дистрикт полни со педери, лезбејки, лејдибос, машки и женски проститутки и стриптиз шоу, колективни оргии и букаке парти... кик бокс, таи бокс на улица, диви борби и крвави бокс натпревари на кои учествуваат јаки дечки, а публиката навива и се обложува, дава залог за своите фаворити. Јадење од секакви кујни, од печени бубашваби на скара, шкорпии, штурци и курци, па се до свеж мајмунски мозок кој пред тебе го убива и му го отвара черепот за да ти даде да пробаш, пијалоци и коктели со змијска крв и вистинска, здрава вијагра за разлика од Европа. Прекрасен град кој ја крие својата темна страна, познат по ноќниот живот и место каде зоолошка не ти треба бидејќи нема што нема да видиш низ улиците, навечер се шетаат секакви животни све и свашта ненормална работа од транвестити до секакви болештини, авантура, адреналин, доживување и преживување во права смисла на зборот. Место кое е мој поим и дефиниција за ноќен живот и каде можеш да добиеш се што ќе посакаш, Лас Вегас во Азија, модерната Содома и Гомора на 21 век. One night in Bangkok makes a hard man humble Not much between despair and ecstasy One night in Bangkok and the tough guys tumble Can't be too careful with your company I can feel the Devil walking next to me Бангкок, држи се! Јас доаѓам!
Кога правите добро дело не очекувајте другата страна да ви возврати на ист начин.Не знам дали сте свесни ама на тој начин започнувате еден ланец на корупција.Го знаете она јас тебе -ти мене.Ако вие направите добро дело на некого,тој на вториот,вториот на третиот...се прави круг на добри дела.И како луѓе обидете се да се воздигнете над себичноста. И не очекувајте да ви возвратат,само пуштете да се случува живот.
Кога бев 3то или 4то одделение, добив покана за роденден од едно другарче од одделението. Се дружевме, секој ден заедно одевме накај школо, заедно и се враќавме. Ме однесоа моите кај него, ме оставија и се договоривме кога да дојдат да ме земат. Бев прва гостинка на роденденот и верувале или не - последна. Никој од поканетите деца од одделение не дојде. До ден денес не знам зошто. Поминаа саат-два и кога детево виде дека никој друг нема да дојде, се разочара. А беше многу фер другарче, никогаш не беше себичен и стварно не ми беше јасно зошто никој друг не сакал да дојде. Си мислев: Ниту едно дете не заслужува да биде само на роденденот, особено не тој. Ама после неколку саати заедничко играње и смеење, мене не ми се одеше дома. Во наредните неколку години имавме многу убави дружби. После некое време патиштата ни се разминаа, не се гледавме толку често, ама еднаш ми рече дека секогаш ќе ме памти како единственото девојче кое дошло на тој негов роденден. И ете тоа другарче, сега наместо роденденски покани, дели покани за свадба А како вчера да беше кога игравме жмурка и се прскавме со црево. Не ми се верува кога толку брзо поминаа годините...
СДК а богами и да прашам, постои ли некое пишано правило кој кога треба да стапи во брак ? Прилично, овие стварно досадни муабети ми се слушани од баби дедовци, вујни, тетки..... ама кога ќе слушнам од млади луѓе "ајде време ти е" , за каде ми е време бе?! А да напоменам дека тие немаат ни девојки-дечковци, а сепак се осмелуваат да го кажат тоа . Да, ме нервираат тие БОШ муабети, јас си знам, дечко ми си знае, НИЕ решаваме. Вие ќутете си, најпаметно е !!! Иначе, си идам од кај баба ми прееска, дождец ситен шушка, од некаде ми дојде мирис на она грозјето од свежо печена ракија. т.н. кумиње од друга страна печени пиперки, а јас одев по улицата каде едно време трчајќи ја минував во полумракот, и застанав за минутка, се потсетив на детството, на бегањето од дома со парче леб и ајвар, на скришните места кои само јас и другарка ми ги знаевме кога се играше криенка .... Ех, времиња
Еден ден. За некому обичен, за мене решавачки. Тој ден се одлучи дека не ми е судено да сум среќна. Причина? Една личност. Личност која денес посакувам никогаш да не ја запознаев. Но, тоа е животот. ПОстојано ми носи такви личности. А јас не можам да ги избришам. Одлуката не е моја. Никогаш не беше, нема ни да биде.
Се борам долго време да ги сватам некои луѓе кои се околу мене какви ангели се од првиот ден кога ги запознајш или пак кога им треба нешто.Поминало извесен период и тие ангели како да биле маскирани се претвориле во нешто непознато нешто поинакво, злобно. И после пак се маскираат со ангелски маски, се чудам само како така живеат а се знај дека се маскираат и упорно те лажат влице.И не знам како да продолжам понатаму да верувам дека можеби постојат тие ангели без маски, но никој до сега не ми докажа да верувам во тоа .
Ај да сфатиш неодговорност од било каков тип, ама постојано да забораваш да носиш предмети за лична хигиена или основни работи потребни за моменталната пригода, е на такви никогаш нема да можам НЗС да им најдам. Ја гледаш прашува различни луѓе во просторијата, „може ли палома“ а настината веќе 2-3 дена и пак не ѝ текнува да понесе самата. А најинтересни ми се оние што, ќе ги изненади некаде на непријатно место и време тетката во црвено ферари, па кога ќе почнат да шепкаат „извини, имаш ли улошка“ на толку низок тон што треба од усни да им читаш. Или пак, настрана од вакви неопходни хигиенски работи, у школо на пример кога ќе дојдат на најавен тест, а пенкало при рака не им се наоѓа ни за лек. Разбирам, на секого може да му се случи еднаш, двапати, ама да си дозволиш константно да ти се повторуваат вакви ситуации..? Дали можда се навикнуваат на такви позајмувачи во околина што се спремни за секоја ситуација, или што е работата? Ама битно во ташната секогаш имаат место за секој најситен детал од шминка, и по некое огледалце за секој случај ако притреба да се обнови истата, пошто нели тоа не се заборава. :geek: