Јас мислев некоја релевантна статистика ќе пратиш, ти блогови и курир.рс. Ај малце поозбилно следен пат
Срамотилоци На што личи ова? Како овие ќе нѐ бранат и чуваат кога меѓу себе очи ќе си истераат? Сега МВР ќе демантира гарант. Ќе рече абе си играле
У право си, луѓето не се разведуваат ради семејно насилство. Затоа и насилството цвета како цреша во пролет. Не треба да го потенцираш упорно тоа како да е нешто за фалење, тоа е страшно поразителен факт.
"When nowhere feels like home you just retreat into yourself". Одлична мисла. Од "Beef" е, супер серија. Серијава ја проголтав у еден залак, ми се чини. Ме потсети дека во животот многу е битно да застанеш на момент, да вдишеш-издишеш длабоко неколку пати и да размислиш следно што ќе направиш, бидејќи секоја постапка и одлука си носи свои последици со кои ќе треба да живееш некако. Многу е бедно да бараш вина во друг, за сопствените дела. Уште победно е да бегаш од превземањето одговорност за сопствените дела. Серијава ме потсети и дека многу е битно постојано да се проверуваш сам себе, што осеќаш, што мислиш. Постојат многу некорисни емоции, како лутината на пример - води кон агресија и непромислено однесување - затоа е битно постојано да си во контакт со своите чувства и мисли - за да ги препознаеш кога ќе се појават тие некорисните - за кога ќе се појават и ќе ги препознаеш да ги совладаш и контролираш. За да не дозволиш тие тебе да те контролираат! Зошто ако ти не ги контролираш, а тие тебе те контролираат, тогаш големи се шансите дека ќе направиш некое срање со кое ќе си го заебеш животот. Штом го бутнеш првото парче домино, тешко дека ќе успееш да избегаш од ефектот што следи. За премногу нешта не вреди да те изгази домино ефектот од сопствените срања, само затоа што ти пукнал филм и не си се исконтролирал. Затоа: И мисли со тоа главата!
Кога бев во основно постојано ме малтретираше, булинг ми вршеше, мислеше господ е, постојано јадев ќотек од неа а денес во Стокомак дојде ред она на мене банани да ми мери.. Ехх животе, каде сум сега јас, а каде си ти, господ се гледа и враќа..
Супер што и дошла кармата на врата, но што има лошо во тоа да мери банани, да работи во пиљара? Толку понижувачко е за тебе тоа?
Па ти самата рече дека кармата и дошла на врата со тоа што работи во маркет, а мене ме прашуваш дали ми е мизерно тоа што мери банани и работи во маркет.. Ама да, мизерно е, со оглед дека кај нас во Македонија тие што работат по маркети се најслабо платени, највеќе работат, и 8/8 саати на ден работат..
Јас не реков дека е супер шо лошо и се вратило со тоа шо работи во маркет. Јас реков супер ако и се вратило лошо, а шо има лошо во работата во маркет. И јас и повеќето членки не гледаме ништо лошо во работа во маркет, ипак тоа е работа, некој дома има и деца па фала богу нема да бира работа. А во која работа не се работи 8/8 кажи ми?
Администрација. Поготово државна. Работно време од 7 до 15ч. Идеш на работа од 7, пиеш кафе до 8 и работиш до 12 со повремени замени со колегите (тебе ти се фаќаат 2 од 4 часа ефективна работа). Од 12 до 13 пауза за ручек, од 13 до 15 пак иста шема и толку. Од 8 часа, имаш ефективна работа од 4 часа.
Еве јас работам 8 часа на ден, и од тие 8 часа, имам саат време платена пауза, и саат време неплатена, што значи имам ефективно работно време од 6 часа, само една смена, викенд не се работи, празници никогаш, за странска компанија..
Абе ти нина не ја знаеш изгледа хахахај У СДК едно позитивно мислење нема. Едно Не знам дали си нѐ читала месециве пред да пишуваш пак, ама секој можен ден плука некого. Буквално памтам од јануари дрндаше како на сестра ѝ ѝ купиле пакетче од 150*** ден. Тоа ти кажува сѐ за девојчево. Дежурна мрчаторка Ах пак да се едитирам ќе треба Од 100 ден, не од 150
Таа прво пиша цитирам: “ Дај Боже таму да си останеш и да не излезеш од бедата”, после го сменила во “Господ гледа и враќа.”