Денес се чувствувам потребна.Конечно да помогнам на некому кому е вистински потребна помош.И не се каам што потрошив седум часа одење по куќи и собирање пари.Пари на кои и се потребни за операција на Олгица и Иван.Но денес истотака разбрав дека оние најбогатите ич не даваат,а оние што имаат малку даваат.Оние кои не даваа се правдаа со она не сме зеле пензија.Но не не ги осудувам бидејќи некои навистина немаат.Но сепак во прашање е човечноста на луѓето.Денес сум горда на себе
Денеска го дотерував син ми,љуби га мајка. Не е што е мој,ама... Ми вели мајка ми само ти дотерувај го ,после ѓаволот ќе ти биде крив. А што треба да му направам,да му го измачкам лицето со кал(има преубава боја на кожа,од кого ли ја наследил?),и да го затворам дома (детево почнало плочки да реди на стомакот) . Инаку моментално 100 работи започнав 1.пијам кафе 2.го потопив купатилото во доместос,дури и глувците од контејнерот преку пат се разбегаа 3.блејам по форуми 4.филмот ми е на пауза 5.почнав да пеглам,се испотив и заебав 6.... Заклучок -не работам ништо затоа куќава ми е како да е пазарен ден. п.с.добив награда-вечера за двајца,во понеделник има свечено да го изведам маж ми.
Сум се регистрирала одамна ама сум заборавила на профилов. Хелоу аген Луѓево денеска немаат осет. Сум кажала дека полагам, немам време и после пола саат се појавуваат на врата со она познатото: Сакате ли гости? НЕ! И тоа секогаш се случува ден-два пред испит. А и оној мојон ми фали
Денес една баба гордо кажа дека нејзиното 4 годишно внуче, во градинка на сите девојчиња им викало да ми го јадите к*рето не е детето за ќотек, тие што го научиле се
Мислев дека некои работи се случуваат само во турските или шпанските серии ,ама деновиве гледам две три епизоди во живо ,и сеуште не ми се верува дека има такви случкиво мојот живот , како некоја сапуница
Понекогаш доаѓаат мигови кога се повлекуваш во еден меѓупростор, во сенка... Самуваш... Не затоа што креваш раце од се, не зашто се откажуваш, туку затоа што тоа е правилно, во погрешното! Spoiler
Да имаш сѐ, а да немаш ништо. Што е тоа? Тоа е да ти недостасува најважното нешто. Не е ни храна, ни луѓе, туку еден единствен човек. Веќе две години како почина, а за мене е исто како да беше вчера. Се распаѓам внатре. Најдобриот човек кој некогаш го имам запознаено. Човекот кој не ми беше ниту татко, ниту дедо, ниту вујко. Не. Тој ми беше најдобар пријател. Иако кога го запознав имав четири години, а тој четериесет, сепак го почитував како никој друг. Го сакав како татко. Никој друг не ми е бил поважен од него. И сеуште е истото. Секогаш кога бев тажна, тој беше овде да ме насмее. А сега, кога имам доволно причини за да сум среќна, се присетувам дека ако него го немаша, не би била среќна никогаш. Да можев да поминам барем уште еден ден со некој кој веќе го нема овде, тогаш тоа би било со него. Во неговата малечка куќа, местото кое ми беше омилено кога бев малечка. Најпозитивното место на светот. А сега? Сега е само празна куќа. И таква ќе остан, освен ако некое лилјаче не дојде на таванот.
Ич неќам коментари од типот: "Како можеж да знаеш дека баш него го сакаш кога немаш видено/пробано што друго се нуди на пазарот освен него?" Не знам за вас, ама мене вакви прашања и коментари од такт ме вадат и секогаш сум се бунела без разлика дали се работи за мене или за некој друг. Сега ти ако не можиш да издржиш со еден дечко повеќе од месец дена никој не ти е крив. Ни дечкото, ни оние кои се во долги врски, а најмалку па оние на кои таа долга врска им е прва. Можеби навистина имале среќа и од прва нашле некој кој ги прави да се чувствуват исполнето, сакано, среќно, некој што им одговара и со кој се чувствуаат сигурно пред се и не им е потребен никој друг. Бидејќи се среќн, да среќни. Бидејќи, нели е тоа она најважното? Или грешка сум?
Ајме... Абе, малце касно палам, ама сок од б'з ти имаат речено гарант. Постои такво нешто, не е лош на вкус. Бар нема вкус на г'з де. ----- Мајка ми денеска ми ги истренира нервите до максимум. Си ја сакам де, али мора малце да научи да го контролира нагонот за зборење. Пуштив филм во 11 сабајле, го догледав во 3 по ручек. Влегува во соба и ми зборува нешто, паузирам и тргам слушалки - престанува да збори, ги враќам - пак ѝ текнува нешто. После јас крива. И ми вика: Абе, ја знаеш Маја, ќерката на *колешка некоја*? - Не ја знам. - Ее, од нив го купивме станов. - Не ја знам... - Абе една година е постара од тебе, во исто школо учевте. - Не ми текнува. - Со плави очи девојче. - Ама, не знам! Зошто е толку битно?! - Епа стјуардеса станала. Јас знам дека се радува за девојката, ама мислам дека немаше толку да е возбудена да ја беа најмиле од НАСА или да беше станала сериски убиец.
Ми треба асален човек муабет да си напрам едно кафенце и благо да си пробаме заедно така убаво правејки муабет а е само кафето да го испие и слаткото и да каже се брзам за муабет ви се случило? Ухууу и тоа колку пати Туку стварно ми треба некој да ме сослуша без да ме прекине иако ззнам дека ке му речам ај др кажи нешто озбилно ми треба сослушувач па нека ми каже де и некој совет.
Јупи јупи јеееееј Ајт нека е за арно,сингл сум Мислев дека ќе рикам ко магарица,а тоа гледаш,се осеќам многу попозитивно и слободно. Ја сам веома изненаџена и усречена Вампир чоек,енергијата ми ја цедел. Подобро сама,а среќна отколку со некој крвопијач
Пар теј во комшии. Ако ме види мајка ми колку сум пијана ќе се откаже од мене во весник Едно ме плаши. Неколку детишнари ми бараа фејсбук. Сите сликаа. Ќе треба рано да станам да тргам тагови Од што гледам дупло, овоа е долг пост Стара сум за вакви работи.
Ај пошто традиционално ја кажувам приказната со штркот, ај и овој пат. Пред тачно осумнајсе години, штркот љетиф, љетиф, љетиф и ме сљетиф кај мене на кроф. Ама на штркот сум му се уарнила. Требало да ме пуштиф на август крајот, а тој чак на септември. ОООО, како ќе ја кркам тортата, само да знаетееее. Ма кој ги шиша гостите. Кој последен - магарец. СТОП за сите ваажи. Као државен празник се осеќам, бе. У недела се паѓам, у понеделник неработен ден. Ееее, НЕ! До душа, не знам дали државен или верски празник, ама не ме фаќајте сеа за ситници. Роденден ми е, ебаго. Ај, на здравје. Да не речете после дека сум била досадна со пивото. Торта ме мрзи да барам сеа. Ми се јаде, уште торти да глеам ми фали. И не знам што друго да ви кажам. Воедно и нејќам што наполнив 18 години, нејќам да пораснам!! Нејќам да влезам во светот на возрасните! Aли нема негативна енергија, идеме позитивно! Ај чао. Spoiler
Среќен Роденден! Еленче, се најубаво, да си жива, здрава и многу весела. Да ти се множат годинките до 101 и назад. https://www.youtube.com/watch?v=jOxjJZCOWJk
Колку е грда глеткава кога ќе видам младо девојче убаво со чисто кратка коса ишишана како машко. Или пак со половина истрижена глава аууу бљак. Прашањево го поставувам за сите оние кои имате вакви фризури,зошто го правите тоа? Зарем не се знае како треба да изгледа една девојка а?
Како може да има толку бесчувствителни личности? Гад, морон, идиот, кретен, ѓубре, гнасотија, смрдле, мочко, глупак, будала, простак.. Малку му се овие зборови во споредба со тоа што тој и го направи на неа. Срам да му е, мислев дека има барем трошка човечност во него. Ама не бе, тој не е човек, тој е ѓубре, подолу е и од го*но. Добро бе, си седна на другата маса со други две девојчиња додека женска му седи на соседната маса, не дојде ни да се поздрави.. Срамота, глупост! Нели бе ќе и се јавеше? Пф како не, девојката секоја вечер седи со телефон во рака - чека повик. Не ја сожалувам неа, го сожалувам него, тој губи, губи една личност која безусловно сака, цени. Не, тој такво нешто не заслужува! Тој заслужува некоја што ќе го третира исто како тој неа сега, па дури и полошо. Да сфати каква болка тој нанесува на другите. Некој ја растел, ја чувал, се грижел за неа за ти да и се подјебаваш со психата!? Дај не биди сељак!!
Spoiler Види жити се и правило имало како треба една девојка да изгледа и каква фризура да носи. Свашта. Ако не ти се свиѓа, не се шишај кратко. Simplе as that. Ружна глетка било, ма немој Ај ако не сите долги коси ќе носат од сега, случајно грда глетка да не добиеш, бидејќи нели, се знаело како треба девојка да изгледа