Абе само право ли знаете да возете да ви е... неписмените, па коа видеш дека на твојата страна има кола паркирана, дека е зафатена твојата лента епа поцекај застани а не да влегуваш у мојата лента ??! И сеа ја морам да се вракам рикверц затоа што ТИ НЕ ЗНАЕш рикверц да возеš! Уууууууууу
Не знам дали сум единствена,но јас Евровизија го прочитав како Евроазија,и си викам дека имало тема посветена на мене.
Кога на некои ке им кажам дека немам инстаграм т.е имам ама не го користам,туку само фб, имам некое чувство дека ме гледаат како да сум од марс...
Кичевчанецот ن on Twitter: "Сè поблиску сме до ова https://t.co/sXVPeu6cRe" / Twitter Вреди да се погледне и одвои малку време.
Земја и образование кои последните 250 години ги даваат најголемите умови во светот. Треба да го копираат нашиот модел на образование за масовно производство на идни бауштелци во Германија
Сдк, дека темата " вашата шминка преку слики" е крипи за еден мејкап артист доколку ја утнала некоја шминката реакцијата на еден артист е као некоја трагедија да се десила
Често среќаваме нели луѓе што објавуваат за бездомни или напуштени животни и бараат кој може да ги вдоми. И тука во коментари се избацуваат оние најчистите со безгрешна душа кои ронат бисерни солзи од тага за животното со истата реченица - Вдоми го ти, што го сликаш само. Дечко/девојко...може тој што објавил е од друг град, може има мало дете дома, може болен човек има, може веќе има миленик кој не би поднел мало маче покрај него. Може е зафатен со работа цел ден и не би имал време да се грижи особено ако е мало животинче. Или едноставно смета дека ќе му е преголема обврска зашто ете не знае како па пробува на друг начин да помогне. И ок е, малце стварно олабавете. Сакам мачки, не чувам дома ама ги хранам, еднаш имам спасено три мали оставени на улица во кутија. Не ги однесов кај мене туку кај блиски што се големи мачкари. За други еднаш објавив на фб. И некогаш и јас и тој другиот толку можеме, побогу затоа и споделуваме, ако не јас, друг ќе се најде. Мислам ти вдоми го де, или само да се јадат гомна и да се лупаме во гради колку другите не чинат а ние сме безгрешни.
Пресреќна сум дека двата мои омилени бендови (Avenged Sevenfold и Smut) пуштија нови песни, а наскоро и албуми.
Да се надоврзам на темата.. Мене најмногу ме нервираат тие по групите за миленичиња. И јас хранам, прибирам кучиња, мачиња па не се фалам, нема воопшто потреба, тоа не го правам само за да се пофалам на други него ете онака од грижливост и хуманост. А уште повеќе ме нервира кога ке отрворам коментари и кога ке почнам да читам карање како што пиша ти погоре или видеа од типот “кучето на ланец го држи изгледа многу тажно, да те ставиме тебе на ланец да видиш како е“ ако го држи на ланец сигурно има причина, еве моите да ги пуштам без ланец одма ке ми избегаат и не планирам да трчам по нив, не знам други кои ситуации ги читав ама некако ова најчесто е. Имам мислење дека таквите се многу забегани, барем тие од Куманово што ги имам гледано, за по другиве градови не знам. Без навреди, тоа е само мое мислење
Уклучив да видам кои се,не сум ги сретнала порано,и кога ја слушнав Hail to the King од Avenged Sevenfold се заљубив. Штета што и од порано не сум ги знаела.
Ednash mi rekoa..."Koga me teraat da se zhenam isto kako da me teraat da pijam"...nikogash nema da go zaboravam.
И јас исто се осеќам и тој ден цел ми е за нигде само на тоа мислам Тоа е дека многу строги се комисиите нели И мене некни ми се деси и тоа со камион а со мене беше ќерка ми и цел ден имав тахикардија. Со тоа шо камионот не ни застана ако не застанев во секунда толку ќе беше ,да не спомнам брзината на возење која му беше
Се знаете со години и преблиски сте (другар(ка), дечко, роднина сеедно) ама коа ќе те викне дома се потресува зашо у дневна заборавил ќебето да го здипли. Па се извинува стопати, па ти вика не глеј несредено е малце. Или оти случајно чаша на трпезариска маса остаил па се тресе ако ја видиш. Па преку паткава ако после толку време се осеќаш пред мене дека ќе ти замерувам за една заборавена чаша или ќебе или милиметар прашина. Не ме викај така ич. Ич не можам вакви луѓе. Ептен ми е навреда ако не се осеќа некој удобно пред мене за ситници а толку време сме блиски.