Sabajle dojdov od rabota go prespav pola den.. pola den go setav eve kolku e casot uste ne spijam a vo 5 treba da stanam pak za rabota
Не знам која е потребата да се објавуваат оценки на децата. Тоа е нивен успех, а родителите како да се фалат и докажуваат ли дека нивното дете е подобро од другите? Секоја чест на вложениот труд на учениците за да стигнат до петките, ама знаеме дека образовниот систем ни е деценија поназад повуци-потегни со учениците, од кои поголем дел и од дома добиваат стрес од страна на родителите да се скроз одлични.
Маќедонска работа сите сакаат да се фалат а кога има нешто негативно тогаш нигде ги нема.Што да ти кажам не ми се јасни какво ми е такво ми е мое дете е од мене искочил.И не ме интересира дали е одлична дали е добра,каква е таква е моја е.А за оценките се виде лани во јаќите училишта кога имаше приемни сите деца испопаѓаа зошто сите беа со лажни петки.Кај беа тогаш да се фалат.Ќерками не е скроз одлична во 6и7 одд и поради тоа си се запиша во Борис и нема што да лажам или се фалам просекот е тој.
Мене ми е толку глупава целата фама околу тоа да се има се 5ки. Како прво, да се реално оценува, оние што вистински учат и ги знаат сите предмети за 5, се многу малку и тоа е нормално, така треба да биде. Уште кога јас бев во основно и средно, ако ученик знае математика, физика и хемија или ако има повеќе 5ки и по други предмети, другите автоматски му попуштаат за да „не кварат успех“. Зошто? Зошто не е нормално да ти одат математичките предмети, а јазици да не ти одат и да имаш 3ка или 4ка по француски? Зошто ликовно да се попушта затоа што е „лесен предмет“, наместо да ги истакнуваме оние кои навистина изработуваат цртежи за 5? Знам дека е до системот и просекот е битен и ова е критика до целиот систем, ама ете сето тоа лигавење за синчињата и ќеркичките да ни бидат скроз одлични ми е... блех. Колку би било убаво да беше нормално да им дозволиме на децата да имаат свои интереси и работи во кои се добри наместо да ги поттикнуваме да бидат генерични и добри во се, да не речам просечни во се затоа што како што кажав, повеќето 5ки не се реални... Ме фаќа депресија кога ќе помислам како школскиот систем е толку лош, и не зборам само за Македонија. Направен е да ја убие љубопитноста и креативноста на децата и да прави роботи кои само знаат да учат. Супер е ако некое дете навистина учи и знае 14 предмети за 5, секоја чест, но секој со своите таленти и интереси. Нема дете кое е подобро од друго кога е вложен еднаков труд само за различни работи. Но, јас лично и субјективно мислам дека поуспешни и поинтересни луѓе се оние кои некои предмети им биле едвај пролазни, со одредени предмет владееле. Или они кои едвај проаѓале во средно, а факултет завршиле без проблем со добар успех - многу, многу честа приказна. Знаете како оди оној цитат, Jack of all trades, master of none, but oftentimes better than a master of one. Епа јас мислам обратно.
Ја би шерала. Оценките не се мерило за знаење, точно, ама се мерило за некои постигнат успех. Ако стварно ми учело детето за тие 5ки, ќе се пофалам ако сакам. Ако не се стекнати со труд, нема пофалба.
И замисли учителката на ќерка ми ги има поделено појаките ученици во први редови и само со ним работела и соработувала а другите безгласни букви, немаат право на збор. Значи уште од почеток им го одмилуваат учењето на децата Инаку ова што го пиша од секогаш било така и јас кога одев и така ќе си продолжат
Ништо посебно само гнаси од страна седнати пред дуќаните дофрлаат и гледаат како никогаш да не виделе.Тоа е се што има во чаршија барем јас така ја доживувам
Лелеле жити се одвратно тешко си на тие туристи што одат таму.Па они кутрите па се фрапирани од нашата убава си чаршија хахахах.Бог да чува
Што е најстрашно, неколку пати навечер наидов на кваги, тепачки, насилство и што знам, освен винаријата Темов или како и да беше, на друго место не ми било убаво, а тука баш беше пристојно, макар што скапичко.
Луѓе, кога отварам фемина на телефон доле ми излегува дали сакам Google да ми ја преведе страната на анг, и некогаш случајно кликам да ми ја преведе. Знаете колку смешно ми звучат темите на англиски? Но, морам да ја одвојам темата: Испукајте се. Spoiler
Мм и јас кога одев во школо( во основно) тоа го правеа. Само што јас бев во одличните и сега сфаќам колку било заебано. Памтам имаше и "магарешка клупа" од 1-5. Какво убивање на желбата за учење уште од најмали нозе.
Е сега, замислите како им е на оние деца што имаат една четворка , две штом турка просек, ради некои што вештачки ги добиле петките и родителите им сс фалат на фб.