Убав продолжен викенд,убави седенки со убаво друштво,непланиран ама и прекрасен sleepover кај другарка,гатање на кафе,гледање на карти,заебанции,добра музика! Работнава недела може да почне!
Еленке мор, јас пак само переците ги сакам, рипчињата не. Треба да се замениме. И сите среќни и весели.
Зборувам на нос, дишам на уста, очите ми солзат, ушите ме болат, кивам на 36 секунди, а клепките ми тежат како Боки 13 да ми виси на нив. Куп паломи и тоалетна хартија околу мене. Оооо, како да ме удрил Бељаковски шинобус, главата ми прави ТОООНГ кога ја мрдам. Мразам кога сум ваква, никаква, како од поплава исфрлена. СДК среќен ден на независноста!
Денешниот ден е Свет ден за Македонецот. На овој важен ден за првпат во Македонската историја ние Македонците со вољата на Бога ја добивме слободната Македонска почва без војна и немири. Дали знаеме ние во што успеавме? -ние ја исполнивме вековната желба на нашите Македонци кои се бореа за обединета и самостојна Македонска земја. Сите да се сполотиме и одиме по патот за поголемо зацврстување на она што се нарекува ,,,мудроста е во умот а не во силата и агресијата,,, Нека ни е вековита независноста наша .. Нека ни е Вечно името Македонско - засекогаш Македонци
Тие што чуствувам дека вистински ме сакаат ги сакам дупло повеќе А пак колку само и мене ми се мили они кои првпат ги гледам а тие прават се за да се чуствувам убаво во нивна близина,да бидам слободна и опуштена Нема поубаво од тоа да слушнеш убави зборови за себе од луѓе на кои си им оставил убав впечаток на прв поглед Позади мене има уште еден преубав викенд,уште многу спомени и среќни моменти кои ги доживеав овие денови И вас ве сакам сите,уживајте и бидете секогаш насмеани
Си ја гушнав мојата љубов конечноо после една недела чекањее. Си заспа во мојата прегратка,го покрив и го оставив да спие бидејќи беше изморен од патот .. Сега Седам и размислувам за него,за моето семејство .. благодарна сум на Господ што ми ги додели баш мене на ова патување наречено ЖИВОТ.. само да ми ги чува и да ми бидат здрави и живи .. Се чувствувам исполнето и би сакала да ви Посакам и вас мноогу убави моменти а пред се здравје.. Пријатна Вечер и слатки сништа
Ja би да питам,ако смем да питам. Што бре кога ќе прашам некого што правиш,ми одговара со добра,ти. З?О?Ш?Т?О?
ќе праев нокти со мк знаме ама ми текна дека немам жолт лак .. ме нема во сдк 5-6 дена .. дневен извештај : куќа школо - школо куќа - фрижидер чуство : ненаспано читам: лектира , слушам: кате катерино :geek: :geek: шок на денот : за утре ми бил есејот по англиски .. i'm just here chillin' работно оваа недела , толку работно што немам ни време да твитам кај сум сдк Среќен празник на сите
Бројам во мене и вријам да не и отидам на бабата што живее во соседниот стан. Секоја вечер иста песна строго после полноќ, пее ли пее. Бар убаво да пееше. Ама ај стискам заби и си велам стара жена нема што да прави. Друго што сакам да кажам, е за форумцките работи. Оти бе толку си земате све при срце? Не може сите исто да мислиме, ако за нешто не сум се сложила со некој не значи дека го мразам, баш ќе му лајкнам мислење во друга тема доколку ми се допаѓа. Прво читам што е кажано те напишано а не кој го напишал. Не ги делам форумџиите на тапшачи по рамо и вештерки кои се осмелуваат да ми кажат дека не секогаш некој друг е крив за сопствените проблеми. И трето морам да научам да оставам да течат работите а не да планирам се до најситен детал а после сум разочарана оти не оди се по план. . We Plan, God Laughs
Мислам дека околу 2 по полноќ доаѓаат оние моменти кога overthinking problems земаат преголем замав... http://www.youtube.com/watch?v=InBiaRBUjUs лаку ноћ. М,
Најголема грешка во животов ми беше тоа што премногу внимание посветував на другите и се запоставував себе си. Работите ги планирав онака како пред се` би им одговарало на другите, а потоа мене. Ги откажував сите свои планови, желби и потреби, за да им угодам на други. И баш истите тие луѓе на крај секогаш ме заебувале. Секогаш си гледале за себе и ниту еднаш не помислиле на мене. Се прашувам до кога вака? До кога ќе бидам толку наивна? До кога ќе се приврзувам толку многу за луѓе кои не ги ни знам и на кои ништо не им значам? Откако ќе сфатам што правам, најчесто, секогаш е касно. Се лутам на самата себе што сум пропуштила толку важни работи, бидејќи буквално сум била заслепена. И повторно јас сум таа која стои на едно место и ништо не постигнала во животот, додека другите за тоа време си ги исполниле своите цели и си го живееле животот како што ним им одговара. Јас, досега својот живот го ориентирав и планирав според другите и конечно сфатив дека е време да се посветам на себе си и моите најблиски, бидејќи само тие ме ставаат пред себе и пред своите потреби. Се запишав на постдипломски. Од утре почнувам и со работа како волонтер. Ќе го живеам животот како што мене ми одговара. Нема да ги ставам потребите на другите пред моите. Сакам да постигнам нешто и да ги исполнам своите цели. Ќе направам моите да се гордеат со мене. А за се` друго има време.
СДК значи како се врти тркалото, просто да не верува човек. Јас си знаев дека ќе биде така, ќе дојде како Леси пак, ама сега веќе касно е, сега немам ни чувства ни осет за некого. За тоа и пишувам во СДК а не во Љубовни проблеми. Јас веќе немам проблем, а кој има нека му стои
Добар ден, ма дарлинг Како сте, што има? Како ви тргна неделата? Јас за разлика од другите понеделници сум прилично во good mood. Ако не го сметаме тоа што пред куќа ми е раскопано, насекаде земји, багери, песок... Тротоар се прави, не е шала. Аман, досадна станав со тротоарот. Ама ај вас да ве видам онака поспани од сабајле, да рипкате преку камења, да гледате да не ве собере багер и да не ве згази гола одејќи по страната на патот. Кошмар. Нека стават плочки веќе еднаш и мирна глава. После ќе одам да си докупам тетратки, си имам заштедено и пара. Чадорот се’ уште не ми е купен, денес ќе си го купам, најубавиот ќе си го одберам. После исто до библиотеката ќе тркнам секако, време е за нови книшки. И така ви велам, иако нема ни С од сонце, се чувствувам исполнето и ми доаѓа да излезам и да се изнатрчам. И ова чудо не ќе да е на арно. :geek: Spoiler Едит: Луѓе, ги знаете оние на Жито Лукс лебот што им е ќесето врзано со нив? Едни бели работи на кои го пишува датумот. Е денес баш онака бев накај дворот нешто и видов нешто бело во земјата. Го земав и ја видов датата. Верувале или не на него пишуваше 23.08.11 Тоа мало праченце таму стоело повеќе од 3 години Можеби вака не ви стои ништо посебно, ама јас си го земав го измив и ќе си го чувам. Замислете, некој на тоа место пред 3 три години и 17 дена го исресол чаршафот од лебот, и оттогаш тоа нешто стои таму недопрено. Причина плус за убав ден.
Среќна сум! Денес дознав нешто што ми го разубави денот. Дај Боже да испадне така! Ве частам во тоа име и за роденденот на брат ми кој му помина вчера. Убав ден на ситеее.