Задачи да повториме уште еднаш:ВОДА и ПОМОШ се дава само ако некој побара! Не може да му помогнеш на човек со сила. Не можеш да го спасиш некој ако тој не сака да биде спасен. Толку.
Дали е возможно Магистер да не знае како да смени боја на текст во документ? Не, не е кај нас дипломиран, туку баш од тој фалениот западен систем.
Она кога ќе кажат во животот ништо не ми иде, е баш ништо не ми иде, некој работи не се во моја контрола зависат од други луѓе. А знам и дел е поврзано се што ми се случи се што доживеав знам што претрпив и живеам дека ова ќе помине ќе се борам до крај само живеам со нервоза секој ден, дури и не јадам како што треба. А ништо посебно не сакам сакам само да си го вратам животот назад (фигуративно). И на крај знам што ме прави среќен малите работи дека ме прават среќен нешто од нив ги има ама и повеќето ги немам.
И така сите почнавме да се натпреваруваме која е поубава на Инстаграм, која била подалеку на одмор и која има поубава слика на стори. И никогаш не разбрав зошто некои луѓе си ги потценуваат партнерите пред другите, макар и на шала. Побогу жена, зошто стапуваш во брак кога ми кажуваш дека сакаш да го убиеш дека те лаже и те потценува дека не работиш а ти си дупло повредна од него. Па се потсмеваш на немажените. КАДЕ СЕ ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ, ЛУЃЕ? ГИ САКАМЕ НАЗАД!
Одамна сакав нови боички иако имам многу од порано. Сега имав проект за кој ми требаа, а не бев во можност да ги користам оние кои веќе ги имам и it was one of the best decisions that day Многу ретко цртам, сакам да почнам барем да бојам ама боичките многу убаво пишуваат
Јас дур чекам поприкладно време за да постирам нова тема оти ако ја објавам во 5 и пол сабајле 100% ќе флопни, а напишан ми е воведот од 4:
Сдк појма немам која е, ама браво за Кристина Ампева https://www.slobodenpecat.mk/zgolem...erkite-za-rabota-za-vreme-na-toplotniot-bran/
Раскажува еден искусен тревар како лековитите билки се најлековити ако се борат за превласт во природата и ако токму во тие најприродни услови успеат да блеснат. Дека камилица и мајчина душичка кои никнале кај што не си ги посеал, имаат многу, многу поголема потентност и лековитост од оние на плантажа засадени. И дека природата секоја година ги нуди токму оние билки кои ќе ни бидат најпотребни токму таа година.
СДК замисли си само, наместо упорно да им се чудиш на постапките и карактерот на луѓе што знаеш какви се, да престанеш да очекуваш дека одеднаш магично ќе еволуираат и ќе се променат, и замисли си само, да ги оставиш да си зборат што сакаат и да си мислат што сакаат затоа што замисли си само дека нивните коментари и мислења тебе ништо не ти менуваат у животот?! Има напорни и токсични луѓе шо немаат попаметна работа од тоа да реметат луѓе и шо не гледаат подалеку од својот нос зошто толку им е капацитетот, ама at some point, нели ќе ти се скурчи да им ја пратиш и анализираш секоја постапка зошто замисли си само, поинаку мислат од тебе, пробале да ти наметнат мислење, злобни се, глупи се, невоспитани се?! И шо дека?! Гледај ти каков си, гледај ти да бидеш паметен и добар и хуман и дружељубив и воспитан и со отворен ум. Ако сакаш, де.
Сори, ама ти како анксиозна личност треба да имаш разбирање за нив. Не е иста интеракцијата со блиска личност и онаа со непознати или луѓе кои ретко ги гледаш. Не е ни лесна.
Дали ви се случило да излезете со некоја другарка а таа не сака да се прикажува со вас пред нејзиното друштво?