Што да кажам, срамота, плитки луѓе со такви постапки ги губиш луѓето, само се откриваат какви се. Ако не си спремен некого да го прифатиш каков што е подобро тргни се.
Да. И ја баталив и поарно ми е. За што е таа со мене? Од што се срами? Прашање и одговор треба. Само отворен муабет.
Vremeto e za spienje 16 stepeni milina Za 20 minuti rekov poveke od 30 pati Morgen... rado bi go preskoknala taj del iskreno... mnogu e toa zborenje od sabajle
Сакам да кажам... Здраво на сите. Да кажам дека сум стар член кој никако не успеа да се логира со стариот акаунт и мораше да направи нов. Долго време помина. Првиот пост ми бил во 2010 (си го најдов профилот). И.. досега читав. Се изнаплакав, што од радост, што од тага. Сум си ја оставила душата тука. Не знам колку од членките што пишуваа тој период се активни, ќе пробам да се вклопам повторно. Знаете... Она чувство како кога се среќаваш со стар пријател со кого сте изгубиле комуникација, а сè уште се сакате? Епа тоа. Ви посакувам убав ден на сите.
Тие мизерните немаат его и суета. Затоа вртат и друштво околу себе, не се срамат од ништо и никого. Од друга страна, другиве тие фини џентлмени, цело време калкулираат, што би било-кога би било. Па што ако ми кажи не, што ако пишува со други, од толку овертинкинг се парализирани, буквално. И ден по ден ги губат шансите, а шанси нема бесконечно. И на крај некој таков ќе речи, еј па не можам, нека почнат девојките да прават прв чекор. И тогаш уште повеќе се закопува. Мене да ми речи некој, јас не знам како да преземам иницијатива. Чао, пријатно.
Не знаев дека еспресо + многу мраз + тоник е лекот за 44 - те степени надвор, ама драго ми е што го открив
СДК дека толку многу ми е... досадно? Ме дрма сафра, не знам зошто. Сè ме нервира, сè ми е meh, ми доаѓа да врискам, ми доаѓа да беснеам. Го изгубив спокојот и мотивацијата и сите интереси. Нема појма шо ми е, и малце сум уморна за да откријам...