Во сред центарот на градот секој трет вода да снемува и да нема со саати, епа не можам да разберам. Во село да живеев ќе имав постојано вода, и да снемав ќе отидев на чешма на сред село, барем ем ќе размрдав нозе, ем вода ќе си наполнев. Абе бог да чува.
Ништо не е завршено се додека ти треба нешто вруче да те загрее Ма јбг не е грев... бити благословен :geek: Bridget, Ти посакувам исполнет ден со многу убавини денес Уживај во мигот. Собна услуга од Озбилна Spoiler
Секогаш кога си оди некој што сакам да остане се присетувам на онаа изрека дека вистинските луѓе ќе дојдат во твојот живот и ќе останат во него. Но во мојот никако да останат Затоа и се плашам да се приврзам за луѓето, бидејќи сите заминуваат...
Секој да си гледа во сопствениот двор, а не мене да ми одредува дали и колку пари сум потрошила и да ме анализира што сум купила. Ниту некому пари должам, ниту некој е обесправен. Мој живот, мои одлуки!
Емотивната состојба најкратко можам да си ја опишам со една една реченица.Има денови кога сум добро и има денови кога се осекам како да ме погодила нуклеарна експлозија.
Сите млади денеска се жалат како едвај им остануваат пари за на море или до Охрид, а некогаш увелико фамилијарно се одело и по неколку пати на одмор, демек до толку била подобра живеачката... Епа драги мои, во тоа време немало интернет, кабловска, смартфони, крема за раце, крема за лев образ, крема за целулит, кремче за дунде, кремче за колена, солариуми, третмани за слабеење, теретани, естетска хирургија, разно разни бебешки помагала, ленти за депилација вакви, бричеви онакви... Се користел по еден шампон од литро за цела фамилија и едно сапунче. Какви креми какви бакрачи... А денес не смееш од дома да излезеш без кило шминка, пуу срамота девојка ненашминкана, а уште па да не спомнеш дека користиш и специјални скапи препарати за да ја избришеш таа шминка, ауу одма си обележан... И пак девојките не се поубави од некогаш, исти се... дури и се повеќе накази има поради извештаченоста... Е кога би се заштедело на овие работи на годишно ниво, секако дека секоја девојка би имала пари да си дозволи и луксузенакви бакрачи... А денес не смееш од дома да излезеш без кило шминка, пу срамота девојка ненашминкана, а уште па да не спомнеш дека користиш и специјални скапи препарати за да ја избришеш таа шминка, аууу одма си обележан... И пак девојките не се поубави од некогаш, исти се... дури и се повеќе накази има поради извештаченоста... Е кога би се заштедело на овие работи на годишно ниво, секако дека секоја девојка би имала пари да си дозволи и луксузен одмор алл инклузив!
Spoiler Од една страна таа што штеди на козметика ,не верувам дека ќе ги потроши парите на алл инклузив одмор.Од друга страна тие што имаат пари за таков одмор не штедат на козметика. И оди најди го правецот ако можеш.
Најчесто не верувам на онаа изрекана Денот по утрото се познава, но ако денов навистина ми биди како утрото, тогаш ме очекува ептен убав ден. Уште од сега осеќам Си станав со огромна насмевка на лицево, огромна. Не знам дали е поради тоа што видов сонце или поради сонот, ама важно среќна си станав. Потоа дојде внуката моја која е многу тажна поради моето заминување во големото село наскоро и ете ја, си влегува во соба со лаптопот мој, си се пика под кревет и вика пушти ми цртан. Си изгледавме два Том и Џери цртани, ги изгледавме сите можни верзии на "The wheels on the bus goes round and round" и после како по обичај повторно дојдоа на ред и детските песнички. Одамна ги немав слушнато. "Никола Никола", "Ах тој Тоше" , "Рингишпил" , "Мамина маза" , "Боби баш ми е гајле" и така натаму. Слободно можам да кажам дека со овие песнички пораснав и убаво беше да се навратам на тие сеќавања. Па дури и со внукучката моја кореографии си смислувавме, си игравме, пеевме, се досега. Дури открив и една нова песничка, "Јаболче и крувче" која ми влезе во главата и не излегува, еве и сега си ја пеам, кој не ми верува нека си ја пушти Абе ја сакам и тоа премногу, душа моја малецка Сега ние одиме да го искористиме сонцево максимално, а вие девојки и момци, имајте прекрасен ден. Поздрав
Кои се овие луѓе што се затрескуваат по поезијата и јадат нешто што не треба на повеќе страни. Кој е овој Лешовски што од неговото прво гледање на јутуб ми идеше да блуам насекаде. Не се разбирам од нешто не излегувам во јавност да дрндам дека знам нешто од тоа нешто. Каде отиде оваа наша мала чудесна земја а ?
овоа му доаѓа како што е постаро јајцето или кокошката или како вчерашната дискусија за парите и среќата нејсе сакав да кажам да точно дека кој оди на алл инклузив може да си дозволи и скапа козметика, а кој нема за пудра од оние брзосмртките од малена нема ни за лежалка во охрид, ама поентата на текстот беше дека премногу се дава значење на шминката, се прикажува лажен сјај, од последниот денар се купува пудра од 1000ка наместо една од 500 па со остатокот ќе можеш да си приуштиш 1 ден одмор(од 5 вакви глупости да скратиш ќеимаш за добар 5 дневен одмор), ама не се купува пудра од 1000ка за да се прикаже дека се има.
Многу сум буквалиста Бе! Кај има одмор 1 дн за 500-че? Епа сеа за нормални школарци, за нормално вработени нема одмор да си знаете, чунки септември е. И ова да ви кажам ова децава не се нормални, сите личат на кинески кукли, ама не е до децата до родителите ќе да е. Баш тие родители што се инклузиваат имаат такви деца. А и не е така лошо децава да видат нешто повеќе додека родителите ги издржуваат, оти после за леб ќе просат од неспособност. Ај се расприкажав побааѓи.
Јас одам на алл, не секогаш, ама понекогаш. Или со платен полупансион во хотел. Ама за шминка годишно повеќе од 1000 денари не трошам. Не купувам ајфон од 500 евра, туку трошам за одмори. Секој си има приоритети, на некоја и е физичката убавина, на некоја и се патувањата. И нема ништо лошо во ниедно од тие и не треба да се осудува кој за што троши сопствени пари. Се додека не ти се качи на глава дека нема пари, и кука, а троши ко будала.Ама тогаш не се пишува на форум, туку у лице и се вика на таквата - не знаеш да ракуваш со пари. И крај.
не си буквалист само ја тупиш мајкеми еј Кај има одмор 1 дн за 500-че - у грција има еднодневно за 500че ако веќе ја тупиме до крај иначе убав практичен пример пишала Ска- ете тоа е поентаат
СДК Орелски крилја как да си метнам и в туѓи стрни да си прелетнам... Жими се тоа е она што ми се мота низ глава цело време. Поим немам што уште барам во ова државиче помочкано. Како не ме пуштил чичко штрк некаде подалеку. И бај д веј ме прашува дечко ми што сакам да бидам кога ќе пораснам. Ајкула велам. Најубаво им е. Нема секирација, живот на нивоу. Ем прошетани, ем најадени, ем сите им се плашат. А и башка тоа секако сите ми велат дека сум лоша таква никаква. Барем вака МОРСКА кучка, нема ко овие овде да чекаш некој ментално уназаден да ти фрли корка леб. Гледаш каков план? И се загрижи човекот да не нешто сум се подшекнала, па вика е ако бе срце битно е да се има желба за нешто. Секако мене сите желби во мајчината ми отидоа. Т.е ми биле отидени уште кога сум се родила овде, само не бев свесна толку до сега. А сега со секое потпуцнување, да не речам кошкање , од страна на господата во пингвин костум највнимателно избран, а иако без вкус. Толку им е можноста не се ни тие криви. СДК2 Пак во склоп на темава, група на штотуку вратени од Австралија не убедуваа дека нам животот тука ни цвета. Леле шубо ни било. А што си барал у три лепе кога нам ни е убаво. И плус: Ај се смениме сакаш?