Убаво утринско кафе, во обид да заборавам на вчерашниот нервен слом на колешката си ги испружив нозете на брачниот кревет, уште ненаместен и си скролав по интернет, безвеза рандом утрински вести, ги игнорирав најдојдените измешани емоции на гнев и забрзана перисталтика. Ете ја, ми се јави пак ! Има денови кога сум нетолерантна кон нејзинот дефицит на секс кој резултира со насобрана фрустрација за сите пари. Искрено и немам баш многу пријателки во животот од таа причина. Жените премногу драматизираат, преувеличуваат за мој вкус. И се трудат да го расипат твојот ден, да го трујат доброто расположение со нивните измислени, нашла ми се маана глупости. Ми успева да останам имуна на стрес, со тешки напори успевам да се фокусирам на правењето ништо по цел ден без да ми лутаат мислите натаму, накај лошото.
Некогаш се осеќам како голема темна сенка да ме зграпчува за јаката од блузата и да ме влече со себе,а јас не давам отпор. Ме носи и тегне,ми ја распарталува уредно закопчаната кошула на примерна личност и прави да станам дивјак што се бори за себе. Ноктите ми се полни земја од обидите да останам на местото на кое што сум и да не паднам подолу. Само искачувањето нагоре е умерено,а на слободниот пат дното не му се гледа. Ако ви треба некој на модна писта да носи маски на себе,само јавете ми се. Најдобро ми лежат оние што прават да им се допаднам на луѓето околу и да им всадам спокој и смиреност,што најмалку ги носам во себе. Од секогаш непостојаноста ме носеше напред кон нови предизвици,сега ме носи назад и длабоко. На место каде што немам познати.
Луѓе!!! Фативме со дечко ми на спортска. Првпат уплаќаме. Седеме, и што ќе праваме... ајде му го зедовме билтенот на брат му. Така колку да се рече нешто дека пишуваш, а ако ние си немаме врска како одат тие работи. Му рековме да ми каже ако фанеме, и денеска ни се јавува дека сме фатиле. Која среќа е ова за мене. И да не речете дека само сакам да се пофалам, сакам моите феминки специјално да ги почастам.
Како резултат на брзиот и полн со обврски, гужви и гости - понеделник, вчера имав ужасен ден, 100 кафиња не помогнаа. Ама денес сум се разбудила така наспана, имав време утрово на мир на тераса кафенце да испијам, си ги исполнив утринските обврски, имам уште по некоја, но ја оставам за нешто покасно. Се чувствувам исполнето, креативно и спокојно. Плус, опкружена со луѓенцата кои ми изнудуваат по некоја насмевка секојдневно, исполнета со љубов, се топам и уживам. Среда - среќен ден.
Зборот Клиент треба да се забрани да се употребува. Е така де... Кога го слушам на некои места ме асоцира на бордел. Чекај Озбилна оваа во борделов да заврши со клиентот Е ај јас како странка имам слободно време и ќе почекам да заврши клиентот со мрсните вицеви Ма носисе и ти и клиентот земи го дома па мрсете што ќе мрсите... Те плаќаат да работиш а не да се палиш и кезиш ко највеча будала. Е сум била дрска, е не ќе ти се поклонувам...
Можеби ти не ми веруваш мене и ја оправдуваш бидејќи ти е мајка. Но, не е безгрешна, знаеш и самата. И да ме сметаш мене за ужасно суштество, јас само ти ја кажав вистината за да и` кажеш на неа дека е подмолна личност. Се` што гледа околу себе е насмеани лица, но тоа не е реалноста. Чао, пријатно.
Кога беше средина на летото плачевме за во школо, досадно ни било дома. Оди сеа крени глава од учење да те видам. :geek:
Кога се запознавме му кажав дека една од неоставарените желби ми е бакнеж во лифт 4 години подоцна, после огромен период на разделба, на мое огромно изненадување желбата ми беше остварена и како после да не го сакам, како да немам разбирање, како да не се борим против сите, за него, за нашата љубов! и да, тоа беше најубавот бакнеж што некогаш сум го доживеала Spoiler
Увек кога сум тажна си пеам балади од Мараја, Селин, Агилера, Каролина.. да се испуцам и расположам. На крајот секогаш испаѓа дека мојот глас е полош од моите проблеми.
ја затоа идам на овие балканско-кафанските веруј нема мн разлика у талент( земајќи го впредвид фактот дека сум антиталент)
Изреката - Пријателот во невоља се познава, како да не важи за мене. Низ тешките периоди таа беше тука за мене и јас за неа, заедно се тешевме.... А на секој нејзин успех се радував како да е мој.. Дојде ден да со нетрепение чекав да и кажам за една работа за која долго се борев и конечно вроди со успех а нели споделената радост е поголема. Хм не било така, од другата страна добив зелени очи и саркастични коментари Завидливоста ќе ве изеде бре. Луѓето кога ти е лошо се тешат со тебе а успехот не можат да го простат и поднесат.
Нема враќање назад, а не ни сакам да се вратам. Започнав да се менувам, и ќе се променам. Полека, но сигурно. Имајте пријатна вечер, уживајте.
Каква италијанска, кинеска, мексиканска кујна, од нашите специјалитети бре нема ништо повкусно! Никогаш не би го заменила месениот зелник за шпагети и паста, или печената пастрмка за суши. Па и уште кога сé е убаво зготвено со мерак и се топи во уста, ти се чини рајот го вкусуваш Салата и жолта лозова за живели, па после си мацнуваш со лепчето испечено под вршник Си седиш и мезиш на чардак, во позадина народна музика, а околу тебе странци. Те прашуваат што би им препорачал од нашава кујна, а ти отвораш мени и самиот не знаеш што попрво да порачаш. Изминативе неколку дена ги поминав во мириси, вкусови и звуци на нашава традиција. Многу ми е убава источна Македонија, штета што ретко шетам натаму. А има толку многу што да се види и доживее. Возиш низ ридови и долини, ги пушташ сите грижи и немири и уживаш во полиња сончогледови
Почнав да си учам :geek: И среќничка сум си бе,си седнав,си научив,си станав,си заборавив се што си прочитав (сосема неважен детал кој е последица од презабавното зјапање во ѕид кое го правам секогаш кога имам некоја важна работа) Школово е незаменливо бе. Толку дружења,глупости,пеење на рекламата за Шурчек пред тестови.. Кога ќе помислам дека само уште една година имам од средново,ми се плаче ко магарица!
...исто така и колешке не знам зошто но кога некој професор или професорка ќе ми речел колешке од каде ние колеги? Исто така и со другарка што се дружиме 10 години ме викаше колешка еднаш и реков веќе ниеднаш. Колега дефинитивно треба да се забрани да се употребува.