И те како, сите барем еднаш сме биле сведок на такво нешто. Фаќање врски со професори, наставници, па директори па свашта. И како таа добиена 5ка ќе се пофали со знаење? Никако
Ќе и излезе, дај боже да и излези , ама како ќе се снајде таа, кога никад не е видела како се плаќат сметки, како се вадат картички од банка и како се користат, да не зборам па за нешто по судови или слично. Затоа викам дека тешко е да се снајдеш ако не ги знаеш правилата на џунглата во која се наоѓаш.
Она и се сити, нели приметуваш. И биле љубоморни и сега замисли на 27 години седи дома Кога ќе најде работа според оценките во иднина ќе викаат "партиски ја вработија" и пак ќе и го поткопаат успехот
Па искрено родителите повеќе се потресуваат за оценките на детето. Ко ќд видиш од тоа дека за 5ка му купуваат ајфон, за петка, на 13 годишно дете! Мислам одма ќе е јасно за шо станува збор. Самите родители си ги прават паразити децата. Ги учат на мама меси тато носи од градинка до факс, па и на работа одат со врски... И после се жалат за неспособни генерации, епа неспособни
Ej pa sea na drugarkata na majjata deteto odlicno tvoeto ne i use da ne stavis sveditelstvo na facebook aj te molam
Писмено, образовано и успешно дете не е за потценување. За пофалба е секако да се имаат високи оценки. Што е за дете уствари амбиција и желба за успех ако не учење и оценки? Деца немаат врска со политика ниту знаат што ги чека понатаму во животот, работа на детето е да учи. Ако има амбиција, ако сака да е успешно, ќе се труди во училиште. Што знам, јас кога одев на училиште не си размислував дека нема да ми треба во животот она што го учам. Добро, освен некои математички задачи. Ама ги учев оти тоа беше она што за мене значеше успех во тој период. Дете треба да се поттикнува да учи и да напредува во образованието, а не да му се рече остај учење, битно да се снаоѓаш и да имаш врски. Точно е дека успешен може да биде и оној што е снаодлив иако не бил многу по учењето, не само оној што бил со сите 5ки, но не за џабе на факултети за прием се гледа успехот претходно. И апсолутно не е залудно образованието, некој да е со највисок просек а да нема снаодливост во животот, пак не е залудно, оти образованието си е една работа, живот и социјални вештини се друга.
Даа тоа не смее да се прескокне. А да не спомнуваме за тоа шо детето е запишано на 6 спортови, и е растргнато нема време за во вц шо се вика. Битно мамичка да го слика и на фб да го клај, со натпис ГОРДОС НА МАМА... Ова го прават родители кои не успеале во она што го сакале, па по секоја цена го форсираат и малтретираат своето дете