Скроз. Нема споредба, иако да, вознемируваат и тие ама таму може некој се бори за живот или полицијата брка некој, тоа работа им е, не го праат од ќејф, а овие идиотиве си дивеат по улиците и ич не им чуе. Исто и дискотеките, добро шо поретко сеа више галамат до ниедно време, значи да не може човек да одмори на раат, секој сака да се забавува и убаво да си помине ама не е во ред на друг да им го реметат мирот. Тие пак шо се враќаат од искачање и вриштат по улици ко мрднати се посебна приказна. Абе осет да се немало бе, па и ние млади сме биле и уште сме зашо вака не праиме? Или и нашево не е у ред?
Zhalno e...kolku, nekoi devojki izbrzuvaat so mazhenje...za posle nekolku godini da ostanat sami, pak...Shteta.
Оној момент кога на враќање од работа во 12 навечер доаѓа кај тебе во маало да те види и ти купил сендвич со најубавите ќебапи во цело Скопје да си гнетете заедно додека се смеете за глупости тивко да не разбудите комшии, едноставно hits different
Јас знам успешни без средно образование. На фб им пишува "Manager at CEO", "so tetinmi bunari kopame" и "ne rabotam mi rastat na drvo parite".
Кога ми паѓа мотивацијата почнувам со правење планови за следниот период. Па така и сега, таман и време е за пишување планови и цели за септември. Некогаш би сакала да одам во иднината и да се прашам себе си: Кои се 10те најважни работи што би сакала да ги правеше во дваесеттите, а не ги направи? Ама изгледа ќе чекам уште некое време за да дознаам за што ќе се каам.
Оф, не можам а да не коментирам, хаха. Не се тие толку опасни, мислам смешно е и припросто. Опасни лажговци се овие на LinkedIn кои се co-founders и не знам какви се не титули редат таму. Не дај боже да им стапниш во ф и р м а т а. Оти ќе откриеш дека ем се нерегистрирани, ем ти нема да бидиш, а ако одиш со такси, таксистот нема да ја најди фирмата иако е точна адресата, оти немаат ни знак поставено на спратот од куќата, добро ако е куќа, полошо е ако се набутани во некој стан. Бизнис претприемништво.
Па не може сите да бидеме успешни програмери со курс или бизнисмени на х професија. Мора да има и доктори, научници, архитекти, за кои е потребно соодветно образование. А за да се стекнеш со тоа образование секако дека се важни и оценките од средно. Прво, затоа што се гледа просек за запишување на факултет и второ, сепак се показател за некаква амбиција и труд на личността и дека истата има капацитет да го совлада тоа што се бара од него. Секако дека не сметам дека сите петки се реално, зошто реално, ретко која личност е толку добра во се, ама ете, да не нарушат просек и ако гледат дека се трудиш, ти е како награда за трудот. Нема да очекувам од моето дете да носи само петки дома, ама исто така нема да го учам дека поуспешен се станува без факучтет. За мене образованието има голема вредност, и не се проценува само со успех и пари.
Среда во Синеплекс картите на кино од 120 нагоре. Купив две онлајн за невозможна мисија во 21.30 па ако не најдам некој заинтересиран да дојде со мене на едното седиште ќе си го ставам ранецот до мене да ми седи Порано имаа повеќе вакви акции во среда за поефтини карти, не знам што претеруваат со цени од 360
Важно е пари да се праваат. Ни образовние ни дипломи не се битни а уште помалку знак на куќата. Барем тоа ми е логиката. Ако ОК се живее не е битно формалното образовние. Селски е да се трча по дипломи.
Јас имам тон дипломи и мислам дека згрешив. Т.е. не требаше да ги слушам моите да студирам. Ама што очекуваш од бумери со паметно и мирно дете.
Да, а не е селски да пишуваш незнам Немој никогаш да се каеш за вложеното време во едукација, никогаш не е залудно, остај оценките и дипломите, мислам на апсорбираното знаење што останува во тебе.
Не е така ко што тврди тој. Преку квалитетно образование се учат не само училишните предмети, туку тоа има и воспитна, едукативна функција... Учиме за да се здобиеме со знаење кое еден ден ќе ни послужи да продонесуваме во општеството, учиме да бидеме подобри луѓе, луѓе со почит кон другите, околината, животните. Токму образованието е столб на прогресот во развиените земји.